Да, па не е за секој ден, ама за посебни прилики да изгледаш шик хаха ако веќе се увежбаш со техниката
Сакам да пробам и сакам да ми кажете тие што се разбираат во ова Што се треба да си купам за да постигнам контурирање.
Мат бронзер, хајлајтер, коректор и руменило.. И четка, се резбира. Многу е полесно со вакви произвори, отколку со кремасти, како коректор, бидејќи поубаво се мешаат нијансите (но на кого како му е полесно). Имаш многу голем избор на видеа на јутуб, само напиши contouring and highlighting. Мене ова ми се допаѓа. http://youtu.be/W3Kh9rdO-_E
Јас би те советувала да не фрлаш многу пари за производи со ваква намена затоа што и со многу поедноставни и поефтини производи можеш да постигнеш убав ефект. Најефтино и најефикасно е да купиш два коректори во стик, едниот нека биде нијанса две посветол од твојата кожа, а другиот нека биде најтемен. Како за пример обично по 4-5 нијанси на коректори има кај нас, би било најдобро да ги земеш најсветлата и најтемната нијанса. Имаш на Есенс, Голден Роуз, Аура со цени до кај 150 денари, сега ако сакаш и нешто поскапо можеш да најдеш од Макс Фактор, менхетн и Буржа од 400 денари па нагоре. Со стик коретори мене ми е најлесно да го постигнам контурирањето, прво нанесувам пудра потоа ставам од светлиот коректор под очите, меѓу веѓите, брадата и над усните, а од темниот коректор нанесувам под јаболчниците кои воопшто не ми се стикнати ама секогаш тоа терба да е веднаш под коската. Од светлиот коректор можеш да нанесеш и над и под коската. После тоа сето тоа го размачувам дел со четка за течна пудра дел со прсти. Ако несакаш да користиш два коректори друга лесна варијанта ти е да пробаш со светол коректор и со мат бронзер, ама за тоа ќе ти треба специјална закосена четка за контурирање. За мат бронзер незнам да ти препорачам, јас го имам користено само на Герлан Теракота.
Знам дека сенките не се убави, ама ова ми привлече внимание. Затоа сакав пред да го купам да видам мислења доколку некоја го има користено.
оф-топик е ама подобро е да си прашам, подобро контурирањето да се направи пред да се стави пудра или после пудрата?
а со што е подобро да ги нансувам коректорите? пробав со прсти ама ми се познаваше ги земав овие коректори
Од видеата на јутуб што сум ги гледала користат ваква четка (таа помалата), само не знам каде можеш да најдеш, али сигурно ќе пише некоја феминка што повеќе знае. http://10ambeauty.com/wp-content/uploads/2012/08/IMG_22501.jpg
Четки можеш да си купиш од места каде што се продаваат шминки или од некоја парфимерија, може од Авон или Орифлејм да порачаш.
Јас ја имам поголемата четка ,доаѓа во сет од 4 четки.Оваа четка пресуди за да го купам сетот омилена ми е .Незнам дали може да се користи со течни -крем бронзери , јас ја користам само со камени бронзери и сум презадоволна од ефектот .Баш ќе пробам да нанесам крем коректор со четкава . .Розевава четка исто така ја има на ајхерб , 8 долари е.Наменета е за ставање камена пудра под очи, а и добра е за контурирање , само малце што е помала од другава.
Зависи од тоа какви продукти ќе одбереш за контурирање. Кремастите се нанесуваат после течна пудра и се мешаат. Прашкастите, според мене, најдобро се нанесуваат после камена пудра.