Зимава ја користам минералната компактна пудра од S.he 002 наместо бронзер бидејќи е мат и нијансата ми е погодена бидејќи нема портокалов подтон. А и доста е евтина, ја начекав на попуст околу 160 ден. Во лето ќе си се вратам на класичниот бронзер.
Девојки го има некоја од вас пробано овој сет за контурирање? Јас одамна се мислам да го порачам ама се нешто ме кочи...Од алиекспрес е и некако не ми е сигурно вакви кинески непроверени нешта да ставам...Да не ми направи некој проблем на лицето, ама ај си велам да чујам мислење од некој друг.И...задоволни има?
@Salome, овие „коректори“ се буквално како ќе ти се погоди на среќа. Според мене, многу тешко се контурира со нив затоа што не се кремасти туку баш тврди со мат финиш. Немаат иста структура како коректорите во стик на пример. На страна штетните состојки, тоа го има малтене кај сите производи, ама јас едноставно не би ги нарачала, затоа што покрај она кое ти го кажав погоре, станува збор и за премногу мала грамажа. Подобро купи си бронзер или некој потемен + посветол коректор во стик и ќе имаш илјада пати подобри материјали за контурирање.
Фала ти Мишела за убавото објаснување. Сега сум уште во потрага ама мислам дека за хајлајт ќе го купам коректорот на Мислин, гледам многу девојки го фалат тука, а бронзер имам...Ќе видам не ми е итно...Сепак фала ти.
Јас ја користам палетава за контурирање. Мала грамажа се да ама сигурно нема да го контурираш лицето секој ден. А и безразлика тоа. Со четката само еднаш поминувам и има доволно да нанесам на лице. А за тврдоста. Тврди се да ама јас прво ги загревам со прст да се омекни и тогаш баш станува кремасто и убаво и се нанесува и се блендира
Можеби нема да истакнуваш контури секој ден, но факт е дека пола од нијансите се неупотребливи. Колку и да е евтина палетата, јас порадо би си обезбедила соодветни продукти кои ќе ми одговараат и кои ќе ги потрошам до крај.
Јас ја порачав палетава за некои 150 денари со попустот кога беше, чисто колку да се вежбам за потемно/посветло и да си ги погодам нијансите што ми требаат. Абе жив циркуз е, кинеска работа. Кога стаса замотана, замотана, однадвор, одвнатре, облепена, ене уште мака мачам да ги доодлепам тоа заштитните фолии, залепени се врз коректорите, ако повлечам, отиде коректорот сосе фолијата. Може пренесува скриена порака, не се контурирај, не се шлакај, остави ме мори, пак чепкаш кај што не треба, не е тоа за тебе, не шетај како сунчана сред зима итн. Не да сум скептик, ептен сум скептик, некој ми спомна се нафрлал баш кај што контурирал... Да ја доодлепам па ќе пишам импресии, во најлош случај сестра ми ќе и го најде крајот врз цртежи, какви сенчани дрвја можат да испаднат, ехе.
@Doozy, знаеш како ми се најде за прикажување длабочина на простор низ перспективи? Поубаво и од акварел. Најсериозно, мене не ми се допадна. Не се нафрлав, ама не се квалитетни, имаат лоша структура и не се блендаат како што треба. Поквалитетна ми испадна пудрата во стик на Голден Роуз, а во крајна ситуација, секогаш пали трикот со посветол и потемен течен коректор. И асални четки, за успешно блендање и добивање природен ефект.
Јас лично не преферирам вакви големи палети бидејќи пола секогаш ми остануваат неискористени, истото и за сенки. Реално нема шанси да ти се погодат сите, па затоа подобро еден хајлајтер и еден бронзер или потемна камена пудра и решен проблем. А и подобро се мешаат.
Каде можам да најдам бронзер (немаме мислам посебен збор во речникот за ова што го барам) што има кафено-сива боја, не многу темна. http://4.bp.blogspot.com/-ZmZK9DzAJ...owder Blush - Contour Powder - Review (3).JPG Причината поради која барам нешто такво е тука http://nuralaynbeauty.com/2014/10/23/bronzer-vs-contour-powder/ https://www.youtube.com/channel/UCGqFKx7-wVwMDmaku1unkBQ Гледајќи ги видеата на типов сфатив дека за контурирање е многу подобро да се користи бронзер со сив подтон со цел да се креира сенка. За жал кај нас не сум сретнала нешто вакво, сие се со портокалов или розев подтон, па ако некоја ме просветли ќе бидам пресреќна.
до сега немам контирано лице ајде сега вие поискусните да ми кажете точно што треба да одам да купам да за да почнам...коректор бронзер...гледав туториали ставаат темни светли нијанси коректори ли се тие што се палети како сенки кои се подобри ....па поучете ме даа тркнам до град имам и специфично лице можи даа бидат и поквалитетни произзводи како на mac позз
@a.nuska Контурирање со коректори изгледа тешко на лицето бидејжи се погусти од пудрата. Потребна ти е течна пудра која ќе нанесеш на целото лице, коректор една нијанса посветол и бронзер. За уште повпечатливо можеш да купиш и хајлајтер (тој на Аура е ептен фален тука). Би ти препорачала да го гледаш типов кој е професионален шминкер и многу убаво го објаснува целиот процес и какви нијанси да се купуваат. Jordan Liberty
Јас контури правам со коректорите во стик на Голден Роуз (2 и 7) и бронзер од Аура. Многу лесно оди, плус лицето ќе ви биде како штотуку да сте се вратиле од професионален шминкер,прекриваат секаква несовршеност. Малку се дебели стиковите, па затоа користам четка за пудра, а блендирам со сунгерче. Постапкава дефинитивно не е за секој ден, јас контурирам за некои посвечени прилики,но предобро изгледа,барем мене секогаш совршено ми излегува. За почетници, јас би ве советувала да почнете со основно контурирање, две бои, околу цело лице, носот и под образите. Откако добро ќе го усовршите блендирањето, можете да експериментирате со техники и бои за да видете што најдобро одговара на вашето лице.
Зошто барате коректори за контури не ве разбирам? Контури се прават со пан стикови кои се наменети за тоа, не фрлајте пари на палети со коректори од кои нема да искористите ни пола од нијансите. Имате пан стикови во Голден Роус, Макс Фактор или земете си професионални од Криолајн. Има две постапки на нанесување и блендирање на истите, а подобра и поприродна варијанта ви е да си правите контури со камени пудри.
Коректорите во стик имаат многу погуста структура и освен тоа што нема да изгледаат толку добро како со камена пудра, бронзер и слично, туку и ќе ви го исушат лицето до степен што потоа цел живот ќе се каете. Подобро пронајдете си ги вистинските нијанси, а со оглед на тоа што македонскиот пазар нема избор, од производите што ги има, ова би било потребно: Вистинска нијанса на бронзер (ако е без светки може да се користи и за контурирање, особено заради тоа што повеќето од девојќите се со светол тен) кој почесто се користи во лето (иако тоа воопшто не е важно), за контурирање земете камена пудра неколку нијанси потемна од вашиот тен, ако ви е потребен за нагласување обезбедете си хајлајтер и тоа е тоа.
Незнаев каде да прашам, па ајде тука... Дали некој ќе може да ми разјасни што е разликата меѓу хајлајтер, бронзер и руж.