Како што разгледував, овде на располагање има само бронзери кои нанесени на лице изгледаат премногу портокалово. Дури и потемните камени пудри изгледаат портокалови. Мене не ми пречи да се портокалови но барем да се потемни, но таква опција речиси и да не се наоѓа, а таква опција па и со попристапна цена и да не муабетиме - воопшто нема. Не ми се купува нешто поскапо што потоа нема воопшто да го користам (зошто веќе имам неколку такви „бронзери“ кои повеќе личат на руменила). На ова кога ќе се додаде и тоа што повеќето имаат побел/поблед тен, опции не постојат. Единствена излегува да се бараат сенки за очи што со оглед на количината, ако се користат за контурирање би се трошеле една на еден месец. Но ако некој знае таква опција па дури и да е сенка (освен онаа на Essence), нека сподели.
Моја препорака е да пробаш тестер од Rimmel Natural Waterproof Bronzer Powder има многу голем избор на нијанси а цената смешна некаде се наоѓа и за помалку од 300 денари а пакувањето е големо +мат се сите нијанси и се ладен тон (не се портокалови воопшто). Јас го имам во нијанса Sun Light 021, еве веќе цело лето го користам и многу сум задоволна. П.С. Внимавај да не го помешаш со другиот бронзер на Rimmel бидејќи се многу слични на изглед и име. (Како на сликава)
Пробај го сетот за контурирање од Makeup Revolution. Јас го имам и многу сум задоволна затоа што го платив многу евтино и ич не мава на порокалево, и имаш и со потемни нијанси. Јас го имам посветлото а другарками потемното и многу сме задоволни. За овие ти зборувам:
За кремави контури каква четка е најдобро да се користи или пак сунѓерче?? И дали некој има искуство со контурите на golden rose или catrice?
Јас користам Catrice, задоволна сум, нанесувам со четка а потоа со сунѓерче обавезно изедначувам. Некако во навика ми премина само се контурирам (ама не ставам премногу).
сум пробала премногу контури и хајлајтери, ама на крај си завршив работа со сенки... имам многу неутрални сенки и за контури си користам една што е одприлика три-четири нијанси потемна од мојата кожа, и многу природно изгледа хајлајтер ми е најдобар оној од L'Oreal Glam Bronze (нијанса 101), што оди во комплет со бронзер
Од ДМ го земав не сум сигурна дали сеуште го имаат ама мислам дека го има и во триото од Кејт Мос (хајлајтер, бронзер и руменило)
Палетава дефинитивно. Или новата на Голден Роуз предобра е, од кога ја имам непрекинато ја користам. Има мат хајлајтер, бронзер и предобра нијанса за контурирање.
Ако може споредба помеѓу бронзерот на Ингрид и Мејкап револушн палетата? Некако тој на Ингрид ми изгледа портокалово на мојот тен. Јас доста користам бронзер, па страв ми е дека брзо ќе го потрошам овој. А хајлајтер не користам, па не знам колку ќе ми се исплати. Некој совет?
Земи ја на Голден Роуз палетата за контурирање имаш бронзер плус посебна ладна нијанса за контурирање и хајлајт мат нијанса. Цена 290 ден, а презадоволна сум. И тој од Револушн е супер ама дека не користиш хајлајтер ни руменило оваа пд Голден Роуз супер ке ти биде.
јас го контурирам лицето со коректори од Golden Rose. едниот најсветла нијанса а другиот потемна од бојата на кожата. но не сум многу задоволна, мислам дека е подобро да се употребува посебен сет за контурирање
Јас имам доста светол тен па за контури користам само бронзер. Во моментов ги користам бронзерите на Аура и сум презадоволна од нив.