Малку сум нова на форумат, но сепак морам да споделам едно мислење. Ова со контурирањето кај нас е претерано....... Поентата на контурите е да се сокријан несовршеностите а да се истакнат добрите делпови. Доколку се прави погрешно наместо здраво да изгледате можете да добиета спротивен ефект и се да изгледа катастрофа. Затоа според мене ако немате некое искуство во врска со формите на лицето или подтоновите на вашата кожа, најдобро е со малку бронзер да се истакнат образите ( внимавајте на нијансата и квалитетот) или пак малку руменило за секојдневен иглед. Уште една работа, овие видеата на youtube може да ги стави кој сака, не значи дека секое е правилно. Мој совет е да прашате професионален шминкер каде што некогаш сте се шминкале, ке ви даде совет за брзо и лесно нанесување на бронзер и руменило во зависност од типот на кожа и формата на лице. Не споменав претходно јас сум професионален шминкер и имам вложено многу труд, читање, анализи и да не кажам пари.. хахаха....... Сакав само да напоменам дека сите клиенти кои ме прашуваат а совет или сл. со задовлство им покажувам како сето тоа треба да се прави, нормално во зависност од тоа колку можат да си дозволат за добри производи, но незначи и дека се што е скапо е најубаво, и кај нас можат да се најдат одлични производи по пристапни цени. ЈАс всушност им покажувам техники кои според мене најлесно можат да ги совладаат за да изгледаат убаво. Ако не сакаат да ви кажат совет за мене не се професионалци, не значи ако ви каже како да нанесете бронзер дека ке и ја превземите работата...... ( како што е воопштено кај нас, сите себични и не споделуваат), секоја чест на исклучоците........ Крајно мислење....... не пробувајте се што ке слушнете и видите...... прво косултирајте се со некој што знае....сепак сите сакаме да изгледаме прво ке рецам здраво и sexy....
Flormar BRONZING POWDER, мат е и бојата е неутрална така да е погодна за контурирање. Исто ова на Римел е добра мислам дека е 540 ден, ама добиваш и руменило и highlighter. Број 5 е мислам најдобар затоа што има неутрална нијанса. За контури со течни производи може да користиш било која пудра во 2-3 нијанси потемна од онаа што нормално ја користиш, Исто така Можеш да користиш и камена пудра во 3-4 нијанси потемна од нормалната, само да е со сооl подтон, што значи да е повеќе на сиво, да не е топол тон односно на кафеаво. Мислам дека објаснив најдобро што можев.
@ванилала може ли да се умешам во муабетот Пробај го на nyx taupe руменилото би требало да го имаат во александар к, тоа е единствениот мат бронзер со ладен подтон досега што го имам најдено по продавнициве
@ванилала јас па викав нешто да не го донеле јас моето го порачав од ebay , ја имав и сенката на есенс од линијата nude, ама незнам дали ги има сеупте овие сенки некаде
ЈАс го користам овај бронзер, ама го нема да се купи кај нас, може да се нарача, инаку како што реков погоре на флормар бронзерот е со ладен подтон. На клиенти користам М.А.С . Од она што може кај нас да се купи мислам дека овај на флормар е еден од подобрите. Инаку од течните пудри во потемни нијанси тешко е да се најде со ладен подтон Од светлите за мене лично ја користам на Боржуа N52 Light beige. Најдобро е да има ознака N. И онаа на Римел true ivory е солидна. Исто заборавив да го спомнам pan stick max factor 25, 56 и 96. можат да се користат за контурирање как темни крем производи.
Предлог за кремаст коректор со бројче добар за контурирање? Моментално го користам бронзерот на Ингрид, али на слики воопшто не се забележува. Па мислев ако под него користам кремаст би изгледало подобро за навечер. А и сега преку зима кога ми е посува кожата мислам дека и за секој ден повеќе би ми одговарало со кремаст.
Девојки да ве прашам нешто. Во ДМ има палета на essence по пристапна цена од 239 ден. На неа има 5 бои за контурирање од кои едната е светло зелена,светло жолта,светло розе и една потемна и една посветла нијанса на кафена. Дали ја имате користено и колку сте задоволни? Исто да ве прашам за што се користи светло зелената и светло жолтата? Фалаа
Јас кажав и порано, веќе некое време ја користам стик-пудрата на Голден Роуз за таа намена. За хајлајт нијанса 01, за секој ден кога ме мрзи да ставам пудра и како коректор стандарден си ја користам 02 и 04 за контури. Одлична е, многу кремаста, изгледа многу природно на лице, а има и одлична прекривна моќ. Контурите не мрдаат додека не употребиш средство за вадење шминка.
Моите ги купив летоска, секое по 180 денари. Би требало да не се повеќе од 200-250 денари, ако евентуално поскапеле.
Дали некој видел дали ја има во ДМ/Космо палетава за контурирање од Aura? Или да ми препорача нешто слично ?