Презадоволна сум од стикот за контурирање на ГР. Отидов да го купам по препорака од тука, всушност пудра во форма на стик во потемна нијанса. Таму имаа една нова нијанса баш за таа намена и ептен ми се погоди, доста е кремаст и лесно се размачкува дури и со прсти. Цената е 190 ден.
@ванилала Овие се стикчињата. Од најсветла до најтемна нијанса ги има. Јас ја купив 01, и не ми се погоди баш, или па не ја користев како што треба, но многу мрсни ми се некако и ми свети лицето од нив ко лампион, башка и после два саата максимум немав ништо на лицето. Јас го ставам на делот кај што се спојува лицето со вратот за да ја осветлам нијансата на пудрата и да не ми биде темна спрема вратот и за оваа намена е супер.
09 е, сликата ја ставиле веќе. Можеби не одговара за хајлајт кај некои, но тогаш се става на друго место каде најчесто светнуваме. Иако зимава и тоа ќе го пробам. Инаку се мат, само што се кремасти.
Е баш ми е мило, да знаеш! Имаат и хајлатери во стик, мислам дека се 250 денари и следни ми се на листа за купување, заедно со новото моливче за веѓи.
Не знам какви нијанси точно имаат, не сум разгледала подетално. Светлата која ја имам (02) изгледа неутрално, меѓутоа се познава дека има малку жолт подтон - мене ми одговара, затоа што кога правам контурни со производи со сив подтон изгледам безживотно. Темната нијанса (04) ми е баш топла кафенкасто-портокалова. Не буквално портокалова, ама топла нијанса во секој случај. Погледни ја новата нијанса која ја спомна Еленче, можеби таа ќе ти се допадне, јас не сум ја видела.
Не се со сив, не се портокалов...некоја понеутрална нијанса. Кај нас тешко дека ќе најдеш таква нијанса баш за контурирање, без разлика дали кремаст или како бронзер.
Ја користел ли некој досега оваа палета за контурирање? Ја забележав пред некој ден во една парфимерија но брендот не ми е познат, дали е добра?
Значи колку сме далеку од остатокот од светот. Додека сега кај нас почнаа да се продаваат продукти за контурирање, оваа година тоа ке биде "out". Сега веќе се употребува техниката Baking & Strobing .... Ама тоа ти е......
Можеби немаме голем избор на такви продукти за контурирање, хајлакт и бејкинг, али тоа што некои ќе бидат ,,аут'" не верувам дека ќе го намали нивното користење. Кај нас по можност се заедно да се стави и нормално во комбинација со мат кармините еден прст околу уста. Ова не значи за сите, се разбира.
Поентата на цел муабет е дека instagram i youtube имаат толкаво големо влијание врз младината, што сите без разлика дали добро им стои или не, понекогаш е прашање на вкус и желба....... претеруваат со шминката без претходно да знаат зошто е тоа така. Најискрено ми се лоши кога ке сретнам млада девојка преубава и згодна која наместо 18 изгледа како 30, Напосле да се извинам што овај коментар го дадов баш овде.......... како оправдување... имав лош ден
Добро бе како ви успева да ги правите контурите?Ја ако земам да правам може добро да биде на некои места, но кафеавиот руж ми излегува како некој да ме тепал на образот имам чуство дека тоа никогаш нема да го научам, а кога друг ме шминка изгледа пресовршено
За руж пробај како за почеток да нанесуваш со помала четка со не толку волумен може ке ти успее и потоа пажливо размачкај