Руменилото да го ставам под јаболчницата односно испод хајлајтерот или на местото каде што го ставам хајлајтерод т.е. на јаболчницата? Мене ми одговара хајлајтерот иако не се познава како многу затоа што сум бела али сепак дава некаков сјај и свеж изглед. А би сакала или руменило или контурирање да дадам малку боја на лицето. Не знам да нанесувам руменило
Тајната е во тоа да ставаш малце по малце. Не да ставиш 2кила на четката и да го шлапнеш на сред лице. Прво се става бронзер, па руш, па хајлајтер. Некои го ставаат прво хајлајтерот па ружот, али мене тоа некако ми нема смисла. Одбери некој по неутрален светол руж, и нанеси ептен малце. Спојлер Ќе пишам тука пошо не знам каде, @Rose96 пиши ми во инбокс да те прашам нешто, мене не ми дава.
@Irreplaceablee Подобро е прво хајлајтер па потоа руж затоа што по природно изгледа и хајлајтерт подобро се сенча. Ова ми го има кажано многу искусен мејкап артист и јас цело време така го нанесувам па се изгледа како "стопено" на лицето.
Имам пробано, гледам по туторијаливе сите така прават. Мене магично ми го снемува цел хајлајтер кога ќе поминам на истото место со четката за руж.
Ако на некој нешто му значи. Немам портокалов кремаст коректор за прикривање на подочници па испробав еден трик. Наместо коректор ставате портокалова сенка малку изблендајте ама малку и потоа нанесете коректор и со сунѓерче истапкајте, резултатот е wow а од подочниците ни п. Во последно време го користам овој метод и ми е потраен во однос кога имав портокалов кремаст коректор па се собираше.
Го има. Само не ми текнува на точната цена. Од прилика од 350 до 450 мислам беше. Го пробав на тестер и мнооогу ми се допадна. Највеќе поради тоа што е далеку од портокалово и убава пигментација има. Има две нијанси, едната мислам беше потопла боја, другата поладна
Сакам да купам сет за контурирање, па се мислам помеѓу тој погоре на Catrice, Trend it up, MUR, Rimmel... или некој да ми препорачате? И цена ако знаете.
Јас би ти го препорачала сетот од Golden Rose во прав - овој, околу 200 и нешто денари е, а е лесен за употреба, пријатен на лице, (мене бар) ми е траен, и сосема солиден за цената
Го има, јас го купив од ДМ, и џабе, не знам што да правам со него )))) Уопште не можам да се снајдам со ова контурирање и хајлајт, а сакам да пробувам да експериментирам Прво не знам дали е подобро кремаст или во прав. После не знам дали имам добри четки. После не знам кои нијанси и која фирма да ги одберам. Со ова погоре ич не се погодив, не знам дали производот не чини или јас не знам да се нашминкам. Ќе да е второво
@EarthFire Кремастите за контурирање најдобро се блендаат со бјути блендер, барем за мене, со четка не сум пробала. Убав ефект се добива со сунгерчето многу. Оние контури во камен што се со четка, користам четка на Аура за контури и бронзер што е. Полесни за манипулирање се кремастите контури, полесно можеш да корегираш и да ја контролираш количината при нанесувањето. Мада мене ми се убави и едните и другите, како кремаста контура ја користам стик пудрата на Голден роуз, а во камен го користам триото на Римел што содржи контур, руменило и хајлајтер, на Кејт Мос линијата.
Пудрата е во стик, не е течна и директно со ситкот нанесувам нежно. Она е уствари пудра за лице, но темна нијанса од пудрата ми служи како контур