1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контурирање на лице - наметнат тренд или потреба?

Дискусија во 'Лице' започната од frosyGrc, 23 декември 2015.

  1. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Овој тренд некако се повеќе зема замав. Онлајн страни продаваат "оригинални" MAC палети за контури. Туторијали на јутјуб колку сакаш. Денес гледам во Шатци исто, некоја палета за 360 денари имаат па ја рекламираат. По форумов само тоа се збори, само прашуваат за четки, хајлајтери, луминајзери.

    Зарем не ја претеравме малце?

    Јас се бавам со шминкање име интересира вашето мислење, дали навистина мислите дека овој тренд кој е наметнат во последно време навистина има некаков ефект? Немате чувство дека сте шарени и неприродни? Океј ми е да средиш нос, јаболчници, да осветлиш под очи ама и за тоа треба да знаеш како и со што зошто во спротивно изгледа смешно.

    Ме интересира вашето искуство и мислење.
     
    На sugarlips, Daydream, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.
  2. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    @frosyGrc сретнав слична тема скоро иста па во случај да ја сметаат за дупла или избришат еве ја другата
    Контурирање на лицето

    Инаку јас лично појма си немам од ова контурирања хајлајтери луминајзери (не ни знам што е ова:lol:) бла бла нити користам а искрено немам ни потреба, некако претерано и натрупано ми делува, а се што е претерано не чини, барем според мене :)
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.193
    Допаѓања:
    104.686
    Пол:
    Женски
    Во врска со контурирање на лицето , јас никогаш не би отишла да купам таква палета (освен ако не почнам да се занимавам професионално со шминкање ) :) што е многу , многу е
    По нанесувањето на течната пудра , зашто сум бела во лицето и да дадам малку боја , ја користам сенката десно на Essence my favorite tauping (под јаболчниците, на челото- во бројот 3 :D ) и за вечерно излегување над јаболчниците нанесувам малку хајлајтер од NYX , и тоа е тоа.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На anakonda88, rainbowec, Elaria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Elaria

    Elaria Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Претеризам и наметнат тренд. Ок ми е, па дури и пожелно професионалните шминкери да знаат добро да контурираат, да сокријат маани, истакнат предности и сл., ама не е бре тоа за секого и за секојдневна шминка. За посебни прилики да, ама се друго ми е премногу. И смешно ми изгледа кога ќе видам некој со десетина слоеви малтер (facepalm)
     
    Последна измена: 23 декември 2015
    На eloves, Daydream, srcence1607 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.070
    Допаѓања:
    20.078
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темава е убава да биде место каде се кажуваат мислења дали е тренд или потреба... а другата да си биде за совети и начини на контурирање. Оти ако некоја смета дека е глупост и пише во другата тема, ќе и скокнат одма и ќе и речат 'ако не ти се свиѓа и немаш совет не ја преполнвај темава со негативност', на пример :) Сме го виделе во доста теми.
    Инаку, според мене контурирањето е претерано и со тоа се губи вистинскиот сјај на лицето. Јас сум за благо кунтурирање, да се истакнат јаболкцата на образите и слично, ама она што се наметнува како тренд е претерано. Се искривува перцепцијата за природниот изглед на лицето. Некако природната убавина се
    повеќе и повеќе губи на вредност, а вештачкото претставува убаво. Карминче, маскара, сенки, пудра, руменило.... убаво е да се кроистат, ама само да ја истакнеме убавината на нашето лице, а не да создаваме непостоечко лице, со вештачки контури, влабнатини и испакнатини :)
    e643def0322ee09081e8548435baab6a.jpg
    Значи - ДА за шминка, НЕ за екстремно кунтурирање :)
     
    На eloves, Giovanna, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  6. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.466
    Пол:
    Женски
    Мене шминката на Самер многу ми се свиѓа, каква прецизност има човекот и што може да направи ^_^
    Сум за контури, ако за некоја посебна причина отидам да ме нашминкаат (иако не би отишла дека знам сама, ама ај :D ) и незнаат да ми нанесат контури на лицето..мислам ало нема да ти дојдам за секојдневна шминка, ми треба нешто по впечатливо и гламурозно.
    Ако нејќете неморате, јас сум ЗА (poolparty)
     
    На LaraSolare, lovemme, honest girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Океј е за професионална шминка, но кога се работи за вечерна, фешн или сценска шминка. Одлично изгледа на фотографија, но од блиску е друга приказна. И јас шминкам и понекогаш контурирам со стикови, а понекогаш само со камени пудри и ми е многу поприродно. Туку гледам овде девојчињава активно бараат палети со коректори, четки и слично. И не само овде, пред некој ден во Космо девојчиња бараа од продавачките коректори за контури и си викам аман што се случува?!
     
    На Eli23 и Elaria им се допаѓа ова.
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.589
    Допаѓања:
    48.963
    Пол:
    Женски
    Точно дека на слики изгледа прекрасно.
    Мислам дека техниката е одлична ако имаш некој недостаток да прикриеш.
    Еве јас би ја користела да прикријам неколку килограми и буцки обравчиња.
    И со камена пудра, нешто што не бара многу вложување.
    Ама далеку од тоа дека секој ден би имала време и желба да го правам тоа.
    Секојдневна употреба мислам е претеризам, гипсирање на лицето.
    Порите треба да дишат.
    Како што кажаа погоре, да кога станува збор за професионално шминкање и специјални пригоди.
    Ама за секој ден и за млади девојчиња, сепак што поприроден изглед тоа подобро.

    Инаку наскоро ќе има доста ефтина четка од Авон, јас веќе си ја запишав за порачување. Не ми е целта да рекламирам нешто, туку сите што бараат да им ја олеснам работата. Мислам до 200 денари ќе биде. Ако сакате ќе постирам слика.
     
    На eloves, VladeMila и Elaria им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.157
    Допаѓања:
    56.549
    Пол:
    Женски
    Претерано е и за професионална шминка. Го менува личниот опис на жената, а тоа не е целта на добра шминка. Не ми се допаѓаат ПОТОА фотографии што воопшто не наликуваат на лицето од ПРЕД. И да, во живо изгледа ко да носиш маска. Од мене едно не. :)
     
    На Daydream, sparklie, ANGIE1 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.070
    Допаѓања:
    20.078
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно.... ама за мене тоа не е шминка, туку уметност, трансформација и слично. Значи поентата ми беше како на @frosyGrc ... зошто девојчињата денес се одлучуваат за ова како секојдневна опција, или викенд опција за во диско и слично. Сепак треба да си го сакаме природниот изглед :)
     
    На VladeMila и Elaria им се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Додека не се појави Ким, дали некој воопшто беше запознаен со терминот “контурирање на лице“?
    Трендов се прошири откако нејзиниот MUA го објави, а потоа сите останати почнаа да се крстат во палетите за контури.
    Значи, контурирањето го употребуваат за да се смени изгледот на делови од лицето, да се истенчи носот, да се подигнат јаболчниците, да се обликува брадата итн. буквално се прави корекција на лицето.. Што, не е исто со истакнување на делови од лицето, со руменило, бронзер, сенка и слична класична шминка.

    Јас од секогаш сум била за природна убавина, и шминка која делумно прикрива и истакнува делови од таа убавина. Па и Ким без толку контури пак ќе биде убава жена.
    Апсолутно нема потреба да се менува целата форма на лицето. Уште полошо па девојките што брзо прифаќаат вакви трендови, па млади и убави лица ги “утепуваат“ во слоеви пудри и коректори. Невкусно е. За младо лице само римел, руменило и карминче.

    И не е само контурирање. Има и baking (кај што буквално оставаш да ти се наталожи слој коректор под очи), па highlighting (осветлување, контра на контурирање) и уште којзнае колку трендови што ве тераат буквално да го силувате коректорот и пудрата.
     
    На eloves, Daydream, sparklie и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Тренд што малку излегува од контрола.
     
    На Hipster, eloves, Oxymoron и 8 други им се допаѓа ова.
  13. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.466
    Пол:
    Женски
    Па јас би рекла дека не почна баш на Ким, али беа почетоците, да. И изгледаше лошо, да бидеме реални :D
    Од после се "усоврши" тоа, а може и да се прави сосема минимално и природно, нема некој сигурно секој ден да прави совршени контури или не знам ти што.
    Сепак јас не го гледам ова како ништо страшно или трагично, баш ми е уметнички и интересно што се може да се направи :)
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Не гледам причина зошто е претерано. Доколку некој знае како да се нашминка може да изгледа навистина убаво и правилното контурирање навистина знае да ја направи целата шминка да изгледа перфектно. Не е до слојот на пудри или до нивната количина, кој сака да се шлапа а не знае ќе изгледа грдо и со обична пудра и римел.
    Инаку многу сакам шминка и навистина сум среќна што кај нас некако зема замав да се средуваат девојките, речиси секое девојче што го гледам низ град е фино средено и прикладно наминкано, за вечерни излегувања и да не зборам, сите изгледаат како професионалец да ги има шминкано и јас лично немам ништо против тоа. Ми се допаѓа што сега се некако ни е достапно, и да прочитаме и да нарачаме па и да гледаме туторијали за да научиме како да ги правиме овие трикови со шминка. Не гледам зошто на некој би му сметало, навистина.
     
    На LaraSolare, CirezD, mila1111 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    На никого не му пречи, само разменуваме мислења. Лично и јас ги користам стиковите на Криолајн но врз соодветна подлога и на крај фиксирам со соодветна фикс пудра за сето тоа да остане на место. Доколку не се прави како што треба со тие палети со коректори кои ги спомнуваат може лицето да изгледа смешно и шарено. Бараат четки, за што ќе им се четки за разнесување на коректори? Мораш да блендираш со сунѓерче кремаста структура. И зошто со коректори да се прават контури? Или така кажуваат на туторијалите па ајде ситееееееееее да купуваме палети со коректори.....
     
    На Elaria му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.466
    Пол:
    Женски
    @frosyGrc ако веќе шминкаш, треба да знаеш дека кремасти структури се блендираат и со четки.
    Од кај тоа дека мора да се блендира со сунѓерче?
    Ова ме потсети кога една "професионална" шминкерка ме бараше да шминкам кај неа, ме имаше видено како сум нашминкана за кај сестра ми на свадба и сакала да види како работам на други па ај да ја шминкам неа прво.
    Леле луѓе страшно, и ставам пудра со сунѓерче и ми вика аа јас со раце ставам и трљам убаво.
    Така прај. Уште мисли дека ме учи она мене, јас ја гледам онаква втф :o
    И камена пудра се ставало со тоа што ја утрљуваш на лицето, не со четка за камена пудра. (facepalm)
    Зборот ми е, ако сакаш да се занимаваш со ова не слушај секој што ќе ти каже, има некои во свој филм влезени што прават страшни грешки а мислат дека се богови.
    После тоа си реков јас кај оваа да шминкам, не фала.
     
    На LaraSolare, Jordanovska-K, lovemme и 3 други им се допаѓа ова.
  17. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Ти можеш да блендираш со четки ама нема да го имаш истиот ефект. Конкретно професионалните стикови на Криолајн ако ги нанесеш самостојно без пудра под нив подобро е со влажно сунѓерче да ги блендаш зошто се премноооогугусти и тешки за разнесување. Искрено не знам како тоа би го разнела со четка, те молам постирај слика со која четка блендираш.
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.466
    Пол:
    Женски
    И јас блендирам со сунѓерче, ама сакам да кажам дека има многу други четки кои се убави за блендирање.
    Да имав пари ќе купев, кујзнае колку би имала :rofl:
     
  19. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    Едно е да разнесеш друго е да го изблендираш. Јас ги користам овие ама кога си нијансирам со камени пудри. 12415468_1054585224586444_299679164_o.jpg
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Комплетна шминка користам во исклучителни ситуации кои не ја вклучуваат оваа техника на шминкање.
    И она што минималистички го нанесувам го правам со голема внимателност затоа имам кожа која не поднесува многу "малтретирање' со различни козметички средства применети во слоевита структура.
    Тоа не значи дека сум против ваквиот стил на шминкање се додека умерено се зафатени некои делови од лицето кои треба да бидат соодветно истакнати или прикриени со шминка за да се запази вистинската физиономија. Контурирањето подобро изгледа на слики, отколку во реалност, барем за мене.
    Не ми се допаѓа шминкерска техника која го менува природниот изглед што создава впечаток на невкусна и несоодветна употреба на козметика. Се што е дозирано употребено може да даде многу добар ефект.
    Интересот за ваква шминка е индивидуален, па оттаму можеби е и некој вид потреба кај женската популација.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.