Кој знае да го направи како што треба нема да изгледа како многу продукти, кој не знае или не погодил пудра и само со пудра може да изгледа како малтер да има ставено.Кај нас во Македонија никој не ми оставил посебен впечаток на тема контурирање на лице. Ми се допаѓа техниката на Фиторе, само мислам дека понекогаш(само понекогаш) користи погрешни нијанси и на некои девојки добивам впечаток дека лицето им е"извалкано". Најчесто тие што шминкаат шминкаат шаблонски и на некоја со мало чело и тенок нос ќе ја исконтурираат пошто "така треба", a всушност контурирањето си бара индивидуален пристап, не е потребно секаде на секого, но ја истакнува природната убавина. Некои што се ептен профи не ставаат продукт врз продукт директно се цртаат и после блендаат.Јас кога знам дека ќе се шмнкам потешко за вечерна шминка пример, ставам ептен тенок слој пудра за да не ми изгледа натрупано од толку продукти.И мене ми е мерак да гледам средени девојчиња, зошто претерано? Ако си има време и воља и тоа изгледа убаво не е претерано. Бидејќи се контурирав по лајт до сега со сет компактни пудри и само течен коректор, ќе си купам нешто поефтино колку да се вежбам за почеток, ако ми појде ќе си изнакупувам и палети и стикови и крем коректори, се што ми е по воља и се што ми е во домет на можностите и гајле ми е ако таму некоја си се чуди што ќе ми се. Инаку се контурира и со четки, може за блендање и flat kabuki, а ако веќе се контурираш со погусти крем коректори според мене задолжително ти треба четка онаа плоснтата како за боење да ги нанесеш на клучните места. Нема ваљда со прст да се мачкаме ваму таму? Гледам @frosyGrc дека викаше дека не треба четки, па не ми е јасно како би се нанеле ваквите коректори.Исто како за некој што посетил курс мислам дека треба да си пофлексибилна, има различни начини, методи и уште учиш не е се само црно и бело.Се сеќавам во темата дека те искритикуваа за лицето и за премногу пудра, а ти кажа дека треба да се нанесе повеќе за да не упие лицето.Не се согласувам.Треба да се нанесе таман, зошто од се ако се нанесе повеќе се добива тој ефект на претерано и cakey. И за сите што мислите дека Кардашиан и нејзиниот шминкер го измислија , оној кој го измисли контурирањето е всушност врвниот мејк ап артист Kevyn Aucoin.Има шминкано многу познати личности на времето и има издадено и книги и свој бренд. На него му се припишува и заслугата за омбре усни.Починат е одамна, мислам дека од предозирање.
Се што е претерено не изгледа добро, така и со техникава ако се претера ќе изгледаш како петооделенка која го украла несесерот на мама и пробала да се шминка.Мене ми се свиѓа кога е умерено, само да ти истакне јаболкници, да ти прекрие некој недостаток и тоа е тоа, а и сметам дека ако се претера со многу потемни и несоодветни нијанси крајниот резултат е катастрофа.Јас лично не практикувам, зошто никогаш не сум била многу по шминкање, а и не си се допаѓам со јака шминка.Знам да користам појака сенка или посилен кармин, ама да се контурирам со 5-6 нијанси не баш..Сум кажала многу пати дека имам ептен малку продукти за шминкање, за да си ги истакнам јаболкниците користам пудра во прав потемна за две нијанси, ја нанесувам под јаболкницата и потоа фиксирам со пудра во прав според мојот тен(која признавам никако да ја погодам па морам малку да мешам)Ставам хајлајтер на коската баш под окото и малку посветел коркетор над устата, носот и брадата, подочници немам често па немам потреба од прекривање.И така си се свиѓам.Мене едноставно тој ефект кој го дава претешка шминка не ми се допаѓа никогаш, сакам да изгледам природно и да не ми е променет личниот опис. Ама кој сака да си се шминка така нека ја практикува техникава само нека ја совлада добро, за да изгледа убаво. Еве мене лично ми се свиѓа како се шминка Роуз, ми се свиѓаат и сликите кои ги има ставено, а и од други членки исто така, според мене тоа е правилно контурирање..А и има некои блогреки што ги следам на yt и ми се свиѓа како изгледа на нив.За мене сепак е премногу.
Едно е да нанесеш стикови, нормално дека се нанесуваат со четка, најчесто она за коректор, муабетот беше за блендирањето дека не може со четка. Кабуки-то конкретно ја користам јас за камени пудри кога сакам да соединам посветла и потемна нијанса бидејќи со стиковите не се покажа како што треба, ако некој мисли дека е изводливо нека проба па нека сподели техника. За флексибилна сум, затоа и сум на форумов. Ве следна, ме интересираат мислења и почитувам критики. За моментот дека треба да има доволно количина за да не ја упие лицето така ми е пренесено и лично се имам уверено неколку пати. Ако се нанесе тенок слој на некој што има изразени пори и зрела кожа, буквално ја снемува пудрата на некои места после извесен период, лицето се храни со неа исто како и крема кога нанесуваш кога ја упива. Можеби не сум во право, но еве во потрага сум по подобар начин за средување лице благодарение на вашите критики. Околу мојата шминка не сакам да се повторувам но морам, на едната слика каде што ме шминкаа за време на самиот курс, таму имам најмногу пудра и признавам дека тоа е премногу. Потоа имаше коментар, ме споредуваа со @Rose96 декаа лицето и било поприродно, немала брчки за разлика од мене и слично. Го отворив нејзиниот блог и нејзините туторијали баш оние што шминка со Севентин. И јас користам Севентин за секој ден, но имам природно сува кожа, а таа нагласува дека има комбинирана кожа. Тоа е еден фактор. Втор фактор е што јас немам 19 години и нормално е да имам брчки под очи иако се' што нанесувам под очи е стик коректор од Артдеко и го фиксирам со транспарентна пудра од Криолајн или мооооху малце камена пудра што останала на четката колку да не ми се собира под очите.
@frosyGrc јас имам таква кожа ниеден коректор не ми се собира. Другарка помала од мене една година, било каков коректор да стави и се собира а многу убава кожа има ама таков и е тој дел под очите, можеби и кај тебе е така. Треба убаво да го хидрираш тој дел пред да нанесеш коректор.
Jaс се извинувам ако погрешно се разбравме.Јас кога мислам на контурирање ја подразбирам целата постапка и алатки.Исто мислам дека ти имаш многу чиста и нежна кожа и нема многу што да се работи на неа за да изгледа перфектно, јас брчки кај тебе не видов искрено, мислам дека проблемот беше cakey ефектот заради многу пудра, без шминка еве гледам горе на сликата немаш никаков проблем.За стик под очи јас не препорачувам, ниту било каков коректор со кремаста структура, зошто се собираат под очи посебно на сува кожа, пробај со течен коректор, јас имам пишано и во соодветната тема го препорачувам MAC prolong wear убав природен ефект дава.Другарка ми има еден на Sephora како сјај за усни е тубичката исто дава многу убав ефект, како што гледам и немаш голем проблем со подочњаци би требало и некој полесен да ти заврши работа. Кога сме кај проширени пори, лично јас ги имам, на целото лице ако нанесам потенок слој може минимално да се поминам таму со екстра слој колку да ги измазнам ама потоа и коректор и камена и на некој начин се камуфлираат.Јас порано мислев дека ако ставам повеќе пудра поубаво ќе ми покрие ама сега гледам помалку поубаво ми стои.Не зборам ни ептен малку како да немаш, онака од око колку ми се чини дека е доволно толку ставам. Сега кога ја видов на поубаво светло и со поубав квалитет шминката од Небојша мене ми се допаѓаш.Очите лицето вегите многу убаво ти ги истакнал и нашминкал, устата можела да е во посвежа нијанса, ама овде гледам дека се работи за вамп изглед.Јас лично го сакам, но ако не си задоволна си можела да му кажеш да ти додаде суптилно руменило и кармин во посвежи нијанси.Веројатно ти изгледа побледо бидејќи не си освежена со некое руменило.Но јас немам ништо против ни ваквиот вамп изглед.Баш и на другарка и ја покажав сликата и на неа и се допаѓаше.
Шминката беше за пред/потоа и воопшто не ми беше важно како ќе ме нашминка, отидов за да соберам некое искуство. Сите што ме видоа после шминкањето имаа негативни критики ама не е сега тоа тема на дискусија, да оставиме на тоа дека е вкус во прашање. Ме интересира за порите, дали имаш пробано некоја добра подлога за пудра баш за оваа намена...ги има премногу не знам за која да се одлучам. Ова со коректорот врз пудрата го немам пробано, течен коректор ставаш врз пудрата или?
Мене од сите креми/подлоги кои сум ги користела најдобро ми помага за порите Smashbox photo finish прајмерот.Значи на база на силикон е, не е најздравото нешто на светот ама сите прајмери се на база на силикон, освен оние специјални органски, за кои до неодамна не ни знаев дека постојат.Обавезно нанесувам крема пред тоа.Ова ги полни и измазнува порите и лицето ти станува погодна мазна подлога за понатамошна работа.Дефинитивно има разлика кога ставам од прајмерот, иако на луѓе со мазно лице, нормална кожа сметам дека не им треба прајмер, кога веќе си имаат такво лице.Јас сум презадоволна ама избегнувам да го користам за секој ден.За вечерни излегувања ми е must. @Rose96 спомна во една тема дека ја имаат шминкано со него ете и таа нека сподели што мисли. Знам дека различни девојки имаат различни практики.Јас со години ставав коректор под пудрата и некако не ми беше тоа тоа, сега кога ставам над (во делот под очите) натапкувам и суптилно на делот кај што ми се проширени порите,до носот малку под очите е мојата критична зона.Инаку да течен за под очите и истиот тој и на овие места.Кремаст коректор(оној на артдеко) го користам само кога треба да покријам некоја неправилност било пред, било после пудрата.Исто така понекогаш и со тенко сунѓерче натапкувам како со наизменични движења. Тoа го видов во ова видео Спојлер: видео , но потребно е да се пази многу затоа што ми се случило да претерам и да изгледа како да имам непотребен слој камена пудра, така да ова го правам понекогаш кога имам време на убаво светло со минимално пудра на сунѓерчето, подобро помалку отколку да претераш, ќе се бришеш, лом ќе се направиш
Дефинитивно сум за контурирање.. без тоа лицето изгледа подебело како голем балон подуено нормално сето тоа да биде во граници на нормала во однос на нијанси и количина на шминка која се нанесува.
Ne sum se izjasnila vo prethodniot post. Jas sum protiv zatoa shto postapkava mozhe slobodno rename od konturiranje vo menuvanje lichen opis - golem del sluchajno da gi vidish nekade, ne mozhesh da poznaesh deka se raboti za ista lichnost. Bez vrska e, nishto chudno da sozdavaat i neprijatni situacii taka zamaskirani.
Јас мислам дека е претеризам, се што е премногу не чини, па така и овој тренд. Во последно време се повеќе гледам вакви видеа по нет, па дури почнале да лепат и некои ленти за да си сменат облик на лице и не знам што. Треба да се промовира природната убавина, а не вештачење на цело лице со премногу контурирање.
Ако е професионално изработено, изгледа преубаво, потребно е контурирањето да се приспособи спрема обликот и цртите на лицето, а не шаблонски да се контурира, ко што практикуваат во салоните. Секоја девојка исто ја контурираат со премногу слоеви и темни контури, со што премногу се извештачува лицето. За се’ е потребен професионализам, па и за ова.