1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Концептот за време - човекова креација

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 9 декември 2017.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Зависи што точно патува и колкава маса има, и дали воопшто ја има... :)

    Инаку, мило ми е што ти се допаѓа темата
     
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  2. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Веројатно зависи и дали има некаква перцепција за време :)

    Но, генерално муабетот ми беше дека мерката “светлосна година“ некако не ми е константа.
     
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @doubleg и заборавив да додадам, бидејќи веднаш по твојот коментар постирав и јас :D

    Брзината на светлината, кога станува збор за ѕвездите, патува во вакуум и достигнува 186,282 милји на секунда и во теорија, ништо не може да патува побрзо од светлината. Движењето на брановитите честички се во принцип доста прецизни.
    Бидејчи ја спомна теоријата на Ајнштајн, јас сум сфатила одредена поврзаност со која се манифестира дека брзината на светлината има теоретско ограничување.
    Имено, светлинска брзина - константа наречена "c" не може со ништо што има маса.
    Светлината патува во бранови, и, како звук, може да се забави во зависност од тоа што патува низ него. Ништо не може да ја надмине светлината во вакуум. Меѓутоа, ако некој регион содржи било какво прашање, дури и прашина, светлината може да се наведнува кога станува збор за контакт со честичките, што резултира со намалување на брзината.
     
    На theowndemon, buba4e89, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Не. :)

    Светлосна година е растојанието кое светлината (фотон) го минува за период од една година. Брзината на светлината е 299 792 458 m/s, a една година изразена во секунди е 31 556 926 s - кога ќе ги помножиш бројкиве и скратиш секундите, се добива растојание од отприлика 9 ипол трипиони километри.

    Така да, оваа димензија е константна. А ти колку брзо и да патуваш, дури и со брзината на светлината, сепак ќе го поминеш ова растојание за не помалце од година дена. :)
     
    На theowndemon, buba4e89, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Освен тоа, светлосната година е мерка за далечина, а не време. Тоа е всушност целосното растојание на еден зрак светлина движејќи се во права линија, патува за една година.
     
    На theowndemon, buba4e89, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Да, разбирам, веројатно никогаш ништо нема да може да ја достигне брината на светлината, но еве и при движење со значително помали брзини од светлината, времето за објектот кој се движи забавува. Така да далечините што се мерат со светлосни години и изгледаат огромни можеби воопшто не се толкави?
     
  7. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Ако е така, изпаѓа дека времето е константа, а мислам дека не е. ОК, само лаички размисли. Колку што сфатив, 1 секунда на Земјава или на сателит околу земјава не минува за исто време :)
     
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ама дали постои одредено гравитационо поле кон кое тој објект се движи? Бидејќи гравитацијата ги искривува и времето и просторот ...
     
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ако знаеме дека светлоста би можла за една секунда петпати да го обиколи екваторот, всушност ќе сфатиш дека една светлосна година е многу долг пат - 9,500,000,000 км.
     
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Временска дилатација е идејата дека како што нешто се движи низ просторот, самото време се мери различно за подвижниот објект од неподвижниот објект. А движење што е близу до брзината на светлината, овој ефект е забележлив и овозможува начин да се оди во иднина побрзо отколку што обично го правиме.
     
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Далечините се тие и се огромни. Но ако си ти тој што се движи низ вселената со брзина на светлината (хипотетички, нели), за тебе времето практично би застанало. Тебе можеби би ти изгледало како да си поминал растојание од светлосна година за миг, но растојанието сепак би било истото, без разлика од твојата перцепција за времето кое ти било потребно да го поминеш.

    Не постои апсолутна референтна рамка за мерење на времето во Вселената, се’ зависи од набљудувачот - каде се наоѓа тој во простор-времето и какви физички сили дејствуваат на него.
     
    На theowndemon, buba4e89, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Да, тоа ми беше мислата/дилемата, дека времето е релативно, а далечините се огромни, секако.
    Фала за појаснувањето, :)
     
    На theowndemon и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Од гледна точка на Њутн, постои апсолутен простор и апсолутно време. А тоа значи дека просторот и времето не би имале меѓусебно влијание. Би постоеле независно од состојбата на движење на телото и просторот би бил бескрајно проширен. Сите точки на движење и насоки би биле еднакви, исто како и сите времиња. Ова, функционира до некаде, и не е толку нелогично, но доволно е само за во секојдневниот живот. Односно, апсолутно точно и математички пресметано време, е рамномерно, истекува во основа на сопствената природа и нема влијание од надворешни фактори и уште се нарекува времетраење. Апсолутното време и апсолутниот простор се сметаат за непроменливи.

    Меѓутоа, како на пример би функционирал еден навигациски уред ако е тоа така?
    Затоа, е од големо значење теоријата на релативноста на Ајнштајн.

    Околу брзината на светлината. Еквивалентна е на околу 300.000 километри во секунда. Но само во вакуум, односно во вселената, каде всушност и се наоѓа најдлабокиот вакуум. Се работи за простор без супстанции и со притисок кој е понизок од атмосферскиот. Се претпоставува дека истава не се менува во вакуум, затоа е природна константа. Во други средини, каде има течности и гасови, супстанции и материи таа е помала. Односно детерминирана е од истите и затоа и движењето забавува. Теориите на Ајнаштајн се основани на фиксната брзина на светлината. Честички како што се фотоните на светлината секогаш се движат во универзумот со брзината на светлината, а масивните честички, се движат побавно.

    Растојанието што го поминува светлината за една секунда е околу 8 пати поголемо од обемот на Земјата. Месечината е околу 380,000 километри од Земјата. Светлината што се рефлектира од месечината трае малку повеќе од една секунда пред да ја видиме на Земјата. Сонцето е околу 140 милиони километри. За оваа дистанца, на светлината и треба околу 490 секунди, нешто повеќе од 8 минути.

    Бројките се тука некаде, не знам како беа точните референци.
     
    На theowndemon, Црна Ружа, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Прво браво за темата на членката. Јас како мала многу ја сакав науката бидејќи криеше занимливи податоци и многу тајни, секако сум огромен љубител на научни филмови.
    За одредени работи кои лично не можеме да ги сакаме како во примерот кој што си го посочила времето минува бавно - точно. Но имам забележано доколку нешто што во моментот е здодевно а времето минува бавно, нашата сконцетрираност на истото е во мала количина. Како да го поедноставам. Пример имаме предавање по физика здодевен предмет а потоа имаме ликовно забавен предмет тогаш доаѓа до судир на време, наеднаш било да речеме 12и20 па за многу кратко дошло 12и30 тогаш да речеме часот завршил и сите си одат, а ние остануваме зачудени кога поминале 10 минути.
    Од одредена просторија до друга било измерено дека се потребни 1-2 минути да се преместат децата, но кога ќе се вклучат и пакувањето на книгите во ранците и гужвата меѓу ходниците и додека почне часот поминало веќе 10 минути. Тоа значи дека времето побрзо поминува во ходниците отколку на часот.


    И јас мислам дека преводот за Биг Бенг како големиот прскот ми нема логика. Сега да кажам дека немам сретнато таков збор, па би била среќна ако некој ме удостои со некое објаснување за зборот прскот. Со Големата експлозија би можела да се сложам, но мислам дека си е позната како Биг Бенг теорија.

    Многу добро прашање за болдот.
    Би сакала да се навратам на времето и теоријата дека човекот е настанат од мајмун, добро де од раѓањето на човекот. Тогаш човекот немал перцепција за време, за него постоело само ден и ноќ, не постоела одредена храна. Немало часовници и бројки, борбата за опстанок била тешка. Се снаоѓале како минувало времето се откривале нови занаети ама можам да кажам времето и тогаш си минувало во рекордна брзина. Сметам дека до ден денес времето си е исто, само што луѓето му придаваат значење.
    Сега за болдот може ќе звучам глупо можеби луѓето тогаш не знаеле што дишат, јест дека воздух ама како би го нарекле воздухот, може тоа било поттик да почне да се истражува физиката и други науки.
    Јас она што себе си го поставувам во задње време едно прашање зошто денот се смалува во две годишни времиња. Пример на лето времето е поголемо, се стемнува во 19,20 часот а во зима во 17 часот?

    Ноуп, веќе ти објаснија членките, реално ќе биде многу пократко.

    Кога сме веќе кај орбитите на пример кога има некој во сателитски бродови во вселената, пример американците мислат дека сеуште се наоѓаат во нивната временска зона, а сателитот е над Европа. Можеби тие самите имаат своја перцепција за времето сепак мислам дека реално кај нив горе времето е пократко.

    Едит: Ми текна уште нешто за Месечината, ако таа настанала од две планети поточно од судир меѓу две планети, се сеќавате кога првиот човек стапна на Месечината и притоа го нашле првото куче. Ако температурата на Месечината денски изнесува +120 степени, а навечер може да се спушти и -160 степени како преживеало тоа куче?:^)
     
    Последна измена: 16 декември 2017
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    За жал не можам да се едитирам, се работи за грешка во последниот едит дека е пронајдено куче на Месечината- што не е точно. Се извинувам за грешната информација.
     
    На theowndemon и Briar Rose им се допаѓа ова.
  16. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Зезаш сега, таман се израдував што го спасиле кучето, ти викаш грешка била. Значи уште го бараат?!
    :)
     
    На theowndemon, Lianna Anna, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Добро е што нема нашинци на Месечината, гарант ќе го отруеја. :D
     
    На theowndemon, +++, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    :whew::whew::rofl: а не :tmi: се избламирав си признавам.
     
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 навистина ми е драго што ти се допаѓа оваа тема, и секако, ти благодарам што го сподели твоето мислење овде :)
     
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Не е во две годишни времиња, ами сосем нормално, во четири. Се тоа се случува постепено, додека денот стане најдолг и најкраток.

    Земјата се врти околу сонцето. Тоа трае точно една година. Во исто време таа се врти околу својата оска. За тоа треба еден ден. Додека нашата страна гледа кон сонцето, тоа е дневна светлина. Во моментот кога се вртиме од сонцето, започнува ноќта, а од другата страна на земјата се зголемува сонцето. Ваквата оска на ротација на ден и ноќ, е под агол на оската на сонцето и е одговорна за различните сезони. Земјата ротира секојдневно околу својата оска, како линија што минува низ Северниот Пол, Јужниот Пол и центарот на Земјата заедно.

    Додека земјата се движи околу сонцето, светот е поинакво осветлен на различни места. Тоа е затоа што аголот со кој сонцето сјае на земјата се менува, само затоа што Земјата е навалена на оската на сонцето. Оваа промена на аголот е одговорна за годишните времиња. Доколку оската на Земјата не се извитка, аголот секогаш ќе остане ист. Во зимна сезона деновите се пократки, а ноќите подолги, затоа што сончевите зраци ја погодуваат земјата со плитки агли, а со тоа губат и енергија. Односно е сонцето пониско над хоризонтот за разлика од летната сезона. Потоа, кога деновите се подолги, сонцето се издигнува повторно високо, но полека, а така се зголемува и денот.

    Земјата кружи по елиптична орбита околу сонцето, ама не секогаш ја има истата брзина. И како резултат на тоа, растојанието меѓу сонцето и земјата, постепено се менува во текот на годината. А годишниот циклус, зависи исклучиво од наклонот на оската на Земјата. Поради истово, сонцето се крева во текот на летото високо над хоризонтот, останува долго да се види и загрева правилно, без да ја губи енергијата на топлина, како во обратниот случај. Во зима, деновите се кратки, сонцето е ниско и дава помалку топлина, иако е малку поблиску до нас, па дури и се чини дека е поголемо.
     
    На theowndemon, buba4e89, crimson и 3 други им се допаѓа ова.