1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Концерти

Дискусија во 'Музика' започната од Ariel, 29 март 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.119
    Допаѓања:
    138.034
    Дали често одите на концерти, и кои би ги издвоиле како најдобри?

    Јас многу сакам да одам, бидејќи доживувањето е единствено, особено кога сум на полн стадион со луѓе кои ја сакаат истата музика, го скандираат името на групата, прават бранови :lol: ... уф адреналин!

    Минатото лето бев на У2, и со оглед на тоа што ова е омилената група, разбирливо е дека тоа ми бил омилен концерт :D Екстаза!
    Исто така и концертот на Лени Кравиц во Охрид, веројатно затоа што и него многу го слушам, всушност мобилниот ми ѕвони со песна од него веќе 3-4 години :D

    Сакам и да одам на џез, само не ми се бендисува публиката на џез фестивалот овде :D И на филхармонија исто.
    А да не заборавам дека златно славејче, супер ѕвезда и поточиња не смеам да ги пропуштам :lol:
     
    На missbotwin, chips.for.free и Lemon им се допаѓа ова.
  2. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    57
    Еден од последните концерти на којшто бев беше оној на Дајана Крал во Универзална, и прекрасно беше. А и на Карлос Сантана минатото лето, тој ми е особено драг затоа што билетот ми беше подарок за роденден :D Ќе си умрам од мака што не можев да одам на U2, ама се надевам дека следниот пат кога ќе бидат во близина, макар и со бастун да бидам, ќе одам :lol: Инаку, редовно си ја посетувам филхармонијата.
     
  3. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    не често ама одам на концерти барем на 3 - 4 годишно :oops:
    ете од летоска ќе го издвојам Боб Синклер во Охрид што беше....а од претходното лето Моранди :D :D :D

    и се разбира на Тоше концертите беа незаборавни ама тоа е.... :( RIP...
     
  4. Simona-M

    Simona-M Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Многу често. Т.е. редовно.
    Надвор од земјава сега за сега само еднаш, но затоа тука не пропуштам концерт.
    Последно поголемо што бев ако не се лажам Таксират и ZZ Top, па сега чекам билети во Југотон за BIg 4 во Софија.
     
  5. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    89
    Mnogu sakam da idam na koncerti....nezaboravni ke mi ostanat koncertite na Tose :( a isto i na Vlado Janevski i Zdravko Colic.
    Krivo mi e sto ne otidov na The Rasmus vo Hard rock koga bea eeee kojznae dali ke dojdat pak tuka neveruvam.....a isto taka sto ne otidov na Madonna kaj sosedite koga ni bese :D a bi sakala da dojde u Skopje Beyonce
    Sakam da odam sega i na Area ama tesko da si najdam drustvo :D
    [mod-kirilica:2z5ki9g5][/mod-kirilica:2z5ki9g5]
     
    На SashaFierce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Simona-M

    Simona-M Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Кога имаат Ареа концерт??
     
  7. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    89
    Na 16-ti April vo Univerzalna
    [mod-kirilica:3dkt4ybo][/mod-kirilica:3dkt4ybo]
     
  8. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    мноооогу сакам концерти...одам на сите скоро :lol: со оглед на тоа што буквално слушам секаква музика(скоро секаква)...многу често одам, затоа што тоа е посебно нешто, посебни моменти, кои не с еспоредуваат со ништо...до пред некое време најнајомилен пеач ми беше Владо Јаневски, и бидејќи тој скоро секогаш имаше по 3 дена концерти, одев на сите 3 :worried:hock: :lol: и секогаш плачев кога го отвараше со некоја од баладите...на Тошка нашиот ангел излишно е да се коментира, најпосебно доживување...Чолиќ исто е беспрекорен со концертите...на ти си ми у крви мислам дека цела публика е во кома :lol: :lol: ...посебен ми беше и на Сантана, но како најнај посебен ќе го издвојам концертот на ХИМ во соседна Бугарија пред неколку години...бидејќи најмногу ги обожавам, посебно Виле Вало ми е неприкосновен број 1...доживувањето беше УАООООО!!!!!!!впечатоци средувам сеуште :lol: и исто слушнав дека летово во јуни Бон Џови ќе биде на градски :clap: ...и мислам врв :D
    а многу ми е криво што не бев на У2 од х причини....сума сумарум, кај има концерт...ете сум...немора и којзнае колку да ги обожавам луѓето, ама посебно ако е некоја светска атракција...не пропуштам....концертите се маѓесни :lol:
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Јас за жал мноооооооогу ретко одам на концерти, со оглед на тоа што во Охрид и не ги има баш често, а и да ги има, музиката нема да ми се погоди.
    Ќе го издвојам концертот на Ван Гог минатото лето. Е тоа беше.... Како што приспомна Енца, уште прибирам импресии... Имаа после тоа скоро и во Битола, сакав и таму да одам :lol: :lol: ама пара пуста :roll: :lol:
    Иначе многу радо би отишла на концерт на Ајрон Мејден, ама кај доаѓале тие тука кај нас? :lol:
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Нема кај нас концерти во прав смисол на зборот...тоа што сум го видела и доживеала на страна е не споредливо со тоа што тука го гледаме. Металика, RHCP, Рамштајн...греота ми е да споредувам со некој концерт од тука. Единствено впечаток ми остави концертот на Продиџи пред 4 години...иако беше во хала на скопски саем, сепак атмосферата што ја направија дечките беше феноменална, цела публика рипаше во исто време, сите бевме мокри до гола кожа. Ван Гог и Негатив направија добра свирка, но свирка...Жал ми е што не успеав да отидам на Мадона :(
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.119
    Допаѓања:
    138.034
    Бон Џови на градски??? Јас разбрав во Белград... сеедно, ќе одам секако, ама сепак на градски е многу подобра варијанта :D

    Колку што разбрав требаше ГНР во Белград да бидат на 22 јуни, ама се откажа заради тоа што се поклопува со Биг 4 во Софија. И на Биг 4 се мислам дали да одам, ама си викам да не ја претерам :lol: Знае ли некој кога ќе ги пуштат картите и колку ќе бидат (од прилика)?
     
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Ариел јас разбрав за на градски...информацијата ми е од другар кој 2-3 месеца порано ги најави и сантана и 50сент...пред да проструи било каква информација...се надевам и оваа ќе му е точна ;) :D па ќе се видиме значи :lol: за ГНР не сум слушнала...ама тоа не би го пропуштила... никако :D ;)
     
  13. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    89
    Bon Jovi vo Skopje oooo pa toa ke bide super daj boze da e vistina,zasto ako bide u Belgrad ke nemam sansi da otidam ama ako e tuka uuf edvaj cekam :)
    [mod-kirilica:7wso6yeu][/mod-kirilica:7wso6yeu]
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.119
    Допаѓања:
    138.034
    Лелеее, супер ако е на градски!!! Се гледаме обавезно :D

    А ти енца ако одиш на сите концерти ќе се видиме може и во среда ;) :D
    Купив карта, ама следниот ден треба да станам во 4 и да патувам 8-9 саати од кои барем 3-4 ќе ги возам, па се мислам дали воопшто а одам.
    И јас одам на се живо кај нас, а во странство само на тие што ептен ми значат. А овие што дошле - редно е да ги испочитуваме :D
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.424
    Допаѓања:
    200.989
    Пол:
    Женски
    Аааа... концерти... слаба страна ми се... без музика животов не можам да го замислам :D и секако дека мора да одам на концерти ако ми се укаже прилика :D а ако некој ми подари карта за концерт, тоа па ич не пропуштам :oops: :lol:

    Овде кај нас во Македонијава, сум била на концерти од Тоше, Ареа, Влатко Стефановски... на концерт од друг мк-изведувач не сум била, барем не се сеќавам :lol:

    Бев на концертот на Тито и Тарантула пред 7-8 години беше, во Охрид, бев на концертот на Лени Кравиц во Охрид (кај се пропуштало такво нешто?!), пред некое време имаше концерт на Молоко и Кошин, и на нив бев...
    бев минатата година на Il Divo во Белградска Арена, и беше фантастично, тоа беше лани на 26 март (значи една година поминала - ехеј кај ми отиде, а уште не можам да се соберам од тој концерт, а посебно од глава не ми излегуваат моментите кога се поздравив со Дејвид :oops: *sighs*), потоа бев на Енрике исто во Белград (човекот дефинитивно знае да направи атмосфера 8) )...

    Сакав да одам на Карлос Сантана лани, ама либето не ми беше тука, и згора на тоа братучетка ми баш на тој датум имаше отворање на изложба и не отидов... и на U2 во Загреб сакав да одам, ама без либето не ми се правеше филмот, двајцата ги обожаваме дечките и немаше шанси да отидам без него... се тешам, дека ако не успеав двапати да отидам, третиот пат сигурно ќе ја биде :D
    Сакав и на Ерос Рамацоти во Белград да одам, ама не знам зошто не отидов :roll: ај ќе го биде и него :lol:

    Бон Џови на Градски?! ?! ?! И јас сакам да одам, кажувајте ако дефинитвно биде нешто!
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Енца,за Бон Џови слушнав дека ќе биде летово во Белград јас,а Били Ајдол е во Ск на Лизгалиште (ако не се лажам 20ти јуни мислам беше) :)

    Концерти не сум посетувала многу до сега од проста причина што сум мала и неможам да одам сама преку граница без полнолетен до мене. :evil: Ама ајде,сега е брат ми полнолетен па се надевам со него ќе шетнеме. :)
    на концерти на македонски изведувачи неможам да ви опишам колку ми е криво што не отидов на ниеден концерт на нашиот ангел - Тоше. На последниот на градски сакавме да одиме ама немав со кого не ги пуштаа другаркиве...цела вечер се утепав од плачење ко да знаев дека ќе биде нешто ... :? бев на концертот на градски во негова чест меѓутоа не е тоа тоа без него :?
    Бев и на 25ти декември на концертот на Некст Тајм.Можам да кажам дека беше супер.Направија прекрасна атмосвера и целата публика беше на нозе.имаа контакт со публиката,а и ги потврдија вокалните способности.
    Ми останува уште надеж дека ќе отидам на Били Ајдол.
    и искрено жалам многу што не почнав порано да го слушам Лени Кравитз бидејќи ако беше така ќе одев на неговиот концерт во Охрид кога беше,баш тој период бев во Охрид.
    И жалам што не ме родиле некоја година порано за да одам на Вајтснејк на лизгалиште :lol: ама тоа е што е ,некоја наредна прилика ;)
     
  17. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    сега ќе одам на Дејвид Гетта на 9-ти мај :D :D :D

    и кога сме кај желбите сакам Kanye West да го донесат :)
     
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    И јас сакам кај двајцата .. колку е карта за Гета ? :D
     
  19. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    незнам мислам дека уште нема цени кажано...ама на саем ќе било така слушнав :)
    па нема многу скапа да биде докај 400-500 ден. би требало ;)
     
  20. Katja.efremova

    Katja.efremova Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    91