"Почитувани, Ве информираме дека финално е затворен line up- от за Скопје Гори 2011,кој ќе се одржи на 26 Мај на Скопско Кале, како и тоа дека се познати сите детали околу влезниците. Како што веќе ве информиравме headline -ри се Британците Hurts,a потврдени се и следните бендови : електронската европска атракција Gramophodzije , извонредниот белградски реге состав S.A.R.S., хрватските Elemental и нашите Чалгија Саунд Систем. Уште два работни дена влезниците за СКОПЈЕ ГОРИ 2011 по цена од 800 денари од 2-ри Мај влезниците по 900 денари. Искористете ја шансата да ги гледате Hurts, Elemental, S.A.R.S, Gramophonedzie и Chalgia Sound System по неверојатна цена од 800 денари. " ref. www.avalon.com.mk Hurts мора да се видат годинава, како им тргнало којзнае кога повторно ќе дојдат во Скопје...
Почитувани, Со големо задоволство Ве информираме дека еден од најголемите и најконтраверзните артисти на 21-виот век, Amy Winehouse , ке одржи голем open air концерт на Калемегдан во Белград на 18-ти Јуни. Пејачката која продаде повеке од 10 милиони копии на својот албум “Back to Black”, која освои пет греми награди и која импонира со своите вокални способности, своето единствено шоу во овој дел од Европа, го договори да биде во организација на Авалон Продукција. Повеке детали наскоро ... Ваша, Авалон Продукција Почитувани, Задоволство ни е да ве информираме дека веројатно најдобриот rock&blues&soul пејач на светот на сите времиња за прв пат доаѓа во Македонија. Неговиот концерт ќе се одржи на 15-ти Јуни во арената “Борис Трајковски”!!! Човекот кој ги испеа легендарните: “You can leave your hat on”,”Unchain my heart”,” With A Little Help From My Friends”,” Summer In The City”,”I put a spell on you”, "When the Night Comes", "N’oubliez Jamais", “Feelin’ Alright" , "Up Where we Belong" , "You are so Beautiful" … Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 1-ви Март преку системот “купи карти за се”, за цените на рок настанот на 2011 во Македонија ќе бидете дополнително известени. Joe Cocker за повеќе од четириесет години има објавено 21 студиски и четири албуми во живо,продадени во милионски тиражи, уметник со освоени Греми, Златен глобус и Оскар и е од ретките британски музичари кој е добитник на OBE (Order of the British Empire). а неговиот непогрешлив blues&soul глас станува најпозната музичка марка. Но, и покрај бројните пофалби и продажба на милиони изданија, тој се уште сочувствува и се препознава во сите оние кои не биле толку среќни како него, аутсајдери и underdogs. тоа што е икона за идните генерации на музички фанови и музичари и се уште се гледа себеси како победник. Од моментот на појавување на светската музичка сцена,Јое Цоцкер,бележи неверојатно успешна кариера,неговиот прв голем хит “With a Little Help from My Friends”, преработка на легендарната песна на The Beatles,на која гитара свири Jimmy Page,постигнува толку голем успех што истата 1969 година, добива покана да настапи на фестивалот Woodstock.... http://www.cocker.com/us/home Ваша, Авалон Продукција http://www.avalon.com.mk/NOV/vest_iframe.php?newsid=111 Најголемата женска музичка икона на 21-виот век Amy Winehouse и американскиот хит мејкер Moby ке одржат свои концерти на 18-ти Јуни во паркот Калемегдан, Белград, во организација на Авалон Продукција. Покрај нив на сцена ќе се појават и во моментов трите нај експонирани бендови од Македонија, Хрватска Bei The Fish, Elemental, а спектаклот ќе го отворат Србите, Zemlja Gruva. Влезниците за можеби најголемиот еднодневен настан во регионот ќе бидат во продажба од 4-ти Април, a во Македонија ќе можат да се набават преку билет системот “Купи карти за се”(http://www.kupikartizase.com) по цена од : Fan pit – 2750 ден. P1 – 2400 ден. P2 – 2000 ден. Авалон како организатор на настанот во Белград сака да ја информира Македонската јавност и Македонската публика дека ќе се потруди да организира и превоз за сите заинтересирани од Македонија. Имајќи во предвид дека со една влезница буквално можат да се гледаат два концерти, а имајќи и во предвид дека само овогодишните концерти на Winehouse на светската турнеја се движат од 60-100 евра во Белград се очекува огромен број на посетители од регионот па и од цела Европа. На концертот во Белград покрај песните од првиот албум “Back To Black” којшто заработи дури 5 Grammy награди се очекува Amy да исполни неколку песни од новиот албум којшто треба да се појави во продажба оваа пролет. Moby во Белград пристигнува одкако повторно го сврте вниманието на светската јавност со објавувањето на макси синглот со три нови песни којшто можат бесплатно да се преземат од неговиот сајт www. moby.com. Овие три песни ќе бидат дел од неговиот долгоочекуван 10-ти албум “Destroyed”-снимен во легендарното Abbey Road Studio, којшто во продажба треба да се појави на 16-ти мај оваа година. Moby ова лето пристигнува во Белград со 20 милиони продадени албуми позади себе и соработки со најголемите светски музички имиња како David Bowie, Daft Punk, Metallica, Public Enemy, Beastie Boys… Со преку 3000 одржани концерти во својата кариера Moby претставува дефинитивно еден од ретките музичари кој својата кариера ја гради на основа на своите фантастички настапи во живо на кои свири клавијатура, гитара, тапани... Во својата кариера има продуцирано музика за многу познати филмови како “The Beach”, “Heat”, “Tomorrow Never Dies”… 18-ти Јуни 2011-та година, локација Калемегдан, Белград е времето и местото каде што ќе се случи најголемиот музички настан оваа година. http://www.avalon.com.mk/NOV/vest_iframe.php?newsid=116 Задоволство ни е да ве информираме дека најголемиот и најквалитетен бенд на Балканот Парни Ваљак, после 7 години пауза, повторно доаѓа во Македонија и тоа во Охрид точно на Илинден, 02-ри Август. Концертот ќе се одржи во организација на Авалон Продукција и агенцијата Харма од Хрватска на стадионот Билјанини Извори. Влезниците ќе бидат во продажба веќе од 3ти мај низ цела Македонија преку продажната мрежа на kupikartizase.com и тоа по следниве цени 600 денари регуларна цена 800 денари фанпит Две важни информации - Парни Ваљак во Охрид доаѓа со истата продукција која ја имаше на двете распродадени Белградски Арени, Загребачката Арена... Како тоа изгледаше - притиснете тука слика1, слика2 - Со секоја купена влезница следува подарок ЦД кое ќе може да се подигне при влегување на самиот концерт Ваша, Авалон Продукција Parni Valjak - биографија Parni Valjak е основана во 1975 година. За разлика од многу рок бендови кои следуваат, стилски станува се поблиску до поп односно mainstream, особено во споредба со бендови како Prljavo kazaliste или Филм. Како што поминуваат годините, нивното одбивање да го промените стилот се покажа како важен фактор во долговечноста на бендот. Тие се лојални на рок музиката во 1980 и во 1990-тите години, одбиваат да прифатат на елементи на фолк и турбо фолк музиката да станат дел од нивниот репертоар. Поради тоа групата ужива голема почит меѓу многу хрватски рок-критичари, се гледа како олицетворение на "вистинска" рок и урбана култура и многу од нивните песни се смета евергрини во поранешна Југославија како "Sve jos mirise na nju" , "Jesen u meni" , "Ugasi me" и "Zastave". Parni Valjak се фокусираат на релативно мала, но посветена публика веќе 30 години, и нивните концерти кои одликуваат со енергични настапи, и покрај возраста на членовите на бендот: Аки Рахимовски - вокал, Хусеин Хасанфендиќ-HUS - гитара, Маријан Бркиќ Brk - гитара, Берислав Блажевиќ-Bero - клавијатури, Звонимир Бучевиќ - Buch - бас гитара, Дражен Шолц-Sholc - тапани, Тина Рупчиќ - вокал, Анита Млинариќ- саксофон. Во декември 2005 година, Parni Valjak направи проштална турнеја во Хрватска и Словенија на триесетиот роденден. Нивниот последен јавен настап во 2005 година беше на концерт на новогодишната ноќ во "Бан Јелачиќ" плоштадот во Загреб, иако тие изјавија дека повеќе концерти ќе се одржуваат и во иднина. Во ноември 2009 година, тие почнаа Рејунион турнеја во Хрватска. Во октомври 2010 година, Parni Valjak одржа 2 концерти во Белградската арена, Белград, што беше проследено со голем јавен одзив (повеќе од 44 000 луѓе во 2 дена) http://www.avalon.com.mk/NOV/vest_iframe.php?newsid=119
Аmy Winehouse ауууу ми се иде... ја обожавам (поточно песните нејзини) , а најмногу ми се иде на White Sensation у Белград на 21 мај, 50 евра е карта ама од овде нема ништо организирано мислам боље од тоа нема ...
http://koncerti.mk/concert/SENSATION-WHITE.html Има организиран превоз за White sensation... Ама малку е солено
фала на информацијава... МАЛКУ е солено да знаев порано ќе си скратев од се и би штедела за ова... сега некако се нема време и доволно финансии ајде наредна прилика ... некој ден обавезно идам на журкава
пред малку си купив карта за концертот на Каролина Гочева планирам да одам со една другарка(ако е се ок)
Блазеси ти јас незнам дали ќе бидам во Скопје тоа време ама ако сум, сигурно ќе одам, сега викаат дека и Владо Јаневски ќе бил гостин, а и новиве песнички стварно и се поинакви... http://www.youtube.com/watch?v=cLme08aU ... re=related
Многу ретко одам, но дефинитивно концертите се прекрасно доживување. Последно бев на Бијело Дугме, а најголем впечаток ми остави концертот на Лени Кравиц. Од нашиве сум била на Владо Јанески и Тоше. На Владо е прекрасно, а за Тоше немам зборови Инаку би сакала да одам на концерт на Џибони, Роби Вилијамс и Пинк(мака ми е што го пропуштив тој во Скопје пред неколку години)
Прашање до тие што беа на концертот на Каролина, како беше и дали имаше луѓе. Слушам секакви муабети па затоа прашувам...
Феминки, вистина ли е дека Whitesnake и Judas Priest доаѓаат у Србија? :'( Не знам дали е точно, некој ако знае го молам да ми каже!
Женски беше некоја од вас на Хртс, импресии да ни пренесе, не е можно никоја да не била? Јас вчера ќе си цркнев што не појдов (навреме не се снабдив со карти, а и тестот ме спречи), слушав нивни песни и плачев, дур некој се журкаше слушајќи ги во живо, ама ги очекуваме пак во Македонија, тогаш при прва прилика одма купувам, а ако испадне нешто можам и во Хрватска да им појдам . Уф колку ги сакааам бре .
1 Август David Guetta! Нема шанси да го пропуштам овој пат, прошлиот пат го пропуштив ама сега немааа
aaaaaa jaс бев! елеллеееееееее како сум поминала! прв ред бев! HURTS - каков настап, како пееше, колку беа отмени и откачени!!!! бели ружи фрлаше, после секоја песна викаше колку прекрасна публика сме! лелееее се откорнав од пеење! САРС исто беа откачени и мн беше јакооо уште сум под импресии
И јас бев меѓу првите редови, се изнарипав се изнапеав и еве го гласов сеуште ми ренда. Од белите рози што ги фрлаше Тео дечко ми ми фати една се исуши и еве ми ја над монитор си ја гледам и се восхитувам. Беше прекрасно, која дисциплина ја имаа и до некој степен бизарност но беа совршени, сеуште си потпевнувам и ги гледам видеата од Скопје на Youtube.
Јууyхууу: "БАСКЕРФЕСТ 2011" - Интернационален Фестивал на улични артисти и музичари 03.06.2011- 12.06.2011: Од 3-ти до 12-ти јуни низ улиците на Скопје ќе се одржи овој веќе одлично етаблиран уличен фестивал кој на градот во текот на своето случување му дава посебна енергија и шарм. "МОТО ФЕСТИВАЛ" Спојлер "КОНЦЕРТ НА JAMIROQUAI" 03.07.2011 (НЕДЕЛА): * Почеток: 20:00 часот * Локација: Арена Филип Фтори Jamiroquai на големата светска турнеја ќе го промовира извонредниот нов албум “Rock Dust Light Star” како и најголемите хитови од претходните шест албуми!