прејако беше синоќа...ваа неам зборови ! он топик...одам на све што ќе стигнам, една третина од животов (што би се рекло) го имам поминато по концерти....
Последен концерт ми беше Ејми Вајнхаус и Моби во Белград ... Нешто што не требаше да се пропушти и покрај коментарите за Ејми .... Па драга Ејми почивај во мир !
Имам одено на концерт на Владо Јаневски бев на Тиесто лани во Скопје беше лудило сега хмм немам време за на Дејвид Гета ааа би сакала да одам на концерт на Роби Вилијамс и Бруно Марс
Бев на концертот на Токсикологија и претх0дната и 0ваа г0дина...бев двапати на Таламаска - в0 Скопје в0 Coll0seum и Градиште на 23ти Јули...ќе 0дам на Carl Cox сега в0 пет0к...иии на David Guetta ист0 [: 0дам на к0нцерти...најубав0 ми е [:
Имам карта повеќе за Scream music festival во Охрид на 31 јули.Ја давам поефтино до продавница.Инфо на 076/294-769 Никола
Каролина Тоше Слаткар Тони Зен Бјело Дугме Владо Јаневски Рибља Чорба Суперхикс Дивље Јагоде Прљаво Казалиште Ван Гог Дејвид Гета
Сакам многу концерти ! Али не сум била уште од концертот на Жељко Јоксимович кој што беше во салата Борис Трајковски! Сакав да отидам и на овој на Guetta во Охрид, али далеку сум, па немаше теоретски шанси
Сношти бев на Охридскиот Џез Фестивал - Васил Наџиманов Бенд настапуваа и беше прекрасно. Многу се изненадив и од посетеноста (во позитивна смисла) http://www.youtube.com/watch?v=NLCCC691Dk0
Само што се вратив од концертот на Bizzy. Преубаво беше, иако немаше многу гужва. Доказ дека беше супер е моето зарипнато грло, а воедно и на целото мое друштво.
Бев за време на концерто на Здравко,во Македонија и отидовме како за песна-две,останавме последни,екстра помин бешеее,кога би имала Ријана концерт во Италија или Македонија,не би ја пропуштила( од оправдани причини,не дека многу ја обожавам и слушам)
Има многу пејачи и групи на кои сакам да одам на концерт, но уште одамна животна желба ми беше да идам на концерт на Мајкл Џексон, Бритни Спирс и Роби Вилијамс. За жал, Мајкл Џексон само по дома ќе си го слушам, на Бритни бев во јули на концерт во Чикаго и ми се исполни желбата, сега останува уште Авалон да го донесат Роби, а сигурна сум дека не има многу во Македонија што го обожаваме Роби. Инаку, на концеротот на Бритни беше феноменално, не се опишува со зборови, такви концерти кај нас не се прават, тоа е цело шоу, и глума и кореографија и специјални ефекти и музика, се склопено во една комплетна целина за да биде интересно за публиката. Open act на концертот беше Ники Минаж и она направи прекрасна атмосфера, многу е откачена девојката и има интересни песнички. После кога излезе Бритни на сцената настана лудница во арената, американците ненормално ја обожаваат Највеќе од се ми се допадна тоа што пееше во живо, обично нејзините турнеи се најчесто на плејбек со исклучок на некои бавни песни кои ги пее во живо, но на последнава турнеја пее во живо. Утре има концерт во Загреб и да има како пак би отишла..
Сум била на 3 концерти на Рибља Чорба, утре ке ми биде 4.. едвај чекам, страшно ги обожавам момците. Желба ми е да им одам на концерт на Дубиоза Колектив и Сајпрес Хил. Здравје кога ке и тргне на државава
Еве де, Дубиоза ќе бидам во Колосеум на 25.11 , а Be Real од Cypress на 27.11 . Во склоп со Таксират..
Вечер Фолтин имаат концерт во рамките на Cinedays во МКЦ (кино Фросина). Во 23:00 е проекцијата на филмот Morfin - A Mark Sendman story, а во 00:30 почнува концертот „ФОЛТИН” (doin’ Morphine). „Фолтин имаат своја визија за музиката на Morphine. Интересна и несекојдневна можност да ги слушнете Morphine низ призмата на Фолтин”.