Јас ќе одам со една моја пријателка од средно , навистина мислам дека картите не се прескапи , бидејќи сепак Жељко е Жељко , секоја година приредува извонредни концерти а и плус оваа година почестен гостин ќе биде и Хари Мата Хари .
Сакам и јас да одам, ама нема со кој. Изгледа луѓето се позаинтерисирани за концертот на Аца Лукас, отколку за Нокаут.
Ај Аца Лукас и јас имам некои флеш моменти после кафана да одам на негов концерт еднаш да видам како е, реално нема некој што не знае некоја песна од Аца Ама она Балканското сељачко весеље што го рекламираат со фолк до бесвес уф убаво си пиша Саја еден пост во СДК една бомба таму да се џитне, нека е димна, доволно е. Инаку ајде Старбакс на Нокаут Пред некое време кога беа во Колосеум не бев тука, ама сеа се надевам нема да ги испуштам, јес да лошо е што се во кнап време, Нова Година коа се нема пари ич, ама па ефтина е картата, а плус имаат и супер гости Игор Џамбазов, Фиц (Студени Нозе) и Мио (Д.Н.О.) А Жељко не се преценил, Гуливер агенцијана претерува. Жељко не ја одредува цената на картата, тоа си е задача на организаторите. Видоа минатиот пат тутма за дупло поефтина карта, а сеа пак ќе е тутма. Другиве организатори внимаваат повеќе на картите, Авалон на странскиве изведувачи 1000ка карта ставаше, а Гуливер на Здравко Чолич, на една Цеца става 1000ка, на Оливер Драгоевич 700. Ненормална работа.
А карти за Жељко ќе има низ другите градови или само Скопје? Поточно за Велес ми треба каде ќе има, ако има..?
Никој не ни е крив, си знаат србите / хрватите каде да си прават пари, колку сака нека е карта, македонче секогаш ќе дава пари за нив и ке полни сали.. Еднаш да не им се наполни сала на концерт, да видиш како ке молат и ќе им бидат џабе картите
Кога ќе ги пуштат во продажба картите за Нокаут? Знае ли некој колку ќе бидат? Јас бев во Колосеум, ама сакам пат. Спомени од младост, шта чеш
Последно на кое бев беше лепотанов Fedde Le Grand на ЕХИТ 11 или скоро мнн мнн нешта од ЕХИТ http://www.youtube.com/watch?v=JBhBbxm4 ... e=youtu.be Fedde Le Grand - So Much Love (Official Music Video)
Побрзајте, картите до 15 Јануари се 400 денари http://www.vecer.com.mk/default.asp?Ite ... 65F34643E0
Последен концерт на кој бев беше сега пред неколку месеци и беше нешто најпрекрасно што имам доживеано... George Michael - ЛУДНИЦА ЛУЃЕ, ЛУДНИЦА!!! Концертиве во државава наша не можат ни одблиску да се споредат, звукот кај нас е катастрофа во саливе- има преголемо ехо и после уши болат, па ќе болат. Ова на George Michael беше неверојатно нешто, имаше на средина на салата добра екипа од 30 луѓе кои го регулираа звукот и одбивањето и баланост од звучник до звучник. Е тоа е професионалост.
KONCERT!!!! Se davam se pravam za dobar koncert. Ja obozavam ovaa tema. A kolku pari imam potroseno na koncerti festivali i patuvanja za istite ni samata neznam . Posledno nesto sto me impresionira bese "30 Seconds to Mars" . Se najdov vo Francija pred 3 meseci i oni imaa togas francuska turneja. Od tolku koncerti sto imam otideno niz Evropa ova bese Spektakularen. Da ne pocnam od zgodniot Jared Leto sto pravese na scena kakvo izveduvanje , peenje luduvanje. Se ezam samo sto ke se navratam na taa nok. Fenomenalen bend od togas mi e opsesija. Koj saka dobar rock i akustika neka gi slusne. Obicno za vakvi koncerti se trudam napred da stojam pogolema euforija e neli megutoa nemav sansi sega, tolku narod da ne recam tolku zeni se istepaa za napred da stojat duri ima i posebni karti da kupis da imas rezervirano po prvite redovi. Ludilo edvaj cekam pak da imaat turneja i palam odam. [mod-kirilica:g0ya24l7][/mod-kirilica:g0ya24l7]
Нешто слушнав некој ќе има концерт на 28 мај???Слушнав ама не дослушанав,бев во друга соба. Кој ќе настапува сакам да одам. Знае ли некој да ми каже ?? Разбрав дека картите биле 1200 .
Заз ќе има концерт во Универзална Сала , картите се движат од 800 до 1200 како што разбрав Најгоре да седиш се 800 , да стоиш 1000 , да седиш на нормално место 1200 и ложите беа поскапи Јас дефинитвно одам
Ne odam mnnogu na koncerti no sledniot na koj kje odam e na Red Hot Chili Ppeppers vo Sofija Can't wait
Белиебер15 фала што ми кажа. Јас ќе си купам од 1200.Може и јас да дојдам..да ја видам и неа..хуху..никогаш не ми е на одмет да одам да концерт безразлика дали се работи за омилениот пејач или не. Доаѓам..