АПРИЛСКИ SUPER URBAN FESTIVAL Априлски Super Urban Festival 07 Април, Метрополис Арена, почеток 21:30 часот.... Неповторлива журка... Концерти во полн состав... Dj програма... Настапуваат: Тони Зен, Valentino Kanzyani, Нокаут, Skazi... Warm up dj's Lephonq, Navigator Карти во продажба преку продажната мрежа на Купи карти за се. Првите 2000 влезници се по цена од 300 денари. Цената на Vip и Fan Pit билетите е 400 денари. Anyone? Спојлер Јас дефинитивно ДА! http://www.youtube.com/watch?v=mUjbeyqh ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=o1GpEhUu ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=YY40ACNH ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Hi0HH040 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=JSLzsSbx ... re=related Иако главната причина ми беа Нокаут.
^ Па на дедо му е именден тогаш. Ќе се размислам сепак, добар избор. Последен концерт на кој бев беше Влатко Стефановски - Kings of strings и беше феноменално. Останав без здив, после тоа не сакав да одам никаде низ градов, за да не си ги уништам прекрасните импресии.
Би одела на Априлски Super Urban Festival но нема да успеам. А како би одела на Скази ауу. Ќе видам летово да не го начекам во Израел или некаде, не знам... Сега сум во исчекување на ЗАЗ. Ќе одам, се надевам дека ке биде добро организирано. Ама најмногу чекав Black Sabbath значи се' беше средено и после објавија дека Томи (гитаристот) бил тешко болен и концертите нема да се одржат а требаше во прва постава да свират. Ама после објавија дека Ози сепак доаѓа башка The Cult доаѓа а нив многу ги сакам. И Слеш доаѓа, ohh yeah! Ќе бидат и Paradise Lost, Санаториум и Satyricon. Can't wait.
И јас не одам многу на концерти. Бев на сите концерти на Тоше,сум била на концерт на Ж.Јоксимовиќ, на Кирил Џајковски...Toa додека бев во Македонија! А откако дојдов тука (Фр) испуштив многу добри концерти Shakira,Britney Spears,Scorpions... итн итн. Многу сум глупава,знам! Ми беа пред нос,не отидов! Али следниов не го испуштам Guns n Roses !!! I can't wait!
Foo Fighters на 15ти август во Прага! Бубрег чинам ќе продадам за да отидам. Радо би пропуштила одмор за ваков настан. Покрај FF, очајно сакам да присуствувам и на концерт на Muse, Kings of Leon, NERD и Justin Timberlake. Наслушнав дека Лени Кравиц ќе дојде во септември и кај нас? Деца, не го пропуштајте тоа! Дај боже да е вистина, одам и ќе биде магично.
^^Прошлото лето требаше да одам, нали, рипав од среќи и радости и после два дена искочи дека е некоја австриска првоаприлска шега Жими све се расплакав. И не бев сама, со другарка ми си плачевме двете дружно Damn, датумов бе! На свадба сум кај најдобар другар утредента, не ми се судени изгледа На Kings of Leon другарка беше два пати и ми рече, дека со зборови не се опишува, и од тогаш сонувам и јас за нив. Туку, дечки Orbital, Public Enemy, на Скопје гори, иде некој? На Public Enemy сум била веќе на концерт, во Прага, многу одамна, мислам 2000 беа, и беа повеќе од одлични, онака, хип хоп дедиња шо рипаат на сцена ама Орбитал, уф! Ептен ми се прави мерак да ги видам.
Ова кога ќе донесат музичари со изминат рок ич не ми се прави ќеиф со концертиве што се прават кај нас, треба да се вратам назад пред 10год што сум слушала, за да појдам на концерт на некој сега што ќе го донесат. Најдобар концерт на кој сум била беше на Бладхаунд генг на скопско лизгалиште пред едно добри 5,6 години. Страшно добра журка направија дечките, баш шоу, не беше обичен концерт. Ги сакам нашиве музичари кога прават концерти Суперхикс, Фолтин, ТБ Трачери, К.УР, секогаш е забавно, интересно и многу весело. Ми беше убаво и на Нувел Ваг, сакав да одам и не зажалив, беше баш тоа што очекував па може и повеќе А кога ќе донесат некое звучно име, па ги гледаш таму набутани луѓе што во животот не го слушнале бендот, ама познат е, славен, па мора после да се фалат дека биле у први редови, а уствари дремат ко морони со скрстени раце ко бодигарди, а у меѓувреме женските им нивни со минич до пич и штикла 20ка фрлаат гаќички по пејачот, зашто бил убав, а врска немаат како се вика...
Ја би сакалa вака една музичка желба од Лени Кравиц, да ми ја запее на увце `I belong to you`. Тоа нежното музиче у позадина ми иде цела ноќ да си го слушам како ми одзвонува тоа `тин-тин`, ту бре како релаксира само. Жими се, човеков старее или што ?! Нејќе бре брате, не се дава, остава женски уздахе сеуште. Ја би на концертов со мајка ми да идам, не дечко ми. Ама стварно, со дечко ми слушаме и сакаме иста музика, и имаме заеднички омилени песни, али ова било некое време на мајка ми. Значи ретро музиче, и постари извоџачи од страна, со примеси на диско-фанк ууу одлепуваме и двете. Ја би вака, Сантана опет да дојде, пак мајка ми би си ја зела за придружба. Оној пат кога дојде нити бев во можност финансиски да појдам, сега радо би. Џастин Тимберлејк, Кристина Агилера, Џорџ Мајкл, Мараја Кери, Том Џонс би сакала да уживам во нивен концерт, некогаш. А од сега веќе починатите: Гери Мур, Реј Чарлс, Џејмс Браун, Ејми Вајнхаус. Тие ми останаа неисполнета желба, штета.
Лени да не го пропуштате - во Охрид одржа супер концерт, не се сомневам дека и скопскиов ќе биде на ниво. А јас си имам мака... една од моите all-time омилени групи, ќе одржи дури три концерти во нашево соседство. Картите имаат пристојни цени. Им бев на концерт во 2009, во Белград, пак ќе дојдат, а освен тоа и во Загреб, и во Софија, датумите се 17, 22, 25 септември. Арно ама... јас не можам да одам. И ќе си гризнам од газот за тоа...ах тој септември!
Јас за една журка овде ќе си прашам. Видов Example во Скопје на 7ми јуни ама ни каде ни како ни колку ни што. Можеби некој знае?
Го пропуштив минатиот концерт на Лени бидејќи ми се поклопи со одморот, ама годинава што сака нека биде, мора да одам! .. Многу сакам и на Ред Хот ама нема да можам да си ја дозволам картата сега A моја желба за да присуствувам на нечив концерт е Роби Вилијамс! е тоа е веќе друга приказна
Денес бев да прашам за карти во Југотон за концертот Warior's dance каде што настапуваат Prodigy во Београд на Калемегдан, и девојката ми кажа обична карта 2100, а другата е РИП и кошта 3300. Е сега, дали некој знае што им значи ова РИП? Значи не е Вип туку Рип.
Kако најубав и најомилен ќе го издвојам концертот на Токио Хотел, пред две години на 28 март во Белград. Не можам да ви опишам колку беше убаво, секој кој смета дека не се добри во живо, дефинитивно не им биле на концерт Исто така меѓу омилените ми се на Placebo, Prodigy и David Guetta.