Во јулии го чекам и дишам за ЕХИТ- Нови САД и 1ви СЕП за Ред Хот ...во Софија мислам, дека тоа ке ми наполни батериии за сее !!!
Јас сакам на концерт кај Gipsy Kings и Pink. Кај Pink бев пред повеќе години кога беше во Скопје, ама сакам пак
Здравко Чолич - 01.08.2012 Картите се во продажба од 20 јуни Терен - 600ден. Фан Пит - 1200ден. ВИП - 3000ден. Продажни места - ОРФЕЈ и сите Tobacco Together салони во Македонија... Концертот започнува во 21 часот...
ГРАТИСИ за EXIT: http://www.facebook.com/ronihillcrew На странава даваат гратиси за сите денови, превоз и место за шатор и тоа одбираш плус уште еден да оди со тебе гратис! http://www.facebook.com/ronihillcrew/ap ... 4411807365 Не само за EXIT следуваат и гратиси за уште многу други ТОП концерти
Знае ли некој кога почнува концертот на Дјуран Дјуран? Колку време ќе свират Нокаут? Ептен ми е важно Фала однапред
^ Нели концертот почнува во 20:30, колку што разбрав- Нокаут ќе имаат 40минутен настап, па најверојатно Дјуран Дјуран ќе се појават на сцена кај 21:15, до 21:30 според претпоставки би требало да биде почнат концертот.
Боже кај оди светот? Огромен обожавател сум на Здравко Чолиќ, редовно му одам на концерти, но цената на овие карти е бесмислена, од неколку причини. Најевтината е 600 ден, и тоа на терен, што оди позади фан питот (кој патем е простор кој зафаќа половина заградено игралиште од Билјанини Извори). Апсолутно нема да видите ништо (барем така беше за оние што имаа карти кога Лени Кравиц имаше концерт таму). Фан пит - 1200 ден???!!! Пред две години , некоја недела пред Нова година беше 1000 ден. за во Борис Трајковски. Се помисливме едно 10 пати со мајка ми, ама ајде, решивме да се почастиме, демек предновогодишно, и сепак имаше нов албум, нови песни, па ајде некако ја оправдуваш висината на картата. Епа 2 години човекот нема нов материјал и имаш 1200 ден. карта? Ова е просто безобразно, го знаат ли луѓето стандардот во Македонија, или сме само овчички за стрижење? Не ги оспорувам неговите квалитети ни најмалку, ама Лени Кравиц и Пинк ги гледав за 1000 ден, и 50 cent за 1500. Оваа цена за Здравко Чолиќ е бесмислена.
@ludoto Минатиот концерт беа по 1000 за на терен, 1200 за трибини и 1500 во фан-пит. Не би требало и оваа година да се многу различни цените.
Картите за Лени се веќе пуштени во продажба, уште пред речиси еден месец. Цените се: REGULAR: 1000 денари (стоење) FAN PIT: 1500 денари GOLDEN SEATS: 1500 денари ТРИБИНИ: 1200 денари Јас уште не сум купила, и се мислам што да правам. Би земала на трибини, ама озвучувањето не е добро, на трибини многу лошо се слуша. А на стоење ќе биде малку напорно, сепак јас сум жена во години
На концертот на Лени во Охрид имав купено карти за ВИП, ама наместо да е пред мене, како што рекоа, беше уџум, лошо се слушаше а ич не се гледаше, па се симнав на терен и си поминав топ! Секогаш претходно сум купувала „обични“ карти, не знам што ми стана тогаш, ама за сигурно се зафрканв. Атмосферата е секогаш кај тие што се дојдени да се мрднат од концертот, а не кај тие што се сликаат или позираат (ноу офенс) Како што беше и на Дјуран дјуран- магијаааа.....
И јас на минатиот концерт имав земено ВИП-карти. Очекував дека ќе бидеме поблиску до бината, зошто беа поскапи од регуларните, а бевме сместени на трибини. Искрено се осеќав како да ѕиркам од страна, а не како да сум на концерт. Авалон треба повеќе да вложи и во озвучувањето особено кога доаѓа ваква ѕвезда, ама Лени направи таква атмосфера што сé ова не е ни битно. http://www.youtube.com/watch?v=UuREqcWdwsI Да се потсетиме малце.. Многу се радувам што после 4 години ќе имам можност да го видам пак, таков човек не се пропушта па колку сака нека е картата! Уште се ежам кога ќе си го премотам филмот на некои моменти од концертот, буквално ми предизвика бура од емоции со секое соло и секој рефрен. Ма, колку и да објаснувам не можам да го доловам тоа на оние што не биле. Еве ви сега втора шанса.
И јас со душа чекам 2 октомври...Лени Кравиц,па тоа не се пропушта ! Иначе до сеа сум била само на Влатко Илиевски,и толку.ГНР кога беа во Белград пред некое време немав можност да одам,а толку ми се одеше што дури и се расплакав вечерта,и сега во Софија кога беа пред некој ден,исто така неможев да отидам.И за тоа ми е многу криво,ама тоа ти е. Ај нека дојде некој во Македонија аселен.Само Цеца и Чолич ни ги носат -.- Еднаш жими тоа што го донесоа Били Ајдол,ама не бев тука и тотално се разочарав...
http://www.facebook.com/groups/BFF.Macedonia/ http://www.facebook.com/belgrade.foamfest.official Ова би требало да биде една од најинтересните журки на Балканов. гледав видео на youtube- прекрасно http://www.youtube.com/watch?v=du4NkPU3 ... ture=share како ви се свиѓа?
Пред некој ден прочитав нниз странициве за здравко чолич концертот дека нели тие што се на терен не се гледало ни бината ни пеачот ни ништо... не ми се даваат 600 денари за без врска.Ако може некој со искуство што бил на билјанини извори стадионот на концерт...или нешто да ме информира ќе бидам премногу благодарна