Концерти - е тоа е нешто за што навистина живеам! Омилен ми е секако на Whitesnake!!! Мислам чувството е незаменливо, транс, екстаза....ууух...... Бев и на ZZ Top, дечките се супер, мислам стварно беше топ. Да не ги запоставиме и нашиве како што се Влатко Стефаноски, како звучи во живо тоа е неверојатно... ПОтоа Леб и Сол, (новата постава) тој нивен етно џез - убија, мислам се гордеам што Македонија има такви музичари и што сум Македонка Што знам, сакам да одам на класика концерти, на пр Симон Трпчески, мислам човекот не е нормален, лудило, како звучи само.. Иначе годинава во Ск е Billie Idol а на гитара ќе биде Steve Stevens, 2 во 1! Metallica, Black Sabbath, Slayer, Magdeth и Antrax се во Бугарија на 22. И да Bob Dylan доаѓа во Ск исто во Јуни. А во Белград знам за Клептон а за ГНР не е сигурно
Kатјичка, како што пишав...еден другар го најави...мислам си пиша на профил на фб.....а му верувам од проста причина што и пред воопшто да се спомне дека Сантана доаѓа на градски, и 50 цент исто ги најави...можеби два три месеци пред и да се спомне дека ќе дојдат...така да ова ми остава простор да верувам дека и за Бон Џови ќе биде така...се надам баш сеа да не ја утне...ако имам уште нешто одма ќе ви пишам
е ако дојде Бон Џови планирајте ме и мене и јас идам не би пропуштила такво нешто а последен концерт на кој што бев е на ЦРВЕНА ЈАБУКА и морам да признаам беше многу убаво
На концерти како помала имам многу често одено на оние детските концерти и кај Мишо Ковач мислам дека има еднаш отидено Сега вака самостојно што би се рекло имам отидено кај Ламбе значи се немав договорено со ниедно другарка ни една нејќеше да иде и имав некој верба дека тоа ќе успее така ја да сум таму сама,повеќе ми викаа што ќе идеш сама што ќе правиш не знаеш никоја таму но сепак отидов и прекрасно си поминав како прв концерт на кој сум отишла сама значи беше пренјаубаво и мислам дека вака поубаво си поминав отколку со некој И бев кај Некст Тајм на концерт и таму бев сама и таму преубаво си помининав Значи и да немате друштво никогаш не се откажувајте одете и забавувајте се
Картите за концертот на Били Ајдол на 20 јуни се веќе во продажба, и чинат 1000 и 1500 ден. Концертот ќе се одржи на лизгалиште. Едвај чекам
:y: Колку само сакам јас да го донесат него, а да не зборувам за N.E.R.D. и Pharrell W. Многу сакам концерти, целата таа атмосфера, дури преминувам и преки чекањето во ред (добро и нема баш некој ред, ама ајде) нервозата, буткањето, потечени вени од стоење... ама АКО! Најубав впечаток - Lenny Kravitz во Охрид и 50 cent - вистински звезди во секоја смисла на зборот. Ги засакав уште повеќе Редовно одам на Здравко Чолиќ, Здравче си е Здравче што би рекла мајка ми. Од домашните - нормално тие на Тоше, незаменливи, бев и на неколку на Калиопи... Од пред неколку години така фин впечаток ми оставија Moloko и Faithless. А концерт на кој не отидов, а САКАВ, и бев очајна што не стигнав и сакам да си апнам од г'зот сега од мака - Beyonce во Загреб.... Ах....
Кој беше на Жељко девојки ? Јас не бев , беше моја другарка и било хаос ради фалс карти До кога бе вака ? Идеш да си поминеш убаво и ни крив ни дужен не те пуштаат внатре ..
Им се видело на обезбедувањето многу луѓе и проверувале со некое апаратче . Ама пази , некои што имале фалс ги пуштиле , и кога виделе дека многу народ има внатре , веќе не пуштале . А знаеш колку платила некоја жена од тие што ги шиткале , што биле фалс? 3000 дала .. и не ја пуштиле внатре , почнала да се дере .. што е и нормално .. пола саат само не можеле да влезат . Срамота е ств ..
Стварно срамота. Најлошо е што стварно има луѓе што заработуваат на тој начин... нормално дека жената ќе се дере, не може едни да пуштаат, а други не... јас слушнав дека концертот бил предобар, иако самата не би отишла, не го слушам.
Јас после вчерашниот концерт сфатив дека не сум човек за идење по вакви настани.Барем не повеќе. Вчера почна коцертот накај 9 и 15 и иако е тоа нормално стварно се изнервирав и почнав да зборам нешто од типот Па што се замислува он дека е, јас него да го чекам, да си го трошам времето на некој си таму... Башка гужвата ме уби во поим и бев спремна да се размавам, ама среќа до тоа не дојде И така си сфатив дека е попаметно од домче да си гледам концерти и кога сакам јас тогаш да почнат
Сакам и јас, баш сега ја слушам Сакам и на ne-yo, kanye west i N.E.R.D. Ама ќе се задоволам со Mr. Billy Idol... Добро е, добро, а ич па?
Лелее не ми се верува, конечно да слушнам дека некој го сака Ne-yo Секогаш кога ќе спомнам дека многу го слушам Ne-yo и сите ми викаат Кој е тој??? Или само по една две песни знаат од него и толку А тој е еден од најталентираните музичари и преубави песни има, само повеќе за други пејачи прави песни отколку за него. Баш ми е мило што конечно најдов некој што го сака исто како мене Заедно ќе му одиме на концерт