Билети во предпродажба во музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1 кат и онлајн преку Купи Карти За Се, по цена од 700, 800 и 900 денари. 19 - ти Април арена Борис Трајковски!!
Немам одено на концерти, али би сакала да одам на концертот на Depeche Mode во Белград во мајј и тоа какоооо
Ај точен датум од концертот на Депеш мод во Белград ако знае некој нека каже плус колку е карта и кај може да се купи?
Концертот на Depeche Mode во Србија е на 19ти мај. За карти за во Белград не знам, но за во Софија знам, и повеќе можеш да видиш овде: http://www.kupikartizase.com/Events/depeche_mode. Јас ќе одам во Софија на 12ти мај, 19ти ми е веќе колоквиумска
Беше некој вчера на Бијонсе? Споделувајте импресии за тие како мене што ќе си пукнат зошто не отишле..
Јас бев вчера на Бијонсе и дефинитвно ми е едне од најдобрите концерти на кои сум била и кои секогаш ќе ми останат во сеќавање. Малку закасни концертот, ама од кога почна многу брзо ми помина времето. Бијонсе како и секогаш предобра и многу ми е мило што имав прилика да ја слушнам и гледам во живо. Најмногу што ми е криво е тоа што снемав батерија во апарато, а претходно го имав наполнето, а тоа што снимав во тел ништо не излезе. Ама сепак како и да е предобро си поминав и уште си ги средувам импресиите
Многу сакам да одам на концертот на Бон Џови во Софија, меѓутоа не можам да најдам агенција која што нуди карти и превоз за нив. Фибула травел нудеа превоз и влезница, ама не ми се сигурни, велат ако се собере кворум,не знаеме дали ке се реализира турата итн..а јас сакам да уплатам и да знам дека сигурно ке одам Ве молам доколку знаете каде можам да купам влезници во МК за овој коцерт, пишете. Фалааа
Нели Југотон организира превоз, со доплата од 1550, или тие се Фибула? Ќе ја убијам другарка ми што ми откажа за на Бон Џови, јас ги стискам парите 8 месеци, она- немам пари , во 5 до 12. Ај белки ќе се предомисли, во 1 мин до 12 да и останат пари, уште карти да има...аххх судбиноооо зошто ме искушуваш.
Југотон уште немаат ништо ставено на сајтот, ама сепак имаат понуда за Бон Џови, само што се јавив ) Превозот им е 1300 денари, а цените на влезниците почнуваат од 46 евра. Lunaria фала на идејата
јас бев и беше најубавото нешто што сум го видела поише од што очекував да бидам искрена ..единствено нешто во што не се сомнеав беше нејзиниот глас нели ама затоа стејџот танчерките бендот и придружните вокали ме оставија со отворена уста..секоја чест за B
Исто и јас бев и можам да кажам дека поубаво во животот не ми се случило. Значи бината, ефектите, бендот, танчерките и Бијонси, се беше на ниво. Кога ги гледам клипчињата на youtube се ежам. Башка концертот траеше 2 часа и не ги сетив. Се надевам дека пак ќе дојде мора да се почуствува тоа пак.
Не го разбирам моментот дека ако одиш на журка- да речеме на Карл Кокс морално било да се има и трева(читај мара) да се пијат апчиња(екстази) и тоа да се прави од дечиња со многу големо „искуство“ за Жур... ОК бев на Карл Кокс беше ужас невиден ... 99% од лугето беа таму само за трева и за апој !! Никаква журка немаше нити пак беше нешто посебно !!! Еден ритам ,една музика, едно ИСТО ... со еден збор крш
прочитав дека желјко јоксимович ќе има концерт во охрид на 3 август... дали се знае нешто повејќе во врска со цената на картите... би сакала премногу да одам на негов концерт.. на пиво фестот беше одличен...
ОБОЖАВАМ да одам на концерти. Се чувствувам исполнето. Најубаво си поминав на Billy Idol кога беше во метрополис и на Paul Van Dyk во Пробиштип. (немам зборови за ова) a-m-a-z-i-n-g.
Ве известуваме дека од денеска во продажба се билетите за престојните концертни спектакли на Балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. 2 август - Петок, Дојран Паркинг Гранит 3 август - Сабота, Охрид Стадион Билјанини извори Билетите се продаваат преку продажната мрежа на Купи Карти За Се' и мктикет, југотон, камарад рамстор, цвеќара Розе веро 2, и низ Македонија во локалните кафулиња, трафики и плоштади. Билетите исто така може да се набават онјалн преку сервисот на Купи Карти За Се' и мктикет. Првите 2000 билети за двата концерти се по ексклузивна цена од 450 денари. За концертот во Охрид, кој што ке се одржи на стадионот Билјанини Извори, билетите за трибините (за седење) се по 600 денари. Концертот во Дојран, ке се одржи на Паркингот Гранит, веќе добро познат и адаптиран простор за одржување на вакви настани. ВИП билетите и за двата концерти се по цена од 1000 денари. ВИП делот се наоѓа близу сцената, и во тој дел ќе бидат наместени сепареа и високи маси, за сите оние коишто ке имаат ВИП билет или ќе сакаат да направат резервација. Жељко Јоксимовиќ за неколку дена ке ја промовира својата најнова песна, која со сигурност ќе биде голем хит. Песната е готова, се чека уште на текстот. Специјалните гости кои што ќе настапат на концертот ќе ги откриеме благовремено.