Наскоро концерт Цената на билетите по категории е следнава: Партер стоење - 400 ден Партер седење - 600 ден Галерија седење - 700 ден Вип Галерија - 600 ден Вип Партер - 700 ден Резервации и информации на телефон 078 96 99 98 ВИП Галерија Jack Daniels + 4 карти = 7.000 илјади Tullamore + 4 карти = 6.000 илјади Finladia + 4 карти = 6.000 илјади Jagermeister + 4 карти = 6.000 илјади Стоби Вино + 4 карти = 6.000 илјади ВИП Партер Jack Daniels + 4 карти = 8.000 илјади Tullamore + 4 карти = 7.000 илјади Finladia + 4 карти = 7.000 илјади Jagermeister + 4 карти = 7.000 илјади Стоби Вино + 4 карти = 7.000 илјади
Најголема желба во животов ми е да ги видам во живо Avenged Sevenfold... Лани требаше да одам на Green Day во Белград ама ми се погоди екстерното баш на ист ден -.- Од бендовиве што ги слушам накај Балканов никој не фаќа, така да или ќе чекам да остарат па можеби да дојдат или да добијам на лото па да идам накај Америка
Сакам да одам на концерти,сум била кај Crvena Jabuka,Тоше Проески,Тоа што беше на 17ти мислам Даниел Кајмакоски и Жељко Јоксимовиќ,и имам одено на Поточиња и Златно Славејче,како публика...Би сакала да одам на концерт на некоја странска пеачка,али пари...Не би дала толку
Исто сум и јас единствено U2 што имаа концерти у Загреб и Атина, ама мала бев, не ме пуштаа... Еххх да даде Господ пак да дојдат наваму, прва ке им бидам на концертот... Значи најмногу си ги сакам
Вечерва првиот од петте концерти на Каролина во МОБ Серијата од пет концерти на Каролина Гочева почнува вечерва во 21 часот во Македонската опера и балет. Познатата пејачка на публиката ќе и ги претстави песните од албумот „Македонско девојче 2“ Каролина ќе настапи со музичарите со кои ги сними песните, што за неа ги напиша Никола Мицевски. Тимот, е подготвен за вечерашниот концерт, а како што велат и на пробите било весело и распеано. Публиката веќе ги знае „Чалгиска“ и „Две лири“ од новиот албум, но ќе ги слушне и: „Кој да ми запее“, „Вези, вези“, „Сакам да не те сакам“, „Смеј ми се смеј“, „Ќе пијам љубов до крај“, „Сон“, „Те видов и се заљубив“, обработката на „Ако згрешам нека изгорам“, но и некои нумери од албумот „Македонско девојче 1“. Организаторите, „Авалон“ продукција велат дека четири од петте закажани концерти се распродадени. Со секој купен билет посетителите ќе го добијат и новиот албум, „Македонско девојче 2“, кој ќе се може да се купи низ цела Македонија на 25 февруари.
Па не за друго и шести концерт закажала. Она во една недела прави повеќе концерти од некои наши пеачки што имаат направено во цела своја кариера Па за сите бивши дечковци по една карта и толку се картите за пет концерти, мора и шести за нас другите. Кај ќе ги собере сите во еден, многу се
^ И јас баш тоа сакав да спомнам - за публиката. Јас синоќа бев, преубаво си поминав и баш приметив дека немаше деца, све беа господа дотерани Каролина беше прекрасна во секоја смисла! Кога ги гледав сликите на интернет од претходните вечери, ми изгледаше океј, кабаре стил, ама не ми делуваше нешто посебно. Е синоќа кога отидов, видов колку е прекрасна атмосферата. Сé беше многу убаво скоцкано. Од сцена, светло, бенд... Сé! Каролина пееше како славеј, алал да ѝ е. Бендот беше перфектен. Баш со дечко ми (бидејќи он свири повеќе инструменти) коментиравме дека немаа песнарки, ама ниту еден тон не утнаа. Колку добро свиреа, ептен беа синхронизирани. Музичарите беа кој од кој подобар. Како ме наежија на неколку пати... Цедето цел ден си го слушам по дома, сите песни се прекрасни, ама Вези, вези и Кој да ми запее ми се омилени Ако не сте биле на концертов, а има уште останати карти за вечер, обавезно да одите.
Во Скопје??? Пак Били Ајдол??? Аууу, а јас мислев да одам на одмор тогаш. За Били Ајдол одма мењам планови! Симпл Мајндс беа супер! Многу ми се направи мерак! Тоа е еден од тие концерти на кој се вртиш околу себе и се осеќаш... млад
30/02/2015 journals tour ^^^^^^^^ те никогаш нема да одам на концерт зашто сите групи и пеачи што доаѓаат во македонија и србија,грција се некој што не ги сакам
ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ ВО ЈУНИ НА ФИЛИП ВТОРИ АРЕНАТА На 21 јуни, на националната арена "Филип Втори", концерт ќе одржи српската поп-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Организаторот "План Б продукција" вели дека ова е досега најголемиот концерт на Жељко, со најголемата концертна бина монтирана некогаш во Македонија и со најдоброто музичко озвучување донесено некогаш овде. За публиката, во функција ќе бидат ставени трите трибини, јужната, северната и источната. Со овој концерт почнува летната балканска турнеја на Јоксимовиќ. Овој концерт ќе се снима и подоцна пејачот ќе издаде ексклузивно дивиди-издание од него. "Македонија ја има најгласната, но и најверна публика. Еднаш реков: во Македонија немој да пееш ако не знаеш. И сега го велам истото. Затоа во јуни ќе почнам од Скопје. Затоа што вие знаете да пеете, а и затоа што знам дека тој концерт на ќе биде идеален почеток на една голема концертна турнеја", изјави Жељко Јоксимовиќ. Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба утре, по промотивна цена од само 200 денари за трибините и 250 за партерот. Оваа цена ќе важи до 10 јуни. Влезниците за во фан-пит ќе чинат 400 денари и се во ограничен број. Јоксимовиќ двапати ја претставуваше Србија на Евровизија. Еднаш го освои второто, а другпат третото место. Неодамна, ѕвездата стана татко на Коста, а победата на неговиот пулен Даниел Кајмакоски на најголемото регионално музичко шоу "Икс фактор" го потврди неговиот ѕвезден статус. По цели четири години, Жељко издава нов албум, а е ангажиран и околу промоцијата на новата дуетска песна со Тони Цетински, која наедно ќе биде и прва песна од новиот албум. (В.М.)
ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ ВО ЈУНИ НА ФИЛИП ВТОРИ АРЕНАТА На 21 јуни, на националната арена "Филип Втори", концерт ќе одржи српската поп-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Организаторот "План Б продукција" вели дека ова е досега најголемиот концерт на Жељко, со најголемата концертна бина монтирана некогаш во Македонија и со најдоброто музичко озвучување донесено некогаш овде. За публиката, во функција ќе бидат ставени трите трибини, јужната, северната и источната. Со овој концерт почнува летната балканска турнеја на Јоксимовиќ. Овој концерт ќе се снима и подоцна пејачот ќе издаде ексклузивно дивиди-издание од него. "Македонија ја има најгласната, но и најверна публика. Еднаш реков: во Македонија немој да пееш ако не знаеш. И сега го велам истото. Затоа во јуни ќе почнам од Скопје. Затоа што вие знаете да пеете, а и затоа што знам дека тој концерт на ќе биде идеален почеток на една голема концертна турнеја", изјави Жељко Јоксимовиќ. Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба утре, по промотивна цена од само 200 денари за трибините и 250 за партерот. Оваа цена ќе важи до 10 јуни. Влезниците за во фан-пит ќе чинат 400 денари и се во ограничен број. Јоксимовиќ двапати ја претставуваше Србија на Евровизија. Еднаш го освои второто, а другпат третото место. Неодамна, ѕвездата стана татко на Коста, а победата на неговиот пулен Даниел Кајмакоски на најголемото регионално музичко шоу "Икс фактор" го потврди неговиот ѕвезден статус. По цели четири години, Жељко издава нов албум, а е ангажиран и околу промоцијата на новата дуетска песна со Тони Цетински, која наедно ќе биде и прва песна од новиот албум.
Почитувани, Ве каниме на првото издание на бесплатниот настан ЦЕНТАР ВО ЦРВЕНО и БЕЛО Настанот ке се случува на 14 Јуни на Улицата Македонија во центарoт на Скопје Почетокот е закажан за 18.00 DASH BERLIN а е едно од првите 10 најголеми дј-и во светот според реномираното списание ДЈ МАГ (http://www.djmag.com) Има 3 милион фанови на својот фб профил и е едно од најактулените дј имиња на светската електронска денс сцена. http://www.dashberlin.com Забавите во боја со специфичен дрес код се познат светски тренд на забави каде што сите посетители на настанот се облечени во конкретна боја. Дрес код на оваа забава ке биде белата или црвената боја која пожелно е да доминира во горниот дел на гардеробата. За таа цел за да дополнително им помогнеме на посетителите ке поделиме и бесплатни маици во бела или црвена боја(по избор) со што ке се задржи идентитетот на забавата. Исто така ке може да се аплицира за бесплатна маица во една од овие бои и на веб сајтот кој специјално ке биде изработен за настанот а дополнително објавен.На овој сајт ке може да се најдат сите важни информации поврзани со настанот Исто така ќе биде изработен специјален декор за забавата во истите бои кој ке биде поставен по должината на улица Македонија. Забавата ке биде збогатена и со специјални видео проекции, ласерско шоу,огномети и сценски ефекти. Ке биде поставена огромна бина со озвучување и осветлување за 15.000 лица Покрај главниот гостин ќе настапат и голем број македонски ДЈ-и Напоменуваме дека настанот е БЕСПЛАТЕН т.е влезници нема да се продаваат. Спојлер WWW.DASHBERLIN.COM DASH BERLIN e еден од најголемите светски денс дји ,титула која ја дели со големите Tiesto,Armin Van Buereen,Avicii,Paul Van Dyk и др Пробивот на случи во почетокот на 2007 година со "TILL THE SKY FALLS" која отиде до врвот на музичките топ листите во целиот свет Веднаш потоа DASH BERLIN потпишува за етикетата на армада музика која е најголемата издавачка кука во светот. DASH BERLIN ја доби наградата IDMA за песната " WAITING" во категоријата "Најдобар високоенергетска песна " и беше номиниран три пати на Меѓународниот Dance Music Awards , во текот на СМК во Мајами во 2009 година. Неговите песни " Waiting" со австралиска пејачка EMMA HEWITT и " Man on the Run", во соработка со своите колеги Cerf , Mitiska & Jaren беа номинирани таа година во категоријата “ Најдобра денс песна “ На музички спот доби над седумнаесет милиони прегледи на YouTube. Во 2010 година, DASH BERLIN беше номиниран за " Најдобар европски диџеј " на IDMA и влезе во листата на DJ Mag Топ 100 на број 15 . Тој ја освои DJ Mag Топ 100 награда за “Највисоко рангиран нов запис”,победувајќи други познати холандски диџеј-и , како што се Армин ван Buuren ,Tiesto, Ferry Corsten како највисок холандски влез до тој датум. На 20 Октомври, 2011 година DJ Mag објави резултати од своите годишни Топ 100 диџеји меѓу кој DASH BERLIN e ставен на 8то место во светот. Во 2012 година, Dash В добива номинација за "Најдобра денс песна "на IDMA за неговата песна со Jonathan Mendelson насловен како" Better half of me ". Октомври 2012 : Во Мексико DASH B е номиниран за престижната награда Lunas во категоријата Електронскa Музика меѓу другите уметници , како што се Армин ван Buuren , Пол ван Дајк , David Guetta и други. Подоцна тој месец , DASH BERLIN беше рангиран број 7 во DJ Mag Топ 100 анкета , што го прави вториот најпопуларен DJ во светот со тој стил на музика, веднаш по неговиот ментор Armin Van Buuren . Во декември 2012 година, DASH B беше номиниран за најголемата музичка награда во Африка - “Тунис”. Во февруари 2013 година DASH B настапува на ULTRA MUSIC фестивал во Чиле и ULTRA MUSIC фестивал во Буенос Аирес , заедно со Avicii , Carl Cox и Армин ван Buuren . Во 2013 година, Dash В доби номинација за "Најдобра денс песна " на IDMA награди " When u were around" со британскиот пејач Keith Walsh. Dash Berlin е HEADLINER диџеј објавен за " State of Trance 600 " настан организиран од Армин ван Buuren во 2013 година. Настанот се случи на неколку локации-ASOT Ден Бош, ASOT Мексико Сити, ASOT Минск, ASOT Софија, ASOT Бејрут , и ASOT Гватемала. Зад Dash Berlin стојат 5 студиски албуми,7 компилации и 100 тици синглови и ремикс.Редовно настапува на најголемите светски фестивали како Tomorowland,Sensation,Tomorowworld,Ultramusic… https://www.facebook.com/events/1500206 ... pe=regular
има некој што ќе оди на концерт на жељко имам 2 карти по 200 ден ги купив али ми испадна друго нешто неможам да идам кој е заинтересиран нека ми пише