АРХАНГЕЛ, 12 Февруари, Метрополис арена. Едвај чекам! Јас немам ништо повеќе од себеси само срце кое чука вистински сосем доволно да те вознемири и уплаши. http://www.youtube.com/watch?v=eetGctEcOv0 А ова за Бон Џови во Загреб сега прочитав тука. Хм. Јуни еден турбо месец што ќе биде на работа... ама па едно што ми се оди на Бон Џови. Сепак нешто длабоко во мене ми кажува дека ќе одам А слушнал ли некој за Роби Вилијамс во Црна Гора, или така нешто? Би го гледала и него.
Ај и оваа тема да ја сефтосам!!! Архангел бре народе, уште не ми се верува! Ќе сонувам концерт и како се убивам на Убер Македонише, како што се опседнав со ова
Ах... Архангел Нешто ми е во план некој пат накај Прага и оп гледам - HURTS имаат концерт во тој период. Епа им се спремам! Морам да им одам. Ме воодушевуваат со песните. Да не патува некој накај Прага да ми се придружи?
,,Со љубов од Тоше" - 25.01.2011 Борис Трајковски, Скопјe Меѓународната Фондација Тоше Проески го најави концертот Со љубов од Тоше кој ќе се одржи на 25. јануари во Спортскиот центар Борис Трајковски, во Скопје. Концертот, што по традиција, се одржува во чест на роденденот на македонската легенда Тоше Проески ќе почне во 20 часот. Ќе настапат пријатели и соработници и оние кои тој намногу ги сакаше, децата. Голем хор од Златно славејче заедно со членовите на Музичкиот кабинет од Крушево премиерно ќе ја испеат композицијата Пасворд, на негова музика, аранжман на Валентино Скендеровски и стихови на Огнен Неделковски, во кои проверуваат и асоцијации за Тоше. Ќе запеат и засвират и Наум Петрески, Миле Кузмановски, Синтезис, Антонија Шола и други балкански музички имиња, како и бендот на Тоше. Концептот е поразличен од двата досега одржани меморијални концерти за македонската ѕвезда. Овој пат идејата ја дадоа фановите. Според нивна желба тие сакаат целата вечер да го носи печатот на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видео-снимки кои ќе се прикажуваат на три лед екрани, и да ги пеат неговите песни заедно со пејачите кои ќе пеат на сцена. *** Исто така, на роденденскиот датум, 25. јануари 2011 година, кога Тоше требаше да наврши 30 години, ќе биде објавено и CD кој го содржи истиот наслов како и концертот - Со љубов од Тоше. На оваа албумска објава се снимени 15 песни, од кои 12 се од светската рок-антологија кои Тоше ги изведуваше на своите музички средби со младите, две песни се познати хитови а досега неслушнати во негова интерпретација (едната е од Елтон Џон, а другата од Витни Хјустон) и 15-тата песна е Наслони главу на моје раме, која ќе биде промовирана по радијата непосредно пред концертот. За оваа песна има и видео-спот снимен во Загреб (автори на песната се Тути Фрути, Нино Нинчевиќ и Миро Буљан). Годинава концертот ќе има поведар тон, за разлика од минатите, за да со песна се чевствува ѕвезденото момче кое со музиката и срцето ги обедини народите на Балканот, со своите човечки дела им стана идол на сите генерации, и остави големо музичко и духовно наследство за вечни времиња. Картите од 20.01.2011 во продажба во Југотон, салоните Together и касата на салата Борис Трајковски по цена од 250 денари! http://www.youtube.com/watch?v=cHRYYR-L ... r_embedded
Купив карти за Тоше, од причина што ниеден концерт негов не сум пропуштила, и ова е некако надополнување на тоа. Од друга страна пак, сум многу разочарана од целата организација и малце не ми е јасно што прават овие од Фодацијава или дали само ПАРИ ги интересираат. Зошто? Затоа што Тоше во ниеден момент од својата кариера не бил поврзуван и НЕ САКАЛ да биде поврзуван со ниту една политичка партија, а сега излегува дека Владата е организтор (заедно со Сител ??) , односно Груевски си го препушува како негово дело. Затоа што концертов не е воопшто изрекламиран како што треба, а постерите се закачени на места каде што обично стојат плакати за журки во Гранд. Па заслужил билборд мме. И на крај затоа што од година во година овој концерт наликува само на очајна потреба да се заработат пари на славата на Тоше, да се промовираат некои Х пејачи пред публиката на Тоше, а оваа година, иако е најавен како хуманитарен, не чув никаде каде ке се донираат парите??
Го претераа тие што пари прават од неговото име. И сите што му се прават пријатели а сакаат само да карат (дали слава или пари сеедно)
Тоа и тоа што веќе аман 3 години поминаа и уште одбележуваат кога му се десил последниот концерт, кога умрел и кога се родил Стварно е претеризам едно што го сквернават неговиот лик и дело друго што профитираат од него. Ами слушај ги песните ако ти се допаѓаат и трај таму. Плус па најновата глупост што ја видов, каде ако не на фејсбук "Ден на Тоше на фејсбук". Цел ден ќе ределе песни од него Јас тој ден ќе го деактивирам профилот, оти стварно се напорни и досадни Реков еднаш, уште кога мочал и кога прднал последен пат и тоа да го одбележат. Господе Боже, па толкава чест ни на Исус не му придаваат
Сонувам или не - вистина или лага, HURTS во Скопје !!! http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=62335 одиме, верувам Пирамид и КИМ во први борбени редови
^^Одиме, одиме! Јас веќе си ја резервирав датава! Море ќе се помочкам од возбуда еј! Си пишав во агендата, „не ме чачкајте, на Hurts сум!“ Talk to my hand! А баш деновиве се мислев дали да искористам да им одам на концерт во Прага ама решив да почекам да се потврди концертов во Скопје. Ќе правиме шутка во првите борбени редови, а? Ким ја нема нешто се надевам дека не паднала во несвест кога прочитала, знам дека ги сака!
Те разбирам.. Се што сакам од мојот живот моментално е да одам на нејзин концерт. И јас тогаш ја пропуштив таа шанса.. Како прво малолетна сум и никој не сакаше да ме придружува до Загреб Ја молев мајка ми, но немала пари :/ И сега останав без паспорт и барем тоа ја молам да ми исполни за секој случај да не дојде навака накај Балканов, а не дека ми се иде некаде на одмор али јок Бијонсе
Многу сакам да одам на концерти. Едвај го чекам концертот на Архангел , ги обожавам . Концерт кој дефинитивно ке ми остане во сеќавање е концертот во Њу Јорк на Сликите што ги имам со членовите од трите бенда ми се доказ дека сево ова не бил само еден прекрасен сон