^ Криси еве каде имаш карти: Продажни места Скопје Литиум 1 улица Максим Горки број 25, Скопје ( позади Кинг Бургер) тел: +389 2 3213 264 Литиум 2 булевар “Јане Сандански” 109a, Скопје ( Аеродром зградата на Прокредит Банка) тел: +389 2 2450 808 Југотон Г.Т.Ц. I кат тел: +389 2 3239 860 Моби - Арт Веро 2 Прилеп Литиум 3 Катна Гаража, локал 22 +389 48 435 350 Битола Центротрејд Плоштад Магнолија Охрид ЗЗ-Топ – Мјузикшоп Цар Самоил број 18 Велес Унисон Куманово Книжарница Херби улица Народна Револуција бб - (спроти Библиотеката ) +389 31 550 730 Кичево Вемакс Рекордс улица А. Македонски 250 - (спроти црквата) Струмица Мултимедиа Каспер 03 Штип Kнижарница Током-А улица Ванчо Прке бб. +389 32 609 007 Струга Креденец Хотел Дрим
после миљарда години БАЛАШЕВИЌ и нормално јас во првите редови само не ми е јасно што е финтава со нумерирањето на влезниците
Јас како што знам, нумерирани се бидејќи сите места се за седење, концертот трае 4 часа, така да ќе има карти само за седење, и веројатно од таа причина и нумерацијата. By the way....купи ли карти? Колку е цената, 800???
Картите се нумерирани, цената е 800 за концертот, а за филмот 300 со тоа што карта само за филмот нема во продажба.
Многу ќе ми биде мака ако не појдам на концертот на Хртс во Мај, ако одам на екскурзија нема да можам. А доживувањето на концерт е нешто посебно ! Има некоја магија во целата таа атмосфера, секакви лица измешани, собрани на едно место, сплотени во ритамот на музиката и срцата им чукаат во истиот ритам... Музиката те раздвижува и нема шанси да не испееш макар еден стих и да не го помрднеш телото .
До сега сум била на Тошката, Оливер Драгоевиќ, Кемал Монтено, 50 Cent, Цеца, Жељко Самарџиќ, Горан Бреговиќ. Би требало да одам и на Балашевиќ според планот, сакам повторно да одам на Оливер слушнав пак ќе има концерт и мора да одам на Тони Зен.
Е ова е настан на годината Почитувани, Задоволство ни е да ве информираме дека веројатно најдобриот rock&blues&soul пејач на светот на сите времиња, Јое Cocker, за прв пат доаѓа во Македонија. Неговиот концерт ќе се одржи на 15-ти Јуни во арената “Борис Трајковски”!!! Човекот кој ги испеа легендарните: “You can leave your hat on”,”Unchain my heart”,” With A Little Help From My Friends”,” Summer In The City”,”I put a spell on you”, "When the Night Comes", "N’oubliez Jamais", “Feelin’ Alright" , "Up Where we Belong" , "You are so Beautiful" … Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 1-ви Март преку системот “купи карти за се”, за цените на рок настанот на 2011та година во Македонија ќе бидете дополнително известени.
Петок одам на PRLJAVO KAZALISTE, VAN GOGH, DIVLJE JAGODE, NEGATIV I BEI THE FISH I MORAL јупииииииииииииииии одвај чекам
Одвај чекам да дојдат Кајли Миног и Џамирокваи во Скопје. Два концерти кои нема шанси да ги пропуштам. Инаку сакам да отидам на Бон Џови во Загреб, ама ќе видиме за тоа... А за 8ми март би ја однела мајка ми на Сергеј Четковиќ. Не му знам многу песни, ама пристојно човече ми се гледа, зашто да не.
јас ќе те дружам и јас неможам да го убедам дечко ми да одиме...кажи ми се знае ли колку пари ќе бидат картите? пошо не сум многу при пари а сакам да одам
Сакам на Jamiroquai. Кога се точно (не прочитав низ темава )? Уште и да врне на концертот, незаборавно би било.
На 1ви Април во Метрополис Арената ќе се случува најголемиот маскенбал било кога направен на Балканот. Како гаранција за успешноста... ...на настанот е гостувањето на најголемото DJ име на современата поп сцена. За прв пат Скопје е ставено во светската турнеа - 2011 на Paul Van Dyk - името кое изминатото лето, Охрид го направи Ибица за овој дел на светот. Од 15 Февруари до 01 Март фановите на Paul Van Dyk ќе можат да купат влезници по само 650 денари, што е исклучителна можност за овој спектакл. Од овој вторник цената на билетите кои ќе бидат пуштени во продажба се однесува на само 1000 билети. Оваа понуда е направена со цел, временски да се искористи буџетот за специјалното изненадување на посетителите, односно за изработка на маските кои ќе допринесат за уникатноста на овој настан. Исто така ќе има и ограничен број влезници за VIP делот како и за Fan Pit-от кој ќе биде поставен пред самата бина. По промотивна цена од 850 денари ќе се продаваат само 250 влезници за VIP-от како и 250 влезници за Fan Pit-от. Предпродажбата на овие влезници ќе се одвива во: Југотон, порталот Купи Карти за Се, Розе Веро 2, Камард - Рамстор, Stop Shop Тобако, Кранго Тобако и Тобако-Тogether салоните низ Македонија. Настанот е промовиран од Octopussy entertainment познати по гостувањето на David Guetta минатата година и од тимот на Urban Dance кои изминатата есен го организираа настанот со DJ Tiesto во Скопје.
Епа ок девојки, потврдено на нивниот официјален сајт. May 2011 Thursday 26 Skopsko Kale, Skopje, Macedonia HURTS! Оргазмично се возбудив!
Bon Jovi иде во Загреб-скокам од среќа,уште друштво да си најдам и одам. Јас слушнав за во Белград ама изгледа за во Загреб бил муабетот. Сепак ќе се потрудам да одам во Загреб