Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Концертот на Гаро и браќата Тавитијан на 08.09.2012

Дискусија во 'Музика' започната од cresa-jagoda, 1 септември 2012.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Средив импресии, изгледав и како изгледало пред малите екрани, па можам да коментирам сега.
    Long ass post, демек некој го заболе што мислам. :D
    Воопшто, ама воопшто не е исто доловено како што беше во живо.
    Звукот пак, сосема различен, акустиката огромна улога игра.
    Се изненадив едноставно.
    Викам што ја критикуваат толку Шола, па не беше екстра, нема некој глас, ама не беше толку лоша.
    Е, после ја слушнав како звучела на ТВ, без акустика. :D
    Негативно ме изненадија неколку.
    Џафер - изгледа дрмнал малку човекот пред настап. Сфаќам дека е преработка и треба некој свој шмек да додаде, ама овој ниту пратеше некој ритам, ниту рамномерно пееше, барем кога пошол со едно темпо, нека одеше така, а не на секои 2-3 збора да менува.
    Јосипа Лисац - ВТФ? Ме исплаши женава со тој гласот. Не дека не и’ го знам, ама кога екна со тоа ехо и несогласност со ритамот, ми ја посра песната искрено, а една од омилени наши, изворни ми е.
    Аки малку се напнуваше, ама за разлика од горенаведениве двајца, му простувам.
    Жељко ме разочара. Не сум пукнала па да го видам, ама може за илјадарка од личност да иде, а за да оддаде почит, не може, па го ставаат Борис, кој тешко се снајде, ама сепак фала му.

    Е сега, за добрите впечатоци.
    Сергеј! Ме наежи човеков. Какво гласиште поседува, па и песната како ја погодил прекрасна. Солзи сами ми навираа како моќно ечеше низ стадион. На рипит ми е моментално. :lol:
    Влатко беше одличен. Ау, секоја чест. Што бевте спомнале за “Зајди, зајди“, сметам дека тој би бил најкомпетентен да ја исполни, ама не знам колку би прфатил, зошто пак ќе наиде на коментари како сакал да го копира Тоше, а доста му е веќе од тие споредби.
    Каролина и Калиопи - стандард Македонски квалитет. Од појава, преку избор на песна и глас, нема никакво место за забелешки. Калиопи ослабнала и се разубавела, алал, заслужено и достојно ја затвори манифестацијата. Каролина никогаш не сум ја сакала ептен, мада талентот и’ го признавам, ама сега ме воодушеви, ко што песната ми е најомилено нешто од Македонскава музика, во комбинација со такво моќно гласиште - :x
    Томашевиќ солиден глас имала, ко да и’ легна некако песната, а Есма ми беше фаца со фустанот.
    Другиве - ок, без забелешки или посебни импресии.
    Јас, како нефан на никаков изведувач од српско-хрватско говорно подрачје штом стигнав да ги пофалам, значи навистина ми оставиле впечаток со гласовните можности.
    Тавитјан, секоја чест! Без нив ништо. И многу ми беа интересни кога се “натпреваруваа“ меѓусебно.
    Единствено фалеа некои клучни песни ко што е споменато претходно, ама да не наоѓам маани за тоа.

    За неофицијалното отварање не ми се ни коментира. Фијаско. Бруки.
    Многу ми беше мило што си отидоа ко посерени. А, Аделина јес да е згодна, али сестро, ај ве молам марш, си го промашила местото за стриптиз играње.
    И таа доби свирежи и ууу, не знам зошто не се слушнало на ТВ. Може помалку од браќа и’, оти попалењаци аплаудираа неколку, ама сепак си го доби и таа.

    Ај, доста ми беше.
     
  2. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    И уште една пееше албански многу значи се разочарав ии од домче го пратев концертот ме бендиса ептен Јелена Томашевич и Сергеј мислам само тие имаа асолни песни а другите безвеза беа :puke:
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Со маки сум се родила и По друм одам мајче ги испеа ли некој?
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^мислам дека никој не ги пееше
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    За жал си отидов веднаш после Нина Бадриќ, па ја фатив катастрофата на почетокот.
    Прославуваме независност и го скандираме името кога на почеток ви настапуваат некоја што рика на српски и група Шкупи.. ајде тоа, си добија свирежи, а Аделина си го растресе совршениот задник во краток шорц со Американско знаме па убаво и дојде на публиката. Кога на албанска манифестација пееле Македонци? Или ова беше со намера да покажеме дека сме братство единство. Голем пропуст за ваква манифестација.. ако сакаа да не загреат пред Тавитјан можеле да смислат нешто подобро.
    Негде на пола видоа дека е полупразно, па почнаа да пуштаат и без карти. Ја донесоа пола Македонија на концерт, ама луѓево виделе-не виделе слабо озвучување, лоши изведби, си отишле да прошетаат..

    Проектот на Тавитјан е убаво замислен, но за наш менталитет повеќе одговара нешто како лани кога се веселевме на Гоце.
    И морам да спомнам дека стадионот не е тоа што беше како кога низ него одекнуваше гласот на Тоше..
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Не старбакс, нема никој снимена преработка за тие песни, за жал.

    Роси да не те цитирам ама морам да те корегирам, не си у право како не беше по повод независноста?
    Ако било приватен концерт зашто тогаш владата да праќа БЕСПЛАТНИ автобуси во сите градови во Македонија? Зашто тогаш и Химната се пееше?
    Не си у право за тоа извини,ама концерот беше на Тавитјан но се знае по која цел и намера беше.
    Ако беше лично нивен без повод што баш тој ден го одбрале а?
    И зашто на сите телвизии, вклучувајќи ја и Сител се говореше дека тоа ќе биде центарот на прославата, збиднувањата, како сакаде наречете го?
    Океј ти си ги поштуваш Тавитјан, тоа е за почит, но концерот беше по повод независноста.
    Ама тоа е,такви сме ние Македонче, повеќе ги почитуваме и им се дивиме на ѕвездиве од балканов него нашаивие, виситната е тоа.
    И да ми сметаше и мене што беа повеќе странски него наши, зашто немојте да ми кажете дека немаме достојни пеачи кои можат гордо да ги испеат песниве, па и поубаво од некои од тие што ги ангажирале Тавитјан. А и не беа сите што се на цедето, барем сработкиве не се од вчера,Елено ќерко Елено ја пее Масимо Савич,спотот го имаат вртено едно 100 пати на телевизивее. Како е испеана не коментирам, зашто мене воопшто не ми се свија. И Бајага има исто преработка и Оливер Драгевич,ама јасно не им дале пари доволно изгледа како на Жељко па не дошле. И затоа мора да најдат брзо поефтина замена, па им текна дека имаме уште некој пеач, нели |(
    Им замерувам на Тавитјан, не само сега општо, зашто не им текна на нашите Македонски пеачи, повеќе него Каролина само,зашто на цедето и стариот концерт само Каролина беше мислам и Есма можеби, ама не сум сигурна.
    Нашите Македонски изворни песни, се ужасно тешки, и рака на срце, ретко кој од вчерашниве ги испеа достојно, ретко. Ем пееа без емоции, еп ја немаат таа снага и тој глас кој го захтеват тие песни. Најрелано ама Јосипа Лисац мене ми е ужасна, не ја пее Магла па да се дере толку, ама океј, непозната и е песната па тешко го доловува правиот тоналитет.
    Не си ги почитуваме нашите пеачи толку, тоа е ФАКТ и никој не може даме убеди во спротивното.
    Дури и пеачите наши, преферираат дует со некоа српска звезда, мислеме дека е поквалитени а не е точно.
     
    На Sara123, starbucks и sunfemina им се допаѓа ова.
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ај да земеме в предвид дека беше концерт на Тавитјановци...ама зар не е јасно ко ден дека поводот беше празникот?
    Ако не е така тогаш за што беше неофицијалниот дел? И тој не беше за празникот? Онака ради реда да се пополни време :?: , подолго да трае, а и немало кој друг да пее изгледа |( ?
    Ако пак поводот за концертот и манифестацијата во целина не беше празникот тогаш не знам прво зошто датумот на концертот беше баш на 8ми септември, а не било кој друг ден? Зошто беше поддржан од влада ако не е со повод и зошто организираа превоз од други градови ако беше само обичен концерт на Тавитјан?
    Не ми смета што ете Тавитјан биле одбрани за да ја спремат роденденската забава на Македонија, тие беа одлични ама изборот на повеќето останати изведувачи што го направиле се покажа како недостоен :| .
    Владата ги поддржа, па и претседателот и остали ги частеа по повод роденденот. Ако! За арно за убаво нека е среќен нека ни е роденденот...туку криво ми е што барем достојно не испееја. :(
    А и да не се сети некој прецедник од Србија, Босна или Хрватска да ги викне Калиопи, Каролина, Владо или било кои други наши пејачи.....на спектакуларен концерт за државен празник и тоа да бидат побројни и во преден план така што ќе ги засенат домашните изведувачи !??!!? :^)
     
    На Madonna и Hipster им се допаѓа ова.
  8. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Е баш беше убаво вчера! И за тие во живо, и за тие пред малите екрани.
    И доста со негативни коментари, аман! Нешто наше нека се допадне некому и нека биде за нешто задоволен. Благодарноста е до Тавитјан, а тие со подршка на државата го организираа концертот.
    И зошто е срамота што имаше и балкански пеачи? Па честа е обострана, и за нив што се поканети да пеат на тој концерт и воедно на Македонскиот роденден, како и чест на организаторите и општо на народот што тие присустуваат тука. Точно е дека постои и хонорар, но мислам дека нема потреба од негативни коментари. Македонските песни беа интерпретирани на ваков или таков начин, кој како умее.
    Дајте барем еднаш да сме задоволни од нешто наше, па какво и да било!
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.393
    Поводот беше независноста, а не концерт на Тавитијан!
    Односно, концертот беше по повод независноста.
    И секаде пишуваше. Отворете фб, весници, секаде, ама баш секаде пишува.
    И штабовите објавија дека ќе се организира превоз за концетот на Тавитијан по повод независноста. Никаква заблуда нема, се знаеше за што си беше концертот.
    И да, тој си е наш празник, наша независност, и требаше наши пеачи да пеат.
    Знам дека на цедето се речиси истите гости што беа и синоќа, но сепак требаше да се земе во предвид тоа, дека сепак се работи за национален празник, каде што се слави независноста на една земја. Сите оние кои го подржаа, а концертот се одржа под покровителство на Владата, требаше да се сетат дека треба Македонци да пеат.
    На отварањето и затварањето на олимписките игри учествуваа само Англичани. Видовте некој Французин или Американец? Не! Ама тие знаат да ценат, ние не.
    Дури и независност славевме со увезени изведувачи. А да биде поголема иронијата, тие ја оплескаа, а нашите блеснаа. А ги потценивме.
    Национализам, како па да не.
    И ќе мрчам, оти концертот на ништо не личеше. Ги унаказија песните. Срамота!
     
    На Elena-97, Madonna, zarah и 3 други им се допаѓа ова.
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ах ова македонциве какви се значи и на своето мана ке си најдат нема нешто да помини некој бовод или било шо а после да нема коментари ние сами не се сакаме па после сакаме другие да не пошитуваат е така неможи
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Во ред, јас повеќе го сметам како концерт на Тавитјан, него концерт за независност.
    Подржаноста од владата ми е ок, дај боже и други музичари и други проекти да подржуваат и слични концерти да има. Подобро повеќе музика за сечиј вкус, него полни плоштади споменици за сопнување.
    Може грешам во однос на концертот, ако е така си е моја грешка и си е мое мислење :)
    Јас не дека не ги ценам нашите пејачи, но не ми пречеше тоа вчера бидејки тоа е стар проект, старо цд, стар албум којшто за мене е одличен и вчера имаше реализација во живо. Секој со свој вкус, свое гледиште на работи, така да тоа е тоа. Мене ми пречеше српското пеење на Тијана и албанското пеење, него самиот концерт на Тавитјан бидејки тие сами си ги одбрале гостите многу одамна, нивно право си е со кој ќе си го прават својот проект.
    Секој затоа си има право на избор што музика ќе слуша и што ќе посетува.
    Е тука веќе е проблемот, бидејки вчера беа поголемиот број на луѓе залутани мислејки дека друго ќе слушаат.
    Само да кажам ги погледнав снимките пред малце на МТВ што пренесувале леле тоа е ужас.
    Навистина ништо не звучеше така на стадион.
    Музичариве звучат лошо.
    Колку појако звучеа во живо и многу подобро.
    Така да секој оној кој гледал на телевизија а не бил на стадион и има негативни зборови сосема ги разбирам баш сега откако видов снимки.
    Не знам зашто така звучат на телевизија, пренесот бил ужасен. Додуше ужасен е благ збор. |(

    Ајде се надевам догодина владата ќе ви организира поубава независност, а Тавитјан дека ќе си имаат достоен концерт во многу помала сала и второ подобро цд :)
     
    На Madonna и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    ^ Демек во HD ќе се емитува на МТВ :lol:
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    да да и во 3Д :rofl:
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    2 цедиња имаат, Pоси. :)
    Eве ги песните од второто цеде.

    Ој јано, јано - Гаро, браќата Тавитјан и Калиопи
    Битола мој роден крај - Гаро, браќата Тавитјан и Оливер Драгоевиќ
    Ој девојче - Гаро, браќата Тавитјан и Жељко Јоксимовиќ
    Градел Илија Манастир - Гаро, браќата Тавитјан и Сергеј Четковиќ
    Не кажувај либе добра ноќ - Гаро, браќата Тавитјан и Нина Бадриќ
    Судбо моја - Гаро, браќата Тавитјан и Јелена Томашевиќ
    Aјде сонце зајде - Гаро, браќата Тавитјан, и Bлатко Лозаноски
    Со маки сум се родила - Гаро, браќата Тавитјан и Каролина
    Море сокол пие - Гаро, браќата Тавитјан и Горан Каран
    Ах, каде е мојто либе - Гаро, браќата Тавитјан и Антонија Шола
     
  15. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    На крај сумирано и не беше толку лошо, за прв пат каде што има масовни собори во нашава држава да влезам културно без турканици и да има простор за сите да седат/стојат зависи кој за каде нашол карти. Инаку многу ме разочараа албанските изведувачи на почетокот на концертот... па добро бе луѓе откако знам сакаат и правен поредок и држава и нас да не срушат, не ја ни признаваат Македонија за држава, а ги викаат на годишнина од осамостојување да пеат... и после народот свирел, епа ќе свири многу нормална реакција е тоа.
    Секоја чест за Тавитјан и нивната работа, од нив беше се совршено, ама некои од пеачите што ни ги расипаа песните алал да им е. Јас незнам да пеам, ама чим приметувам дека нешто не штима, а и други читам го искоментирале тоа, значи очигледно е.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Целата организација според мене беше КАТАСТРОФА невидена, како прво не смееше да се внесе шише вода-мораше да се фрли ако сакаш да те пуштат уште на самиот влез,за потоа внатрешно да може да им се направи промет со купување на вода и други пијалоци како и храна, за дупло поскапа цена од цената во обична продавница, така на пример шише вода негазирана од 0.5л кое во обична продавница чини 18 денари тие шише со вода од 0.33л го продаваа по цена од 30 денари, потоа јас лично имав среќа што уште во 18:30 часот отидов на концертот затоа што можам да кажам дека потоа тие што доаѓаа повеќе од 50% не правилно седнаа според влезницата, и потоа не сакаа да станат кога доаѓаа тие што требаше да седнат на тоа место-се направи таква невидена гужва, и не ми е јасно за што ли беа обезбедувањето кога неможеа да направат еден ред и тие неправилно седнати да ги избркаат да стојат на теренот затоа што повеќето што беа неправилно седнати имаа карти за стоење, а лажеа божем им ги земале на самиот влез цели карти, потоа концертот наместо во 20 часот почна во 20:25 часот, а наместо химната да се пее во 21 часот се пееше во 21:15 часот, не ми се допаѓаше новиот аранжман на старите традиционални народни македонски песни и нивното исполнување од гостите од балканот. Но што можеме да кажеме дека ова е само еден типичен македонски синдром. И потоа ќе речат дека евтина била картата од 20 денари, а ако додадеш на тие 20 денари и парите за вода и други пијалоци што имаш купено или плус и ако нешто си купил и за јадење ќе те фати картата отприлика 100 денари, многу поскапо доколку истото тоа не ти било купено од обична продавница со најнормална цена. :Down: :Down: :Down: :Down: :Down: :worried:ilent: :worried:ilent: :worried:ilent: :worried:ilent: :(
     
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ајде и јас да дадам мое видување за концертов. Бев на стадион и супер звучеа сите, на мтв уште не сум погледнала снимки и не можам да коментирам. Сакав да искоментирам за стартот на концертот. Мене искрено и не ми пречи што пееја албанци и тоа на албански. И тие се дел од Македонија нели, па ајде зошто да не покажеме барем ние мал соживот. И добро е тоа што пееја на почеток, пред и официјално да се отвори концертот. Што ќе беше да пееја после тоа, при крај да речеме, кога сите ги зафати таква атмосфера и еуфорија??? Мене страшно, ама страшно ме изиритираа свиркањата и тоа уууууу. Па каков народ сме бре луѓе??? Барем си ја покажавме културата, алал да ни е!!! Срамота за сите што беа на стадион и викаа ууу :x :x СРАМОТА (ајде сега нападнете ме за ова мислење)
    И се согласувам со росонерка, концертов не е по повод независноста на Македонија, туку реализација на веќе одамна завршен проект. А тоа што владата и Тавитијан се договориле да соработуваат не го коментирам.
    Можам да коментирам за изведбите. Сергеј Четковиќ - алал да ти е!! И Аки ми звучеше одлично, барем на тоа високите тонови - ситна роса зароси... итн :D Дадо Топиќ - просечно :?: Влатче и Есма исто и за вас браво. Брависимо би рекла. Шола потфрли како и секогаш. Другите не ми се допаднаа нешто нај нај. И сега за крај нели најдоброто. Јелена Томашевич - ти завидувам на гласот, алал да ти е девојко, баш ти лежи песнава. Ме трогна ептен ;( Каролинче наша - најоригинална изведба имаше. А тука е и Калиопи, без неа не може да помине ваков настан. Таа е јаготка на целиот шлаг. Едно име имаме и огнометот - феноменална завршница на концертот. Треба да сме горди што сме Македонци!

    П.С. Браво и за владата што се заангажира и обезбеди бесплатен превоз (каков - таков, ама важно бесплатен беше). Мада мислам дека превозов највеќе беше обезбеден за да не пукне срам дека не може да се наполни стадион за концерт организиран на (по повод) денот на независноста.
    И да, имаше доста празни места. Северна на пример, имаше повеќе празни места него Јужна. И не на крај, туку баш коментиравме цело време дека има празни места. А јас бев доле на теренот и чинам дека беше поубаво од трибините :D Тие на трибините |-) Станаа само на химната. А доле немаше некој што стои во место, барем околу мене.
    Сума сумарум, прекрасно. Нека се организира пак и пак ќе одам. Без разлика дали пејат албанци, срби, хрвати и не знам кои и на кој јазик!!!

    Цреша-јагода, не беше забрането да се внесе. Ние внесовме цело шише вода, три мали шишенца сок и плус пиво од литар и половина. А да, и три лименки скопско :D А ранецот само го опипаа од надвор и не прашаа што носиме. Дури не го ни отворија за да видат што има ;)

    А како ја заборавив Бикова :x браво, колку горда се почувствував што живееме под исто небо. И Синтезис. И Танец. А изведбата (во живо или плејбек, не е важно) на Земјо Македонска ме остави без зборови. Онемев.
     
    На Barbie20 и Rose96 им се допаѓа ова.
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не појдов на концертот, но го следев од дома.
    Мене не ми звучеа лошо иако можеа и подобро некои пејачи.
    Тавитјан се извонредни, Калиопи, Каролина и Влатко Лозаноски од нашите ми беа најдобри, а Сергеј Четковиќ и Нина Бадриќ мислам беше од однадвор.
    Пријатели наши беа, па ми донесоа едно цеде и ми потенцираа дека не можам да се сетам на името на музичарот(не знам кај го оставив цедето, не можам сеа да го барам) требало тој да пее и место него пеел друг музичар.
    Како и да е, добра работа во целава приказна е што парите се наменети за хуманитарни цели, а тоа е најважно, не е воопшто битно кој го организира.
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Елено ќерко на цедето ја пее Масимо Савиќ, а на концертот ако не се лажам, мислам дека ја испеа Александра Радовиќ.
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.842
    Пол:
    Женски
    За болдираното: цената на влезницаата беше 20 денари , НО платено е дебело од буџетски пари за да дојдат оние пеачи од надвор. Нека не ве лажат дека дошле за чест на Тавитјан. Никој не е толку луд, да се дигне од Хрватска, од Србија со авиони и ед другу трошоци за да дојде кај нас да пее за ич пари, кога може тој ден да си обезбеди настап кој ќе му донесене неколку илјади евра.

    А сега за концеротот. Јас не бев, слушав на ТВ. Освен Томашевич, Сергеј, Нина и Александра радович и ајде до некаде Каролина друго све беше жива утка и завивање. Дали немаше добро озвучување не знам, или што беше проблемот, ама мене многу изведбу ми параа уши. И може ќе бидам оф топик ама, зар толку ни е сјајно све во држава за да може да се соберат 50 000 души за концерт, а не може ни 500 за протест за подобар живот. Ама тоа е македонче за 20 денари лесно се продава . Чест на исклучоци.