Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Концертот на Гаро и браќата Тавитијан на 08.09.2012

Дискусија во 'Музика' започната од cresa-jagoda, 1 септември 2012.

  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Епа ајде и јас да кажам за концертот што мислам:
    Организација на врата-на ниво,не ми се допаѓаше тоа што ги проверуваа ташните и шишињата со вода и сок ни ги фрлаа,а внатре ако сакавме да купиме беа дупло поскапи.Воведот на концертот со Албанците на македонска прослава воопшто не беше коректен.Се покажа и нашата култура со свирежите и укањата,но што очекуваа не знам кога веќе викаат некого,нека викнеа наши Македонски пејачи кои што ќе пеат на македонски.
    Второ-Тијана која што е Македонка доаѓа и пее на српски,се прави нешто што не е и после сакаме да не ценат,е па самите си правиме да не е така.Официјалниот дел на концертот место да започне во 21 часот,тој започна во 21 и 30,значи не си стојат на зборот.
    Танец и Синтезис -им симнувам капа,ме воодушевиа,ете се знае што е квалитет,нашето секогаш.
    Борис -Ој девојче ,девојче ја направи забавна песна ,Јосипа ме исплаши со грекањето ја расипа песната,Дадо и Горан Каран-просечно.Бравос за Јелена Томашевич,Сергеј,Нина Бадрич и Александра Радович-достојно ги испеаа песните.Кесовија ме изненади позитивно,Антонија Шола-како и секогаш се трудеше,но не ме воодушеви,Аки -никогаш не ме разочарал.Е сега секогаш јас сум за нашето македонско,па така и овај пат Каролина,Влатко,Есма,Владо,Ристо,Калиопи-виртуози кои што ги направија песните уште помоќни и им дадоа душа. За инструменталката на Тавитјанови која што цел живот ќе ја памтам не знам што да кажам.Магија кој што кога ја слушаш те занесува и те носи во некој друг свет и прави да се чувствуваш како да лебдиш.Браво за нив.Калиопи беше шлагот на тортата и направи преубава завршница на концертот заедно со огнометот и во еден глас чукањето на тапаните и на илјадниците гласови кои што пееа и ракоплескаа во еден глас.
    За тоа дека требаше сите да се Македонци на концертот и јас мислам дека така требаше,но овде не можиме да смениме ништо во тоа што било бидејќи кога го правеле Тавитјан албумот тие се одлучиле за тие од Српското говорно подрачје па мислам дека поради таа причина тие беа и на концертот.Грешката е во нив што покрај толку многу наши фасцинантни гласови тие соработувале со тие,но што е тука е ние колку и да доскутираме не можиме да го поправиме тоа.Нашето за жал секогаш помалку се цени од туѓото и додека некој не промени нешто околу тоа секогаш ќе биде така.
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664


    Уствари ти за концертот ништо не кажа. Знаете што? Ми се лоше од вакви коментари. Каснеле 15 мин. па што. Секогаш се касне. На концертот на Нокаут пред некое време чекавме цел саат и што сега. Да кажам дека не чинеше концертот зашто каснале саат време нема смисла. Сок не давале, вода не давале. Бла, бла. Ко што знам никогаш на вакви или слични манифестации не давале да се внесува сок, вода или слично. Ако дадете 30 ден. за вода да не ви се скусе од џебот?
    А, давате волкави суми за Аца Лукас, Брена и сл. а за ова се буните оти водата била 30 денари. Ви се молам. Глупости.
    Имаш право. Ова е типичен македонски синдром. :x
     
    На Sara123, LilBaby, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Каков беше фустанот на Каролина? Нели беше црвен? А сега на јутјуб снимката ми се гледа темно зелен.
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Црвен со виолетови детали.
    Не можам да ја копирам сликата, на линков отвори ќе го видиш:
    http://hitportal.com.mk/Show_Bizz-detai ... o-tsrveno/
     
  5. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Замислата за концертот беше топ! Озвучувањето беше малку (поише) бедно, влезот и излезот на стадион беа изненадувачки добро организирани. Во однос на тое 30-50 денари за пијалок што е плаќаше (не знам што е фамата околу цената, кога на други настани се далеку поскапи) беше нелогична во смисла дека се продаваше во пластично шише, истото кое ви го фрлаат при влез. Неносење на пластични шишиња и реквизити кои може да повредат изведувач или некој од публика се сосем вообичаена работа и истата не треба да одзема време при влез, зашто секој треба да знае дека шишиња не се за на стадион (на кој се одржува спротски или културен настан). Од друга страна се изненадив што не ми ја зедоа запалката, која на други настани или ја кријам или ја заменувам со кибрит. Во однос на културата на народот нема многу да коментирам, само ќе кажам дека ни треба уште мноогу време да научиме да читаме карти, да најдеме број на седиште, да не седиме на скали, да не свиркаме на изведувачи кои имаат доблест и срце да се појават на настан од ваков тип.

    Изведбата на химната на Р.М. ме воодушеви- конечно не ја испеа Калиопи или некоја ѕвезда ту би.

    Во однос на учеството на Калиопи- досадна сум веќе- ама би ја депортирала уште вчера, а не па да и дозволам да настапи на таков настан... толку за нашава „ДИВА“

    и за крај:

    Картата за следен ваков настан треба да е барем 200 денари (ако не и 1000) денари, па барем да има народов за што да се буни. Проектов на Тавитјановци вредеше повеќе од два звучника, исвиркани музичари, гледачи кои мислеа дека со 20 денари купиле пола стадион, место за стоење на скали на јужна трибина, вода, сок, сончоглед, кавијар, шампањ, мезе... и да можност да им се фалат на сите од село каде се (инспирирана од тетката зад мене која првиот саат од концертот го потроши на јавување на сите роднини, пријатели, знајни и незнајни сосељаци за да им каже дека седела (!!!!!) на концерт )!

    До организаторите: Следен пат (да) нема лабаво, не сме пораснати! Ако сме полнолетни, сеуште не сме полноумни!
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Редовните посетители на големи концерти и манифестации со сериозна организација и масовна посетеност, знаат дека стално се одземаат шишињата со пијалаци и некои други предмети при влегување во салата, стадионот и сл. Нема зошто да се крева фама околу тоа, само сликава не укажува на тоа дека воопшто истите не се користеле внатре од страна на публиката. Најмногу ме лути што никогаш не успеа овој народ да се научи да биде чист т.е. да не фрла отпадоци на земја :devil: . Сирот нов стадион :doh:
    Ете некој и претходно кажа дека имало пропусти и се провлекол со пијалок внатре, а и наместо во онакви хартиени чаши што треба да е вообичаена практика на продажба внатре, пак се продавале шишиња... :^) А цената секогаш е повисока..и тоа исто така не е ништо ново и чудно.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе, па што сакате за 20 денари веќе?
    VIP ложи со кожени седишта и лични слуги со коктели и закуски?
    Ем бесплатен превоз, ем ЦД, ем концерт, па уште опашки се наоѓаат.
    Од јужен влез, преку терен, нит прашуваа, нит проверуваа што носиме, па сега, кој каде навеал.
    Јас слободно си минав со шише во рака, не ме ни погледнаа.
    А, некултурата си е наша, не е вина на никаков организатор. И 50 канти да имаше наоколу, пак ќе завршеа отпадоците на земја. За местата, искрено имаше празни седишта, кој сакал да седне ќе се снајдел. Ама сите сакаа во први редови.
    Од кај нас беа пуштени карти само за на терен. Ај јас ќе стојам, ама 60 годишни луѓе со внучиња во раце да стојат 5 саати, а некој што само стои до столчето, да зазема место, битно негово е, не иде.
    Па доцнеле, вау, а Цеца два саати кога доцни, сите тупкаат во место и стрпливо чекаат.
    И зашто да не ги свиркам браќава?
    Ми дошле на моја територија, на мој празник, а ќе ми крекаат за Косова?
    Они можат во мој град да организираат нивни протести и да свиркаат и да не вреѓаат на правдина, а ние чест ќе им правиме ќе ги викаме ко гости на наш празник, па уште греота што биле исвиркани.
    А нашиве не се греота што секојдневно ги свиркаат пред Бит Пазар? Ма ајде.
    Нека си живеат тука, не пречи, сегде има малцинства, ама треба да се знае некоја граница, а истата кај нас веќе одамна е надмината. Всушност, испаѓа ко ние овде да сме малцинството, па мораме да правиме почести на оние што не згрижиле во нивна држава.
     
    На Agatha, Sara123, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ni od severnata strana ne ne proverija :P vraka si nosev sise so voda kupeno od tinex :) i apsolutno nisto ne iskomentiraja si vlegov opusteno
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Јас незнам,дали концертот на Аца Лукас,Лепа Брена или било кој друг вака го коментиравте.Туку удри плукај по нашето, удри државно е не жали. [​IMG]
     
    На calliope, kikav и starbucks им се допаѓа ова.
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Eпа баш сликава укажува на тоа дека не било пропуст, туку сите си внесоа што си сакаа. А јас никаде не видов дека се продава нешто долу на теренот. И да, не видов и дека пребркуваа нечии ташни, ние влеговме десетина души и сите женски, и на никоја не и ја побараа ташната, освен ранецот, кој како што реков, го опипкаа однадвор.
     
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Типкана што тресеше задници...женска, американски принт на независноста на Македонија? -Epic fail.
    I'm getting enough of Amrerica! It's everywhere! :yawn:
     
    На Name, TheaEsposito, HeartlySmile и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Аделина веројатно настапувала според некоја непозната ставка на Оридскиот рамковен договор.
    Пусти Оридски, сегде го има.
    Ради мирољубие.
     
  13. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Уклучена ти била 3Д опцијата, исклучи ја и црвен си е ;)
    Да да, и 3Д има!
     
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Може на останатите трибини така било, но на јужна можам да кажам дека не беше така да дозволат да си внесеш шише со вода или некој друг пијалок, дури видов и на други после мене не им дозволија, не бев единствена на која не и дозволија да внесе шише вода. :!:

    И би се сложила со некои дека не треба да се внесуваат шишиња со било какви пијалоци и дека треба да бидат одземени, но зошто внатре да може да се продава и да можеш да купиш кога веќе на влезот ти ги земале. :) :?: :|
     
  15. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Не знам дали го слушнавте ЦД-то ама песната испеана од Сергеј значи едно големо :clap: :bow: оригинал македонски. Секоја чест Сергеј, отсекогаш за мене бил одличен и неверојатен пејач. И настапот веднаш му го пофалив... без зборови.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Мене ми беше скроз коректно тоа што имаше и албански пејачи. Сите живееме тука. Земјава е наша и нивна татковина. Мислам дека имаат право на учество во прославата. И кај нас и кај нив има луѓе кои ја сакаат Македонија и ја сметаат за своја земја затоа што во неа се родени ,израснале и живеат.
     
    На Rose96 и Nati.P им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    ^ Ништо лично и се извињавам вака што се мешам кога се зборува за браќата, којзнае каков националист ќе испаднам, ама не, туку едноставно треба да имаат малку памет пред да се нафатат.

    Како е скроз коректно? Коректно ќе е да дојде, да честита и пее на Македонски. :!:
    Може не би им било драго на сите, но не би добиле така свирежи.
    Да е некој културен и на ниво, некој кому нема да му се скрши чинот ако каже нешто ко: Среќен празник Македонци, иако сум различен од вас, ова е и моја татковина...итн, ќе мине, туку се појавува некакво си полуписмено ванаби раперче од Черкези и одма зинува Ој Косова, че Ш(к)иптаре? :puke:
    На државен празник на кој баш се слави независност и автентичност на една држава, да никнува некој за кого се знае дека ќе предизвика лавина негативни коментари, не чини.
    Ама ај, памет за друг пат. Не верувам дека догодина некој нивен ќе се нафати да пее, гледајќи ги овогодинешните реакции.
     
    На Monna.Monna и sunfemina им се допаѓа ова.
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Се согласувам со тоа дека изборот на пејачите не бил соодветен. Видов дека облеката на една од пејачките не беше ниту малку достоинствена и на ниво на настанот.

    За јазикот на кој пееле, само делумно се согласувам. Со оглед на тоа што Тијана Дапчевиќ, Македонка до вчера пееше на српски. Во Македонија има едно чудо националности ,празник е за сите и би требало на секого да му е дозволено да си прослави на свој јазик.

    Од таа гледна точка сметам дека идејата им е добра,ама реализацијата е утната.
     
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Може и ок и паметно е што настапија и албанци, ете колку да се одбегне рчка, бидејки тие и од ништо прават нешто, можеби мудар потег беа нивните настапи, меѓутоа можеа Синтензис да бидат први, а можеа и изведувачите да гукнат, освен Аделина која упати поздрав- другите штама.

    А крај краева, можеше и некој од албанските политичари да дојде, чисто да прошета и да го претстави нивниот народ, нели како мнозинство после македонците во оваа земја, како што самите знаат да зборат за ова на сите страни ;)
     
  20. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Знам дека Ребека се бави со хумана работа, па изјавава ми е нелогична. Не можам целиот текст да го прочитам онлајн, а можно е овој дел да е изваден од контекст и не сакам да судам унапред ама излегува дека парите од влезниците на граѓаните ќе одат во хумани цели, а пејачите бараат гранде хонорари од настан најавен како хуманитарен...е браво! Се сомневам тотално дека ќе отидат за таква цел.
    Туку ако веќе зимаат хонорари за било која манифестација, навивам домашните изведувачи да добиваат поголеми од надворешните, наместо обратно.