Луѓе, па прашајте на местото кај што сте ги земале картите, можеби знаат, не знам. За нашето друштво другарка земала карти од нејзината населба од некои штабови, па од таму тргаме во 19:00, ама ова е за Куманово, за други не знам. Инаку едвај чекам, иако не ми се баш по ќеф братскиве изведувачи, освен Дадо Топиќ и Шола што ми е така слатка на изглед. Плус, наш ден е бре, можело да се соберат повеќе наши изведувачи. Јас би радо да ги слушам Архангел, наместо Јосипа Лисац, Сергеј, Томашевиќ и Александра Радовиќ заедно, на кои само ќе се клатам незнаејќи ни збор. Па може да се даде шанса и на некои помалку познати наши да се покажат. Се надевав и на Влатко Стефановски, ама чорба. Кога ќе размислам пак, за 20 денари + гратис ЦД, баш и неблагодарно е да се жалиш. Битна е атмосферата за која се надевам дека ќе биде на нивоУ.
За прославата по повод 21г. од осамостојувањето. Во Чаир ќе има автобуси кои ќе превезуваат до националната арена ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ, часот на пристигнувањето на автобусите е 19:00ч. Локациите каде нашите граѓани може да се качат во автобусите се: 1.Пред ВЕРО Чаир 2.ПредТоплана 3.Пред гимназијата ЦВЕТАН ДИМОВ 4.Пред Пазарче ЧАИР п.с. ова го најдов на интернет, но мислам дека имаат печатна грешка не е пристигнување туку поаѓање ваљда.
Знаете каде има уште карти останато? И реков на братучедка ми да ми купи од кај што она купила, ама немало.Или тешко да има останато негде?
Зависи од каде си, имам слушнато дека вчера се уште имало карти во тинекс маркетот кај буњаковец-центар,скопје, ама незнам дали денес има.
Во врска со прашањето уште колку карти има останато.Јас слушнав дека немало повеќе карти. Од планирани 30 илјади,сега ќе имало 50 илјади посетители.Е сега колку е точно ова појма немам,затоа што од луѓе слушнав. А во Кичево три пати донесоа карти и веднаш се распродадоа,и последениот пат кога прашавме дали има карти(вчера) и ни рекоа дека нема и дека немало повеќе да донесат затоа што се потрошиле и таму.Кој знае.
Прво рекоа дека биле пуштени 70 000 или 75 000 карти, па 50 000, па потоа планирани биле само 30 000 И овие не знаат што прават
Ништо од моето одење.Цел град го свртев, карти нема. Ај на плоштад ќе идам барем, боље ишта него ништа.
Стварно ќе бидат затворени Партизанска и Илинденска? Другарка ми кажуваше, па не знаеме како да стигнеме до таму.
^мене татко ми со кола ќе ме остави кај влада, и он ќе се врати.Па после пешки. Зошто сега ќе е хаос по градов.-
Кој го отвори концертов? Мислам кој прв пееше зошто не го гледав од почеток, фатив некоја рап група..
Рап група??? Концертот уште не е официјално отворен, а откако даваа пренос на МТВ прв пееше Елвир, по него некоја албанка, па Тамара и Тијана и сега Синтезис Сега во 9 ќе се пее химната и ќе почнат ОФИЦИЈАЛНО
Ок, мислев на манифестацијава...а пред Елвир пееја други сигурно, рап дуото беше чинам албанско и некој пред нив исто заврши со пеење ама не видов кој беше.