Без Ламбе никаде Туку доцнат, типично македонски. Да не му рушат имиџот на премиерот, дека тој стално доцни
Тијана на 21 година нeзaвиснот на Македонија со српска песна, јеа Не се лупам во гради нешто пaтриот ова она, но глупо ми беше искрено. Пола балкан се собра и во чест на независноста на македонски ќе пее, можела некоја песна на македонски да избере Само едно не ми е јасно, сценава како е поставена, накај јужна? Зашто другарка ми имаше карти за северна, па се чудевме како ќе биде поставена сцената
Жива глупост со изборов на музика.Мислам секоја почит за Гаро но другиве мене ми се безвезе .Сепак кај нас фалат прослави од помасовен карактер каде што ете треба да се искаже почит. Но барем за вакави празници можеа да потрошат некој/е евро + и да донесат уметник од високата класа ,да се види и чуе нешто убаво што ке одбележи убав настан .Пр како Хосе Карерас би бил мн соодветен ,а и тука ке се истакнеше нашата култура и музичка образованост и ке беше видена низ светот ,а не ЕЛИВИР и Тамара и некој такви пропали пејачи или пак кафански мивки што ми глумат популарност. за Синтезис ,можат да си одат сите со наведнати глави после настапов .
Тијана ептен српска снаа ..Од кога е мажена нема македонска песна , ич не требале да ја викаат . Какви пејачи има низ нашава држава а кога ќе видиш на вакви прослави се некои шкљ класа .Чим Игор не пее , тука ќе им го видиш паметот ..
Ме интересира дали достојно се отвори манифестацијава, кој пееше прв? За Тијана се согласувам, без разлика што нема нова македонска песна можеше да пее некоја друга макар и постара.
А и Игор бре леле како да води СУПЕР бинго .Можеби е интересен за на тв но вака веке не го бива реално излитени фрази употребува.Се надевам нема да кулуминира забавата како цигански панаѓур
Разочарана сум од тоа што се пеат албански и српски песни на концертов! Срамота бе. Ги заболи и едните и другите ние што славиме денес
Sunfemina пред албанското рап дуо свиреше виолина едно девојче Бојана мислам дека се вика а на презимето не се сеќавам
Промоција само на Браќата Тавитјан. Затоа и не отидов. Во продажба го дале ЦД-то и веројатно не го продале, па ајде сега да го раздаваат за џабе, колку да не им дреме дома.
Зошто првиот дел беше на плејбек? Срамота е Танец на плејбек да пеат, односно да глумат дека пејат. За Тијана и јас дома истото го искоментирав ама гарант е во чест на српското малцинство во Македонија, не знам како утнаа и некој ромска песна дека треба да испее, а да да и турска. Братство-Единство! Јас сега за сега сум благо разочарана од преработката на песните, имав и претходно слушнато неколку и беа фини. Ајде ќе го сочекаме крајот па ќе коментираме.
Немаме наши пејачи, па мора "увозни" на државен празник да пејат. Дали некој наш некогаш добил или ќе добие таква привилегија во друга земја!? Се сомневам..
Шола врска нема од пеење, псика ко кокошка пред колење . Подобро јас ке идев да пеам, па за неа сум Celine Dion .
Мое мислење е дека гостувањето на најголемите балкански ѕвезди по повод 21 година независност на Република Македонија е голема чест и почитување од нивна страна. Изборот на ваков начин да се прослави оваа годишнина е уште еден показател дека Македонија отсекогаш била и останува земја каде сите се добредојдени. Што се однесува до најоброто од Македонија на кое местото му е на овој концерт тоа е таму , Владо Јаневски, Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Ристо и Џафер си се легенди сами по себе. Жал ми е за некои македонски пејачки имиња кои мислат дека треба да бидат таму вечерва ама мислам дека амбициите им се малку преголеми и си придаваат на значење...А и имаат други прилики да се докажат. За Тијана и јас не се согласувам што пееше на српски. Не сум против што имаше и албански изведувачи и тие се дел од оваа држава. Антонија Шола сега ме уби во поим ама нема врска нека рика во име на тоа што си беа другари со Тоше
Која е оваа моментално што пее во белиот фустан и дали она знае што прави со нејзиниот живот? Ау, Антонија Шола била. Врска нема од пеење, што беше ова... Црекање на празно.
Не не не неможе полошо да биде. Среќа што не отидов. Абе ние славиме независност со српски пеачи ц ц ц. А тој што ја пееше Не си го продавај Кољо чифликот се изнаглупира нај што можеше. Ама ете што може да се прави...
Сител и остали македонски пишани и телевизиски медиуми коментираа дека градоначалниците носеле само српски пејачи. А какви вечерва има? Македонски? Па и Тијана на српски . Засега благо разочарана. Концертот на Тавитијан во пофина, интимна атмосфера би бил одличен. Вака, што знам... Повеќе ми се допадна минатогодишната манифестација. Ем све македонско си беше . И од кога Ламбе е македонска легенда ?
Се извинувам Јулле правописна грешка моја. Тоа легенди требаше да се однесува само на Ристо и На Мики Јовановски Џафер