Изведбите на песниве се испод ниво (со ретки исклучоци), но мора да им се прогледа низ прсти секако..
Прв па ја слушатe бре луѓе Шола дека нема врска од пеење? Ама пак барем весела беше, што знам, ведра беше, мене не ми е шокантно тоа што врска нема од пеење. Ај тоа а Владо наш, на некого му се допадна? Ужасно ја испеа, ужасно. Неќем да навраќам или да се праам нешо паметна, ама тој што висинтски ги пееше од срце, а за маестрална изведба па да не збориме, не е тука и неможе да ги испее. Имам впечаток дека некако без емоции пеат, незнам моеби е до мене. Али фина е замислата, чест е голема да ги слушаш странци како се потрудуле да пеат на македонски-сигурно за голем хонорар, ама сепак чест е, барем според мене.
Пред 55.000 публика. Пред 2 милиона гледачи на ТВ и интернет. На најголемата државна спортска арена. По повод 21 година независност од ова мало растргнато парче земја што ни преостанало. И што е најважно, на уште неиспеана македонска света химна... Ечеше албански рап. Манифестацијава според мене е комплетно фијаско. Благодарам.
Ах бе шола, абе еднаш не сум ја чула да пее во живо, а да не фалшира, она со фалшот е ко Мујо и Хасо. Разочарана сум од тоа колку грешки направи ЕЛИТАВА. Врвни пеачи, да. Еден строфа утнал, друг го чита цел текст мислиш говор ко Обама ќе чита од 2 саати. Една песна е бре, една. И таа да не ја научат. Ко Мартин Вучич лани, на концертот посветен на Тоше, ја прочита Ова балкан е, од почеток до крај. Каков морон. Па што да се очекува од страна. Јас се наежив и расплакав кога Оливера со златниот медал на гради, се појави на сцена. Тоа ме направи горда, а не елитава. И сите песни што ги слушате испеани вечерва се поради нивното цеде, на кое овие пеачи пејат наши народни песни. Наши пејачи на тие 2 цедиња има малку, Џафер, Лозаноски, Каролина и уште некој друг. Повеќето се од страна.
Жељко Бебек беше тоа, со Јовано, Јованке Точно Хипстер, убава замисла, ама лоша реализација. Реков овој концерт е за поинтимна атмосфера. А што е чест, чест е. Се потрудиле барем, а и на некој начин и оддаваат почит на нашава земја. Тоа е убаво, а поубаво ќе беше ако малку и со чуства ги пејат песните. Но си знаеме само кој го можеше тоа.
Браво за Калиопи! Ја разубави вечерта. Никој од овие предходниве неможе да се мери со нејзиниот глас. Иначе баш ми се допаѓа концертот, само малце ме разочараа што на почетокот пееа на албански.
Колку само се чувствува дека фали Тошки .Е тогаш ќе грмеше градски ! Не дека споредувам некого ама едноставно така е .. Калиопи си е таква позитивна , секогаш насмеана и баш убаво што настапи ..да внесе малце живост
Замислете ја 'Зајди зајди' во оваа атмосфера, пред 55/60.000 луѓе, онака како што тој еднаш кажа, испеана од НЕГО. Само замислете си ... само тоа.
Немој да кажете дека Јелена Томашевич и Сергеј не испеаа убаво. Јас Хари Мата-Хари го чекам, ја имам слушано песната, останав со подотоврена уста, искрено не се соменевам во него. Јас за волкот, ама многу ми се свија како ја пеа, ја врти малку на севдалинка, ама пак ми се свија http://www.youtube.com/watch?v=PdiqiXsffAc
[СДК] Сакам да кажам... концертов живи глупости во боја, златни песни ги расипаа само се дерат ко да се на колење па и оваа калиопи шо се замислува,ме иритира со тој нејзин глас вештерски на пиво фестот лепа брена поубаво ги испеа нашите песни шо не е македонка а оваа појма нема, а прославава можела многу многу подобра да биде од народни песни со сила ќе ми ги прават забавни ја да пеев поубаво ќе испеев ајт ја одам в кревет
^ Да, во право си. Јелена Томашевич стварно испеа преубаво. Секоја чест за неа. Иначе која е оваа што пее во моментов?
Морам да се сложам со вас дека катастрофа ги пеат песниве, ме разочараа речиси сите.. Секако нашата Калиопи знае со нас како нели.. Исто така ми се свиѓаа Синтезис,Танец-стандард и Игор Дурловски добро ја испеа химната. А и искрено се наежив кога Јелена Томашевиќ ја запеа Судбо моја, можеби затоа што премногу ја сакам песната па емоциите ме надвладеаа. Во секој случај браво што успеале да дојдат сите, ни направија чест и ќе се сложам со насловот во “Вест„ - Независноста на Македонија ја соедини Југославија (нешто во тој контекст).
[СДК] Сакам да кажам... ШТО Е БЕ, ТИЕ ШТО ПЕЈАТ НЕ СЕ НАОГААТ ВО СРБИЈА ТУКУ ВО МАКЕДОНИЈА! КАДЕ СЕ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕАЧИ, А? ДОСЕГА 2 ДАЛИ ИМА ИЗЛЕЗЕНО МАКЕДОНСКИ ПЕАЧ!!!! СРАМОТА, И ПОСЛЕ КЕ ИМ Е МАКА ЗОШТО МАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПОВИСОКО НИВО ОД ДРУГИТЕ ДРЖАВИ. ОТИ ЗА СЕКАКВИ ПРАЗНИЦИ СРБИЈА НЕ ПРИМА МАКЕДОНСКИ ПЕАЧ ДА ИМ ПЕЕ НА СЦЕНАТА!!!!
Хари ја заврши песната во стилот на Лејлаааа А! Ма го обожавам, ниту старее, ниту глас му се менува. А во живо звучи одлично, концертот лани му беше перфектен.