[СДК] Сакам да кажам... Да не ги знаев песните во оригинал ќе помислев дека немаме убава песна . Како сите да се такмичат кој ќе направи полоша интерпретација, греота за песните и за нас што ги слушаме.
Есма е празнично облечена во вистинска смисла на зборот. Само така, веселоооооо Шала на страна, пее бре жената и крај. Кралица.
Не знам дали јас сум вечерва расположена за мрчење или овде не е нешто во ред...Есма каде бре со фустанот
Се надевав дека Калино моме дека ќе ја изведат со Каролина. Мислам дека дека и спот имаат снимено за песната. едит: Дафино вино црвено е песната
[СДК] Сакам да кажам... Оф леле, тешко ми е омилената ми песна Калино моме да ја слушам вака унаказена...
Настапот на Сергеј беше дефинитивно најдобар. Воодушевена сум од тоа колку добро ја испеа песната. Останативе ги унаказија песните - толку неталент за пеење да се немало, бе. Па и настапот на Дадо Топиќ - катастрофа! Ланската прослава беше каде-каде подобра.
^Да. Eсма добра си е, ама кога ја видов, ослепев хахаха Влатче славјче наше бре, алал да му е Јосипа Лисац одсегаш ми била страшна, со годиниве бетер. Teреза Кесовија, повеќе ми се бендиса.
Еве ја симпатијата моја и на мајка ми, Борис. Ој девојче во рок стил, не по мој вкус. Ко Ристо Самарџиев да го слушам.
Влатко Лозаноски нешто посебно да го обожавам и слушам, не. Ама вечерва стварно прекрасно испеа, браво. А Борис Новковиќ си го сакам, но оваа верзија на Ој девојче не ми се бендиса ич.
Концертов е за никаде , ич не зажалив што не отидов па овие не пеат, овие кокодакаат бре, сите песни ги упропастија и Борис ја згреши песната, ако добро приметив До сега ниту еден салам не испеа, ниту еден, а како беше облечена Есма не видов
Ах бре Аки ако веќе мораш да пееш, а мораш не си дошол за џабе, поарно испеј ја sve jos mirise na nju Не можам да го гледам како се мачи
Леле овој Борис Новкович ко Џорџ Клуни е,што постар тоа поубав Он,со Влатко Лозановски и Хари Мата Хари ми се едни од подобрите вечерва,што се снајдоа во недефираниов жанр на песниве. Толку квалитетни пеачи,ама ги уништеле со аранжманов на песните.МНОГУ ПОДОБРО ќе беше чисто народна да беше музиката,многу подобро ќе ги отпееа. Ги унаказиле песните штета...Го поштувам талентот на Тавитијан-ови,али реално ги уништиле песните а и пеачиве вечерва.
За ова зборев. Деклариран македонец чита текст на позната македонска песна. Све још мирише на њу и Јесен у мени ќе му беа подобар избор, тоа сигурно немаше да го чита.
^ Може како бонус, све још мирише на њу, а мислам дека го заслуживме . Туку Борис мелем за очи м . Ама песната, е она де