Нека ечи Каролина со Дафино вино црвено! Една од најубавите преработки на македонска народна песна, ме ежи!
Не ми се смејте, ама Сузе нацианале е скроена за Калино моме, ја слушам и неможе никој до пола да и се приближи. Пола од песниве ги униказија, што со преработката што со пеачиве што не ги фаќаат песниве ама ич. Ќе ја пее некој Со маки сум се родила или џабе чекам П.С Ако никој не ја пее Македонско девојче, џабе им се сите песни и цела мака, најозбилно.
Конечно! Преработката ми е омилена, само што ја помешав со Калино моме . И двете песни ги сакам, ама Лисецот ја среди . Браво за Каролина, најдобар настап вечерва. Туку анорексична е бре луѓе. Многу е слаба .
Добро бе Зајди,зајди, Македонско девојче,Со маки сум се родила ќе ги пее ли некој? И одлична беше Каролина,најдобро од сите до сега.Се гледа на кој му е мајчин јазик македонскиот дефинитивно
Никогаш, значи никогаш повеќе да не ја мешаш Дафино моме црвено со ниедна друга песна! Опростено ти е сега.
Каролина многу убава и елегантна вечерва. Од сите преработки оваа ми е најубава. А пејачите од соседниве земји можеле барем да ги научат убаво текстовите на песните. Сите до еден негде утнаа. Поубаво би звучеле во секој случај.
Не ги помешав песните, ги знам и двете, туку помешав која Каролина ја пее со браќата. Јас не сум ти патриот голем, ама ме наежи песнава. То Опи, така треба. Абе наше си е наше, барем вечерва се покажаа. Ги засенија елитите .
Едно прашање: тие момците на тапани што беа, сега на крајов заедно со Калиопи, од некоја академија се, така? Или грешам?