изгледа од странциве само Сергеј се потрудил да го научи тексто ко шо треба... за калиопи немам коментар ... единствена како и секогаш а за гаро џуниор во 10000000000/8 чука
И јас ќе ти речам да не ја нарекуваш никогаш ама никогаш ДАФИНО МОМЕ ЦРВЕНО песнава, пошо е ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО те молам Инаку, секоја чест. Симнувам капа АМА на македонските пејачи. Овие другиве воопшто не се потрудиле. Ни изговор точен, ни ништо. Онаа Лисец посебно бре. Аман, ја уништи песната..Единствено „Градел Илија манастир“ ми се свиде. Ама крајот беше.. останав без текст. Многу, ама многу си ја сакам Македонијава наша. Каква-таква, моја си е
[СДК] Сакам да кажам... Калиопи, Владо Јанески, Влатко Лозаноски.. се тоа кичевчани бре. Многу талентиран град сме, до воздухот е Наша гордост сте, така да знаете!
Огромна грешка што не го поканиле Миле Кузмановски, па ни Наум Петревски, огромна грешка. И многу убави песни останаа неиспеани, според мене најубавите не се испеа со ретки исклучоци кои ги чувме вечерва. Или па нема достоен ни еден за Зајди зајди на пример? Штета, ама таа заедно со Македоско девојче мислам дека се втори химни. Јас на песнава плачам секој пат кога ја слушам. http://www.youtube.com/watch?v=IGTHzZ0wB6E Да не биде се само критика,се на се фин беше настанов, убаво ми беше на душата.
Неможам да се воздржам од коментар тука на форумов во однос на почетокот. И покрај тоа што Џамбазов 100 пати напомена дека не е официјален дел, сепак, која по ѓаволите им беше финтата на ваква манифестација каде се слави независноста на МАКЕДОНЦИТЕ , првата песна што ќе провее да биде од некој си за поголемиот дел анонимец Селмани и тоа на албански јазик??? Па и втората песна некои си Бог знае кои беа, со смкнати панталони дечишта, па за да дојде Елвир со песна на македонски јазик, и пак по него Аделина со песна секако на албански јазик, која капак на се, се помешала со некоја тезга па заборавила да облече нешто плус???? Многу лош старт, иако небеше официјален дел, што не е ни важно, јасно гласеше поканата дека концертот е од 20ч, сепак првите песни да се на албански јазик е бедно и незамисливо, особено на ваков ден! Што ќе беше Синтезис или Ламбе ако ги ставеа веднаш по девојчето-виолинист, чии песни беа едни од ретките кои ме наежија оваа вечер? Стартов ме разочара, но како и да е, тоа сигурно не е концепт на фамилија Тавитијан, едноставно толку сме силни и свои дури и на ваков ден и вакви моменти. Секоја чест за Гаро и браќата Тавитијан, вистински професионалци и музичари. Блескаа од среќа и енергија, а сите аранжмани на песниве кои ги пееа изведувачите се одличен начин за оживување на старите песни, секоја чест, мајстори се! Да не ја заборавам и нашата поп-дива Калиопи, која живее и пее за овој народ, целосно се предава во тие неколку минути, ја обожавам посебно!
На прсти се бројат тие што не си ја оплескаа изведбата негативно се изненадив и од некои биг старс, со исклучок на нашиве (без Џафер, Тијана) и ретко некој од останатите. Благодарам Дадо за безвременската Македонија. Мноооооогу малку од елитните пејачи заслужено се појавија на сцена вечерва, а фалеа многу наши врвни пејачи (некои се спомнати погоре) кои верувам дека заслужено ќе беа присутни и песните ќе ги испееја без грешка. Иначе не знам кој на кого му направил поголема чест, дали тие на нас што дошле да ни пејат (повеќето фалш и без никаква емоција) или "ние" на нив што сме ги поканиле на концерт по повод 21год. независна Македонија - голем државен празник. Јас мислам повеќе второто! Не знам кој друг им направил или ќе им направи чест да ги покани на таков празник да пејат во туѓа држава. Да не бидам погрешно сфатена, немам ништо против пејачите од соседството воопшто (некои од нив се одлични пејачи, секоја чест од мене), само сметам дека во ниедна држава не би пееле повеќе странски пејачи од домашни на ваква манифестација т.е. многу поверојатно е дека ниту еден не би пеел. Тоа може да помине само во нашата земја на чудата. Неприфатливо ми е едноставно и навредливо. Се надевам дека заради поводов пееја без хонорар (би ценела ако е тоа така и ќе им простам на тие што ги унаказија на песните и им беше тешко една песна да научат ), a и дека собраните средства ќе одат навистина во хумани цели (ваљда нема да завршат во нечиј џеб). Едит- И неофицијалниот дел беше срам!
[СДК] Сакам да кажам... Spoiler Ако Калиопи појма нема од пеење, тогаш јас сум Адри(ј)ана Лима. И после зошто ги викале српските пеачи. Е поради вакви мрчатори, кои ги ценат српските турбо-фолк пеачи, отколку нашите поп пеачи. Одете бе на Аца Лукас, на Цеца, Брена. Подобро пеат. Не сум којзнае колкав патриот, ама ја сакам земјава. Само фале некој да ја оправе.
Во главно песните се многу лошо преработени и многу лошо звучат во живо. Најдобра беше нормално Каролина, најубава и најдобро пееше. Исто и Калиопи на крајот беше врв. Зошто не пееше Владо, а беше најавен?
[СДК] Сакам да кажам... Одлична организација на стадион, преубаво си поминав, изведбата на песните беше предобра! Абе фина манифестација во секој случај.
еве ја snowww Епа вака.... *Голема замерка што на ваков ден, во ваква пригода во тој некаков си ревијален дел се почна со албанска музика(не е важно кoj јазик е) туку зошто да биде пеена на албански(било кој јазик)? Кога пеачи од цела бивша Југославија се потрудиле да пеат на македонски сега 2/3ца да неможат? И ако свиреа и викаа уаа Истото важи и за Тијана....како ни една песна да не можеше македонска да испее.Ќе и лежеше пример македонско девојче. Ама она... Кога ја видов се израдував,ама кога чува се разочарав. *Исто така и онаа Аделина, јас незнам ни која е ни од каде.Ни што е по професија зошто најмалку од се личеше на пеачка. Па и облекана со какво знаме и беше,за на ваков ден ли :geek: *За останатите пеачи, сите се потрудиле како така.Ама најубав впечаток од гостите ми оставија: Јелена Т. и Сергеј Ч. Верувам дека сите ќе звучеа далеку далеку поубаво ако озвучувањето беше средено. - што ми е втора од двете замерки. (првата е нели песните од стартот и Тијана) Нашиве пеачи не ги коментирам,зошто веќе многу се зборени-не вредат до толку мала шега, добри беа. Најдобри Калиопи и се разбира Владо Ј. Моменти во кои солзите сами ми одеа и чувството беше прекрасно: -полн стадион...прекрасна слика -Пеењето на химната тоа се подразбира -Танец и земјо македонска, со 60,000 пратечки вокали -Моментот кога моите колеги излегоа на сцената и сите почнаа да пеат: излези момче право на тераса...,е тука не можев да пеам од што гласот ми дрхтеше и солзи радосници ми течеа Браво Оливера-хероино наша -Хеликоптерот -Како и делот со тапаните,кога публиката со аплауз бараше уште.... -Како и финишот со Калиопи...ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ,ВО ДУШАВА ГО НОСИМЕ,ЗА ТЕБЕ ЖИВОТ ДАВАМЕ ООО МАКЕДОНИЈО!!!!! ....Огнометот....прекрасно нешто, браво браво браво! Но од друга страна пак кога ќе видиш.Не толку замерувам за озвучувањето од причина што по прв пат се случува концерт на аренава од кога е изградена.Ете ќе увидат и следниот пат ќе се поправат. Но, оноа за музикана на старт....немам зборови. Како и да е, за 20ден. бесплатен превоз,цд,добри пеачи....Немам лош збор.Браво да даде господ да ни живее државава како треба и уште многу вакви прослави да се има.
[СДК] Сакам да кажам... Добро бе, дали сум единствена која што не пројави никаков интерес за синоќешната манифестација или така ми се чини ?! Ниту бев на стадион, ниту пак гледав на телевизија. Да не бидам погрешно сфатена, си ја сакам Македонија и празникот 8 Септември Денот на независноста.
Малку загледав од концертот, ама мислам ако Владо ја пееше Земјо Македонска, подобро ќе звучеше. И овие добро ја испеаја, ама кога го слушам Владо како ја пее се ежам. Во изведбата на Калиопи на Едно име имаме не се ни сомневам. Тие албански пеачи не им требаа на почетокот. Ама, онаа Аделина права бомба бе, секако дека не беше соодветно облечена, ама какво тело има Криво ми е што не отидов.