^моментот беше, на раперите им викаа уааа. А на типкана аплауз,нема везе на кој јазик пеела туку како изгледала Вредеше да се отиде.Навистина вредеше. Искрено не зажалив, со мајка ми и сестра ми супер си поминавме.
Да бе, се слушаше. Јас лани бев и многу убаво си поминав. Верувам дека и сега било убаво. Џамбазов беше полн погодок, ама не знам дали приметивте кога направи еден лапсуз. Вели ’’ На сцената ќе се појави Ламбе со Земјо македонска‘‘ нешто во тој стил кажа. Јас се разочарав, Ламбе нема глас за таа песна. Кога на крај излезе дека Земјо моја ќе ја пее. Реприза ќе има ли утре?
Нешто чисто информативно да споделам. Преработкава на Ој девојче како таква што ја слушнавме вечерва, постои на цедето и ја изведува желката Јоксимовиќ. Веројатно од преголемите обврски не успеал да дојде и да направи чест на Тавитјанови кои се 10 класи подобри музичари од него, или хонорарот му бил мал. А и песната е првично испеана од Тоше, ако ништо друго почит кон него искажи, нели пријател му беше. А да имаше закажано концерт утре во Борис Трајковски, ќе се залетаа 10.000 и ќе платеа влезница од 600 денари. До принципи е, што тој ги нема. И не е залуден впечатокот дека е препотентен и самобендисан до небеса
Јас не успеав да појдам Скопје.Ама гледав нешто на ТВ.Многу ми беше мило што за водител баш го избрале ЧОВЕКОТ,Игор Џамбазов. Многу ми се допадна настапот на Владо Јаневски и Сергеј Четковиќ. И исто така дечките од Танец многу ми беа убави.А Џафер,дефинитивно е упорпасти песната.Срце,душо.Чмрк,чкљк.
[СДК] Сакам да кажам... Не си единствената Не бев ни јас, ама бидејќи бев со кола во околината на парк абе да немаш кај да се паркираш... Како сардини сите ги начукале колите, дури една кола беше удрена . Си ја сакам државата и обожавам патриотски стари мак песни, ама сепак гужва е страшно нешто за мене А пошто нели денеска концертот чинеше 20 ден и автобуските билети беа бесплатни не верувам дека има некој што не појде. Мора да се искористи ако е нешто гага Јас сум од поскромно семејство па не одам на се што е гага во градов
Ај и јас да си пишам импресии од тоа пред телевизор што го видов. Епа вака. Прво кога се уклучија МТВ од таму се израдував заради Џамбазов што го одбрале, полн погодок. Кога пееа албанциве ги исвиркаа, а оваа женскава го растресе г*зот таму, покажа близначките и аплаузи. Е браво бе. Друго, Тамара настрана, туку Тијана. Па немаш ли македонска песна?! Ги собрале сите на македонски да пејат, она српски. Си го гледав Ламбе, подигна атмосфера дечкото, Танец исто со „Земјо македонска“. Дадо Топиќ требаше сам да си ја пее „Македонија“ а не со прв придружник. Секоја чест за Аки ама слабо им излезе. Џафер ја ус*а работава, глупирање до максимум. Уствари он не знам кога не се избрукал. Калиопи и Владо Јаневски солидно. Александра Радовиќ ли беше таа првата или како, мене ми се допадна. Јелена Томашевиќ со „Судбо моја“ со мерак си ја слушав. Шола што ја викнале не знам, нека пишува песни таму а не да пее. Не знае бре, не знае! Сергеј и Нина беа супер според мене. И толку. Не догледав до крај. Многу ми беше суво некако, публиката слабо плус ефтини карти, бесплатен превоз и пак имаше празнини. Се виде убаво на тв. Може за присутните таму убаво било ама на ТВ ко да немаше публика. И така.. Ај не сите, ама поголемиот дел пејачи прв и последен пат пееја пред толку публика. Ќе имаат да се фалат на старост. Во врска со стајлингот.. залижани косички и амерички знамиња. Слабо многу. Туку ај доста е. Бевме што бевме партиоти вчера, сега да си продолжиме со „т'ибам државата“. Поздрав.
Јас на крај го фатив концертот на тв, и видов дека имаше доста рпазни столчиња на трибините, но сега гледам слики и тоа што вчера го видов празно, всушност било полно. Да не си заминуваа луѓето предвреме, да не ги фати гужва :geek: Среќа што не сум гледала од почеток, да се изнервирам што замешале и албанска музика на денот на независноста на МАКЕДОНИЈА Инаку чудно ми е како празни места имаше, знам дека од мојот град требало да отидаат 20автобуси(толку карти имало) , ама отишле 10 дека немало доволно автобуси за да се изнајмат Во секој случај мене ептен ми се допадна што направија, секоја им чест , Македонија заслужува и многу повеќе... кога понекогаш изреволтирани плукаме по својата држава, нека ни текне само колку е млада, колку низ годиниве поминала, а и колку само сите треба да се трудиме да опстане. Со оглед на сите работи, сепак имаме едно солидно парче место каде живееме, каде имаме добри услови за живот, кои повеќе пати не сме знаеле да ги искористиме. Но човечката алчност, ненаситност е поголема од се и секогаш преовладува. Да ни е вечна Македонија!!!
Бев јас, моогу убаво си поминавне. Суперр беше, хахаха чуствуваш дека си Македонец, особено на почетокот кога беа исвиркани албанските пејачи . Искрено незнам дали е за смеење или плачење. Во секој случај не беше ок што беа исвиркани............ааамааааа па што мајка бараат да пуштат Албанци првиии да пеат а згора на тоа и на Албански јазик . Тоа е. Инаку задоволна сум. Се беше убаво. Ме воодушевија двата хелихоптера кои поминаа над стадионот, едниот со знаме. Очекував дека ке пуштаат некои летоци, балончиња,,,,,нмв. Седан така, не очекував и во еден момент вааа ..... како детенце се радував. И Тијана испеа на Српски хмммммммм некакоооо не ми идешее амаа ајјј......... во нашава држава СЕ е можно, кога се испееаа 3 песни на Албански зошто и да не на Српски....
Концертот заврши во 23:30ч. Се беше полно, но веќе околу 23ч. Постари луѓе и луѓе со деца заминуваа.Баш пред мене имаше женичка,ќеркичката во раце и заспа.
Така бидна како што и мислев, нема култура народов за ваков концерт. Нема бре! Што уште не изнаслушаа моиве уши синојка и што уште не прочитав и ќе прочитам по интернетов за концертов. Нашле па зашле. Прост народ, тоа ќе кажам. Концерт на Тавитјан со нивни гости, кој не знае да чита уште еднаш нека си го прочита на концертот постерот. Разочарани што не пееле гостите нивни песни. Ми спотребале нивни песни. Тавитјан се за интимен концерт во помала сала со нивни фанови вистински. А не вака со карти во штабови дадени на луѓе кои немаат слушнато кои се Тавитјан во животот. Мое лично гледиште е дека концертот беше речиси одличен, преубава музика, одлични гости, незадоволително озвучување и ужасна публика! Тавитјан имаат едно цеде засега 7/8, имам читано планираат уште песни за преработат во иднина и со други македонски песни и други гости. Претпоставувам многу е лошо да правиш избор на гости за албум, секогаш ќе има зборови зашто овој го има викнато, а не тој. Исто и песни, зашто оваа ја има, а не онаа. Ламбе, Синтезис и Танец одлично ја загреаа атмосферата. Колку сме глуп народ докажуваме што свиркаме албански одредени пејачи, а на одредени огромен аплауз даваме. Вака се гледа одма она низ историјата многупати што сме го правеле, секогаш се продаваме за нешто. Сега се продаваме за размрдан газ. Закон беа хелихоптерите, да ви кажам право се исплашив А и одличен огномет проследен со Едно име имаме. Совршенство Браво Тавитјан, го заслужуваат секој аплаус, заслужуваат и многу повеќе од ова. Народов македонски не заслужува вакви гратис концерти. За концерт кај што ќе даде пари секогаш убаво си поминува, а за вакви концерти секогаш се смета. Одете на нива и копајте си и слушајте си пинк, не се за вас концерти и уметност!
^колку само беше добро дека пееа наши песни....закон беше. Ако сакаа нивни песни,нека си отидат на нивните лични концерти.
Синоќа македонскиот народ се поклони пред параолимпијските херои во арената "Филип Втори". Овие параолимписки херои беа дочекани со громогласен аплауз. Најсилни овации доби Оливера Наковска-Бикова, која освои златен медал на Параолимписките игри во Лондон. Исто така, Оливера беше и достојно пречекана на аеродромот "Александар Велики". Spoiler Браво за публиката,која и ја испеа песната излези момче право на тераса.
Тоа го искоментирав и јас. Во поинтимна атмосфера, концертот би бил далеку подобар. Јас имам слушнато поголем дел од песните и синоќа бев изненадена од тоа колку од нив лошо звучат. Барем пред ТВ, изведбите беа лоши. Изборот на гости беше одличен, ама барем да се потрудиле да ги научат како што треба и барем малку чуства да покажаа додека пеат. Но можеби голема улога има и карактерот на овој концерт. Јас тврдам доколку беше во еве на пример Опера и Балет или Универзална ќе беше далеку подобро. Јас не знам дали таму се слушаше дека изведувачите не го знаат текстот, ама пред ТВ беше ужасно. Секоја чест за Каролина, Влатко, Владо, и Калиопи на крај, каде што немаше кој не се наежи и расплака. И се чудев цела вечер, кој смел потег на Тавитијан па и на Владата, со ваков концерт да ја одбележи независноста, па и тоа со карти од 20 денари, продадени на луѓе од штабовите . Што оекуваа? Култура, или за еден ден ќе им се подобри вкусот на истите оние кои ја слушат Лепа и Брена .
Морници..солзи радосници со Калиопи на крај и момчињата со барабаните..Една и единствена е Морници и додека го слушавме Лозано..и по кој знае кој пат почуствувавме колку многу НИ ФАЛИ ТОШЕ во вакви моменти И Каролина беше достојна за концертот ..без грешка /иако морам да приметам претерано е ослабена / Од странците..Јелена -ок.. .Дадо очекувано патриотски ...Сергеј најблиску до одличен.. Тамара ..а посебно Тијана лош избор на песни за ваков концерт.. Албанците бар една песна да испееја на македонски..а срамота голема срамота што беа исвиркани од публиката.. Организациски единствено критика за озвучувањето.. Инаку се на се прекрасна роденденска забава за 21- роденден на нашата мила Македонија