^нема видеа уште...но ова е врвот.По сите убави слики што претходно ги постирав, македонскиот народ си ја покажа сликата(културата) на крај
Ниту бев, ниту го гледав концертот на тв. Уште кога ја видов најавата за концертот се изнервирав поради фактот што 80% од гостите се од соседните држави. Добро, зошто сосила се правиме секогаш дудуци? Толку фина, прекрасна идеја и на крајот бап - Горан Каран (wtf? што ми е бе мене гајле за него) Антонија Шола ... и да не ги набројувам сите останати од плејадата шупаци. Чиј празник е ова? На македонците. Кој треба да земе учество? Македонци. Па помило ќе ми беше да ги гледам дури и Ѓоко Таневски д фиш, крекалчето Влатко Илиевски и оние изгубените во свемирот Некст Тајм, него ли да ја слушам Јосипа Лисац како крахира на сцена и упропастува наши песни (ова мајка ми ми го прераскажа инаку). Наум Петревски, Миле Кузмановски, Сузе Национале, имаме толку многу добри пејачи, зошто бре им укажуваме чест на некои неблагодарни и преценети створења што не се потрудиле ни песната да ја научат. Од главата си патиме. Не сум го гледала ниту почетокот со албанскиот вовед и добро е, дополнително ќе сум се изнервирала. За пофалба е овој гест и идеја, и цената на билетот, ама памет за другпат. Не викајте странци, си имаме НАШИ ПЕЈАЧИ! Не се ни сомневам дека Калиопи била најдобра. И целата енергија собрана таму од 60 000 посетители.
Е оваа година го достигнавме врвот. Албанка пее албанска песна со американско знаме и славиме ден на независт на Македонија. Е браво бе ! Не останав до крајот на концертот, уште на почетокот ми се смачи. Не ден на независност на Македонија викаат гости од соседните држави да пеат песни на македонски. Не можам да го разберам народов еј. И младите таленти (читај-албанци, да не се изразам како што треба) дошле и ми крекаат на албански јазик. А зошто не и викаа ууу на онаа албанкана?! Зошто го мрдаше газот ете зошто. Е, тоа ти е мајко примитивност .
Незнам зошто толку да ви смета фактот дека имало и албанци та нели и тие живеат во македонија? Како и да е не беше лош концертот Влатко Лозаноски ме бендиса а другите не ги слушнав немав време Ама по сликите се гледа дека имало многу луѓе а и фамилија моја беше таму појдена и кажаа дека многу убаво си поминале
Па не знам искрено дали на албанска прослава по каков било повод они би поканиле македонски пејач. Ако одиме по таа логика, во Македонија живеат и Роми (ајде сестра Есма секогаш е присутна на вакви настани), ама и Власи, Турци... турски пејач јас не слушнав да учествувал... Зошто па тогаш да има само албанци, ако логиката налага да учествува целиот етникус на државата?
Искрена да бидам јас многу укав на албанците Немат потреба тие да бидат на ваква манифестација, синкир тие на нивна ќе викнат наши, мхм да бидите сигурни. Како и да е јас многу убо си поминав, се изнажуркав и еве нозете уште ме болат, глата и не сум ни одморена. Единствено шо не ме бендиса е то шо комотно можеа сите македонски пејачи да ги испеат овие песни, и сигурна сум дека милион пати би ги испеале поубо и од Аки Ракимовски, Антонија Шола и сл. Калиопи Прекрасна си жено Се изнасмеав за сите пари, сите стари луѓе во 10 сатот си ојдоја, Ништо не показаа децата еден вика. Умревв
Без коментар за почетокот, значи покатастрофа не можеше да биде. СРАМОТА! Не знам па тие како се нафатиле да пеат на ваква манифестација? Провокација можда? Инаку за оваа што пееше, од местото каде што бев јас застаната премногу гласно се слушаше ууу, а веројатно од другите места им се допаднала нејзината изведба. Немам зборови. Голем минус на организацијата за изборот на неофицијалниот почетен дел, при толку неверојатни гласови од македонската сцена, отидов да слушам албанска музика. Лош старт, многу лош. Понатаму ок беше, со оглед на тоа што дел не се покажаа најдобро, а и да се разбереме, треба да си македонец за да утврдиш дека не пеат добро, а тоа значи си ја знаеме нашата музика ние самите најдобро Браво за Танец, Влатко Лозаноски, Калиопи, пејачката не ми текнува коа беше што ја испеа Судбо моја, Бебек со Јовано, Јованке, Сергеј, Есма И моментот со Оливера. Секоја чест. И огнометот. И коментар за Rose69 па нели Македонија, независност, роденден, македонски јазик, македонска држава, МАКЕДОНСКА МУЗИКА, и уште прашуваш што ни смета??? Да, нека дојде, нека пее ама на МАКЕДОНСКИ, како што го направија тоа и странските гости.
Не сум била единствената што не гледала, сепак кога прочитав дека имало и албанци, се разочарав. Па ако живеат во Македонија нека пеат на македонски. Тоа веќе би било пристојно да се види дека населението во нашата земја од друга националност го почитува нашиот јазик и идентитет. Вака докажале само дека имаат доволно храброст и слобода да прават што сакаат тука. Не дека имам нешто против нив, ама не им било местото на оваа манифестација.
Za mene muzikata nema granici,sum slusal romska,turska,grcka,albanska jas muzikata ja delam na dobra i losa. A za koncertot nemam komentar,ne sum nesto vooduseven.
Прво Татјана ви пееше српска песна прашуваш за другите. И тие се дел од оваа држава и ке бидат нормално повинаки да присуствуваат.
Како бе Калиопи нема глас ?? Според мене има еден од најмоќните гласови во Македонија после Тоше . Можеби понекогаш ме иритира нејзиниот однос во некои ситуации но како му вика на грчкиот новнинар или водител после евровизија те сакам бе те сакам . Зошто се чудам колку добри пејачи имаме а ги викнале овие ?? Што има фали на Миле Кузмановски , Наум Петрески , Зуица Лазова , Благоја Грујевски , Блага Петреска што ако има и некои постари ?? А не оние што ја отворија вечерта на што личеше тоа ?? Таа Аделина на облеката британско или америчко знаме имаше ?? Па Каролина , Влатко , Ламбе не пееле убаво а кој да пее Аца Лукас , Цеца ?? Дури на моменти кога ја слушав Тијана си викав СРБИЈА СРБИЈА барем можела да избере македонска песна а не диско диско да ми пее . Некои пејачи се потрудиле да ги научат песните но некои онака си ги исчитаа . Танец најмногу ми се допаднаа заедно со огнометот секако и браќата Тавитјан заедно со татко им направија убава атмосфера .
Не би ми сметало ако поголемиот број од нив би се однесувале лојално и со вистинска почит кон нашата земја (фала богу има такви ама се далеку помалку нажалост), НО тоа не е така и затоа ми е неприфатливо да добијат таква чест кога се однесуваат крајно подло кон Македонија! Конкретно еве како искажуваат почит кон земјата во која и самите живеат на државниот празник.
Па и тоа е муабетот дека ТИЈАНА НИ пееше српска песна и за неа збориМЕ и за таканаречените АЛБАНЦИ во Македонија .
Јас бев ама ние бевме на терен па цело време стоевме ( Си подседнувавме доле малку хахах па не се стои 4-5 часа). Е таква ни била среќата. Добар беше концертот само да пуштеа некои песни по патриотски
Се меша баби и жаби малкуцка Ова не беше концерт по повод независноста на Македонија. Ова беше концерт на Тавитјан!!! Јас колку што читам и наслов на темава е концерт на Тавитјан, не е концерт за независност. Ни на плакатот не пишува концерт за независност, ни на рекламите. Него секаде е концерт на Тавитјан, а потоа дури се спомнува дека ќе е на денот на независноста. Е сега концертот беше подржан од владата во однос на организација, а оставено се во рацете на Тавитјан во однос на музичкиот дел. Така да кривете ги ако не Тавитјан што одбрале повеќето гости на нивниот албум да се странци а не македонци. Не знам што ја мешате државата во овој дел дека пееле странци. Државата може ги одбрала гостите пред концертот, а тие беа сите македонци. Да не беше концертов и идејата на Тавитјан годинава и онака не е јубилејна немаше никаква прослава да има на 8ми септември, па и така немаше да чини, ни вака нечини. Никако не ни чини нас бре. Еве за тие што бараа клипови http://www.youtube.com/watch?v=DQu4D13FcVc http://www.youtube.com/watch?v=MUxkRHmwF0o http://www.youtube.com/watch?v=Sp9XzUjItO8 http://www.youtube.com/watch?v=E_vChlC2rG8
Тијана не Татјана А за второв што си го пишала, и Есма беше повикана па пееше на македонски.Колку споредба да се направи.
А има ли клипче само од песната што е пееше,Сергеј Чектовиќ? Многу ми се допадна неговата изведба многу!
Пак гледам, зошто па зошто од страна пејачи, не наши. Hе е Bладата таа што ги викнала пејачиве, и им кажала која песна да ја пеат. Oвој концепт постои уште пред 2 години кога прв пат излезе нивното цеде, и годинава второто наречено `Mакедонското срце чука во 7/8`. Aко некого `обвинувате` тоа нека се Tавитјанови, кои истиве овие пејачи ги пееја истите овие песни, и снимаа спотови за истите. Jас нигде не видов да се буните и изреволтирано да пишувате кога гледате спотови по телевизии `Eлено ќерко` - Mасимо Cавиќ, `Jовано, Jованке` - Бебек. Kрај краева, секој ден слушаме како нашиве пејачи пеат народни песни, што по емисијата на Aлфа на 3уица, што на емисијата на Џорлев, што пред неколку години кога имаше концерт на плоштад. Hа новогодишни емисии гледаме како наши пејачи, забавни и народни, ги пеат народните песни. Cега за еден проект кренавте ука голема, ко којзнае што да е. Mене ми беше чест што дошле, демек нели `елита` се, само можеа повеќе да се потрудат во однос на текст и интерпретација. Oваа да не е подобар избор нешто? http://www.youtube.com/watch?v=r8LnfpmvZgw Или аренби Mоре сокол пие? http://www.youtube.com/watch?v=fYritXD5X34