1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Копаоник (Србија)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Mell11, 2 јануари 2020.

  1. Mell11

    Mell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Не најдов на форумов ништо за Копаоник, па како интересно и блиско место за зимување и одмор мислев дека е добро да ја отворам темава. Сакам да одам зимава за прв пат, па да сподели некој што веќе бил искуство, во однос на сместување, превоз, цените, ноќен живот и сл.
     
    На Bojana890 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow_King

    Snow_King Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Машки
    Се вратив пред некој ден од таму. Дефинитивно најснежната планина на потегот СРБ - МКД - БУГ. Имаше околу 80цм снег, додека на Маврово имаше 10цм, а Златибор 30цм.

    Сместување има за 50 евра па нагоре во самиот центар, кај ски стазите. Подолу низ планината, на 3-4км од центарот се наоѓа и сместување за 25-30 евра. Таму има и ресторанчиња со пристојни цени, на пример добар омлет за 2,4 евра. Е сега секако ќе сакате да одите до центарот од овој дел, такси е околу 400 денара во еден правец. Ние отидовме со кола, ама не ја возевме таму и поради безбедност, поради алкохол, а и не излегува многу поскапо затоа што во центарот треба и паркинг да платите (на едно место 250ден, на друго 500ден целодневно).

    Ноќен живот не е толку бурен како на Златибор, ама има доволно. Две дискотекици има тука во центарот, Exit и Bombardier. Цени на пиењето се горе-долу скопски, пример Пелинковац беше 130ден. Само во вторава имаше едно 80% машки секој ден :D
    Најубавото место и најголемото беше Пабот, исто тука на 50м оддалеченост од останативе две. Супер опуштена атмосфера внатре, фина музика и слични цени. Само не одете во Маглич, тоа е најекслкузивниот и најскап ресторан таму. Има и сендвичари кои работат 24/7.

    Се на се, преубаво место, топла препорака како за скијачи така и за нескијачи.
     
    На S.L и Mell11 им се допаѓа ова.
  3. S.L

    S.L Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Дали имаш некои линкови од апартмани и сл? До сега не сум била а планирам да одам.
     
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Дали некој може да напише некој збор повеќе , зашто Копаоник е широк поим.
    Има еден тон жичари и ски лифтови.
     
  5. S.L

    S.L Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Што те интересира поточно?
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    27.838
    Пол:
    Женски
    Што те интересира конкретно. Копаоник има стази буквално за сите од почетник до неколку црни стази и зезнати црвени стази за искусни скијачи. Иако можеби на искусните нема да им биде доволно. За оние што се средно спремни и рекреативци е супер. Сите ски стази се интегрирани и со скии може да се преминува од една на друга стаза и жичара, освен што за делот Гобеља треба да се премине пешки преку афалтен пат. Ама имаш скијање, преминуваш пат и одма пак имаш ски-лифт за нагоре кон Гобеља.
    Ние откако го откривме Копаоник, Бугарија ја чкртавме со големо X. Едноставно шмекот на Копаоник е посебен. Не се само стазите во прашање туку општото чувство. Србите имаат поголем осет за мода за облекување, колибите на стаза (кафани, ресторани, лаунч барови) им се сите прекрасно средени, во многу од нив има и камин и сите се како брвнари. Сите хотели имаат зимски амбиент со прекрасни камини. делови за опуштено седење и слично. Апартманите се исто вкусно и модерно наместени. Центарот иако во последно време малку го подуништија со премногу високи згради изгледа прилично еднолично во поглед на фасади (сите се во ист стил) и тоа дава особен шарм. Во средината на Конаците има плоштад кој во зима се претвора во игралиште со снег за деца (се натрупува снегот од патеките во центар и деца прават лизгалици. Секој се секого се запознава и има и мавање со топки и снешковци правење и лизгање на газ или клиско). Мене ова ме потсеќа на детството на Шапка кога сиет деца заедно играа пред хотелите. И ми е нешто што сакам и моево дете да го осети и прилично успешно го доживува на Копаоник.
    И храната е прилично повкусна барем за мој вкус (јас чубрицата во секое јадење не можам да ја смислам. Детево една година на боровец само шпагети со кечам и пилешка супа јадеше 7 дена). Сега со Ковид сите работат со превземање на храна покрај седнување да се јаде.
    За пат преку Косово со тоа што на граница Македонија Косово се замолува да нема печат во пасош на децата и им даваш плус Извод на родени и им кажуваш дека одиш на скијање (ако има косовски печат Србите враќаат од граница). Возрасните со лични карти поминуваат. Цел пат ако нема гужва на граница со нормално возење се поминува за 3 саати. До Приштина е автопат, нагоре е поширок регионален пат. на кој во викенди нема многу гужва
    Е сега во однос на сместување најдобро е во Центар сместување. Ама и најскапо. Инаку во голем дел од смештаите во Центар има опција ски-ин ски-аут.
    Има опција Викенд Насеље кое мене искрено ич не ми се допаѓа зашто за скијање треба или со кола или со ски-бус да се оди. Ако се оди со кола според мене подобро е да се паркира кај Сунчана Долина и од таму со жичара, со тоа што мора да се води сметка да се фати Крст или Панчиќ кај 15:30 за да не се остане заглавен во Центар). Ако се оди во Центар на секои поминување во Националниот парк се плаќа за колата плус нормалн опаркинг во Центар.
    Има и оцпија Брзеќе која ако мене ме прашаш сега е подобра од Викенд Насеље зашто од Брзеќе има Гондола до ски терените и има еден мал ски-лифт во самото Брзеќе. Брзеќе е помалку развиено од Викенд Насеље, ама мене ми е посимпатично.

    Ако имаш плус прашања слободно прашувај.
     
    Последна измена: 18 јануари 2022
    На referentka, Sanniii и S.L им се допаѓа ова.
  7. fast_and_curious

    fast_and_curious Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Машки
    Пред два дена се вратив од Копаоник и можам да кажам дека беше одлично искуство. Едно од најубавите места кои некогаш сум ги посетил. Можам да ви помогнам околу информации за местото. Слободно пишете.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Има многу благи скијачки патеки, што е супер за почетници. Долги и широки се и никогаш нема толку гужва на патека, како што има во Боровец на пример. За почетници најдобра е 7ца, од шестосед нагоре одиш и се спушташ.

    Цените се поскапи од Бугарија, и во ресторани и за ски лифтови. Повеќето одат една недела и тогаш најповолно е 6-дневна карта да се земе. Генерално, добри информации има онлајн, еве линк за каритите. https://m.infokop.net/vest.php?id=473

    Претежно во центарот се апартмани, нови и убави има, ама го нема комфорот од Бугарија на полупансион, хотелите на Копаоник се доста скапи. Има два маркети, се продава и готвена храна, така што ок е. Сместувањето на страна е доста поевтино, а има катна гаража во близина на скијачките патеки, така што може човек да се организира.

    Во јануари е многу ладно, најдобро е да се оди крај на февруари или уште подобро март. Држи снег планината, во март скоро секогаш е со снег.

    Патот преку Косово знае да е напорен, една лента е на граница и многу се влечат. Од другата страна е подолго, ама може побрзо да се стигне. Последниот дел пред да се стигне најдобро е да се патува преку ден, навечер многу замрзнува и мора ланци да се носат. А некогаш и преку ден мора ланци, важно е да се има нњкои што се местат едноставно. Има и луѓе што местат застанати до патот, обично бараат по 15 евра.

    Мене многу ми се допаѓа. На некои не им се допаѓа што е како модна писта, сите по најнова мода облечени, ама што има врска. И многу важно - во кафана ги знаеш песните, за разлика од Бугарија :D.
     
    На referentka и Mantub им се допаѓа ова.
  9. Femin-ka

    Femin-ka Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки,

    Дали некој знае каде да барам апартмани/сместување за Копаоник? Важно ми е само да е во центарот т.е. блиску до ски лифтовите?

    Исто ако имате препорака за некое сместување би било супер. Колку се движат цените во ек на сезона?
     
  10. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Што би било убаво и интересно да прават тие што не скијат?
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Имате некое хотелче да препорачате? На ски терени не би оделе бидејќи сме со бебуш, може маж ми би одел ама сепак тоа не ни е приоритет би сакале да се акаме со санка со децава , како во Боровец што е блику се, такво нешто ни одговара, значи да не одиме со ски лифтови :)
     
  12. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Предлог за хотел блиску до стази?
    И како е за ноќен живот Копаоник? До сега на зимување сум била само во Банско со друштво и си пројдов топ.
    Во февруари ќе идеме парови и ме интересира дали има така местенца за пијачки, клубови или по хотел ќе треба да дремеме? :)
     
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    27.838
    Пол:
    Женски
    Клуб Хотел А е најефтин а е веднаш позади Гранд. На сама стаза има и еден Небеске Столице ама не знам каков е и во конаците е хотел Ангела. Другите се прилично полуксузни: Гранд, Греј, Горски, Вицерој. Има прилично Апарт хотели и апартмани блиску до стаза гелдајте смешатј Копаоник Центар. Да не биде Викенд насеље или Брзеќе ако сакате смешатј баш до стаза и блиску до забава. Инаку сега од Брзеќе има гондола до Центар за скијање ама не знам нити таму нити во викенд насеље како е за ноќен живот.
    Во Центар има прилилно ресторани, пабови и слично и има и една дискотека.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Ти благодарам на инфо :)
    На 18ти февруари одам, па ќе споделам искуство :) Договорот падна на хотел Путник.
     
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    27.838
    Пол:
    Женски
    Путник е супер хотел. Ако има доволно снег има ски-ин ски-оут опција преку стаза 1ц. Спа има убаво. Малку е само настрана од центар ама лесно се стига со такси (поефтина опција од паркинг во Центар). Убаво да си поминете.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.444
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Гледам темава не е баш активна ама се надевам некој поискусен ќе сака да ме упати.
    Годинава размислуваме за Копаоник ама до сега не сме биле ни јас ни мм па имам некои дилеми
    Јас ем не скијам ем со бебе 1 год ќе бидам.
    Мм и поголемата ќе скијаат ама она лани почна да скија така да не е нешто баш искусна.
    Е сега бидејќи сме вака поделени ни треба сместување некаде каде ски лифтовите би ни биле на дофат (барем оние полесните) да не треба да се пали кола каде ќе може и јас со малово пешки да одиме и да се вратиме, а истовремено да има и некои содржини да не е пуста пустелија. Кафанче, кафич било што кај што би седнале,каснале нешто, одмориле од ладното додека друга половина скија.

    Колку што успеав да сватам има сместување во центарот кај главната гондола ама искрено ми е прескапо таму (или ако имате препорака би било одлично)

    Второто е некој комплекс на апартмани Милмари што ми е финансиски по прифатливо, ама ме мачи моментот дали има соодветни и блиску ски лифтови и некои содржини за нас.

    Третото е Брезече што некако ми личи далеку од се, ама можеби грешам.

    И тие што сте биле од каде букирате сместување. Гледам и на букинг и на аирбнб, ама и таму не сум букирала па незнам ни која опција е подобра

    Ќе ви бидам благодарна за било каков одговор кој би ни помогнал
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Патеките се супер за почетници, така што за поголемата ич не се секирај, супер ќе ѝ биде.

    Е сега, со мало дете најдобро е да сте околу гондолата, кога ќе спие да можеш да тркнеш до дома, а маж и дете да скијаат. Да не мора да се враќате сите. Сместувањето скапо е, нема збор, ама се наоѓа по некој апартман не во први редови со поприфатлива цена.

    Во Брзече не сме биле сместени, ама од поминување од таму знам дека има мал ски лифт за деца и има гондола што те носи право на стазите, така што мислам дека не е лоша опција. Подобро отколку да палите кола.

    Ова Милмари е во населбата пред стазите. Не е баш блиску, ќе мора да одите со кола. Има катна гаража, ама малтретажа е, не е за со мали деца.

    Само доста е ладно, не знам кој период планирате да одите, јануари знае да е камен, најубаво е на почеток на март.
     
    На JoyJoy и V.N. им се допаѓа ова.
  18. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.444
    Пол:
    Женски
    Па баш јануари планираме, после празници за да фатиме распустот. Јас и големата сме школарци така да март не ни е опција, а и мене тогаш ми е повеќе мерак.
    Ти благодарам многу на исцрпниот одговор. Дефинитивно со ладново ќе се размислиме убаво, ама па некако Бугарија не ни е опција, а она што прашав низ државава што ми фати око беше ко на Алпи да одам
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    27.838
    Пол:
    Женски
    Ние секогаш одиме во Јануари. Сите сме во образование по дома. Реално една зима пред неколку години ни се погоди ладна, сите други беа ОК. Лани беше пролет во Јануари жално беше дури првиот ден вез снег (на вториот врнеше и стана бајка). Ние се сместуваме последни неколку години во Звончица. Апартмани или студија (сите се со мало кујниче) се и во најмалото ќе ве собере (поголемите имаат посебна спална). Инаку во хотелот има и пансионерско ресторанче со нештк како домашна храна (гравче, полнети пиперки, туршија) со супер цени.
    Е сега ако треба да бирам меѓу Викенд Насеље (Милмари и слични) или Брзеќе веројатно би одбрала Брзеќе ради гондолата. Скијачите можат со гондола директно горе да се качат а ти си бебе да шеткате. Викенд Насеље е поблиску ама преизградено и сеуште лошо поврзано со центарот и со бебе ќе морате со кола.

    Мене ми е Копаоник со мнооогу повеќе душа од Бугарските ски дестинации. Посредени хотели и кафани/ресторани, пошмекери луѓе, повкусна храна. Откако го откривме не сме биле на скијање во Бугарија. Единствено е поскапо малку.
     
    На h.ope и V.N. им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Брзеќе е топ за деца.
    Стазата кај Јиниор е долга 700 м и спаѓа во плави стази.
    Гужва нема.
    Картата е ефтина и е целодбевна или полудневна.
    Овде е и гондолата која носи кон Копаоник кон стази за иакусни скијачи и нема гужва.
    СметсТувањето е претежно апартманско, има сва хотели (Јуниор и Фока).
    Има добри две кафанчиња, една пицерија и едно добро снабдено продавниче.
    За со мали деца е ОК.
    Има изнајмување на скии за цена далеку поефтина од Копаоник.
    Има и инструктори,сакаш за група сакаш личен.
    Плус додека детето ти скија можеш да си седиш во ресторанот на Јуниор и да си уживаш гледајќи низ прозорците надвор како детето скија.

    Моето искуство за со дете од 6-9 години кое учи да скија е ТОП.
     
    На JoyJoy и V.N. им се допаѓа ова.