Копирници и скриптарници

Дискусија во 'Образование' започната од злоба, 9 септември 2020.

  1. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    3.427
    Пол:
    Женски
    Не најдов оваква тема и со оглед на тоа што бруцошиве ќе започнат кај и да е мислам дека е време да се отвори.

    Можете да прашате што сакате пр: каде можете скрипти да најдете, документи, каде најевтино секопира итн.

    Ова нека биде место каде што може секој да праша и да си помогне меѓусебно. :)
     
    Последна измена: 9 септември 2020
    На FightaminC, Angie1432, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.661
    Допаѓања:
    45.258
    Пол:
    Женски
    Баш добра тема.
    Мене братучедка ми ми кажаа оригинал книги се купувале од книжарата на факултетот, а копии од Либро на Битка кај кафичите.
    :D
    кажувајте што знаете
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.675
    Допаѓања:
    25.230
    Пол:
    Женски

    Super ti teknalo, inace mislam deka i na kej mozhe nesto da se najde bar jas za sredno kupiv nekoi knigi
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  4. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    3.427
    Пол:
    Женски
    Ти колешќе ќе ги зимаш скриптите од копирниците кај подвозникот. :D
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Apocalypse

    Apocalypse Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27
    Јас сакам да прашам, петок ќе одам со другарка Скопје, таа е на ПМФ јас на филозофски, планираме со такси да слезиме кај Континентал, каде се најблиските книжари за да се купат индексите и другите работи... А не можат ли да се земат од библиотеката на факултетот потребните книги за испит?
     
  6. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Има кај уким скриптара веднаш до правниот факултет, а за кај ПМФ не знам. Подобро ви е кај УКИМ да слезете и таму да набавите све, па после ПМФ. А заш да купувате индекс, не ви даваа индекс од факултет?
     
    На Apocalypse му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Apocalypse

    Apocalypse Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27
    Како што разбрав секој треба да си купи свој.
    П.С: Фала ти за помошта!
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    Од лани ги купуваме индексите сами :)
     
  9. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    3.427
    Пол:
    Женски
    Има Студентски сервис спроти Ветринарен, се продаваат цели комплети за упис. Ако одиш кај тој не се симнувај кај Континентал, туку кај Шумарски. Многу ќе имате за одење ако се симните кај Континентал. Подобро одете до Филолошски прво.
     
    На Apocalypse му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Има една копирница на југодрво (баш од страната на југодрво, не на онаа од олимписки базен). Се наоѓа малку пред автобуската, залепена до продавничката е. Ептен им е евтино за копирање, мислам околу 0.75 беше лист. Може смениле нешто од последниот пат кога бев (пред околу две години) но вреди да се провери. Е сега, не држат никакви учебници, скрипти и слично, но ако ви треба за принтање од усб или копирање, проверете ја копирницава. Се надевам се уште е отворена.

    За оние што сте на медицински факултет и средно медицинско - Најблиска копирница ви е Трио. Ги имаат сите книги, учебници, пријави, па дури и прашања кои се паѓаат на испит (секако нема гаранција дека ќе се паднат тие или дека ги имаат по сите предмети, но знам кај мене, на физиотерапија факс, се наоѓаше по нешто. Ама скапо наплаќаат и знаат да стават лист-два, комплетно бели, или неколку листа исти еден по друг колку да наплатат повеќе.

    За пријави е снабдена, тие се цените стандард, ама за копирање, принтање од усб не би ги препорачала. Подобро би кажала почекајте некој да земе учебник па позајмете го и однесете го на друго место (како на пример во копирницата што ја спомнав претходно, онаа на југодрво, доколку работи) па таму копирајте, принтајте.
     
    Последна измена од модератор: 10 септември 2020
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    Мене таа карши Рептил црвената ми е подобра некако. :D
    Трио е таа другата мислам, подалеку е, немам таму нишо зимано.
     
    На злоба и Arja им се допаѓа ова.
  12. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Во таа карши Рептил еднаш имам отдено, не ни знам зошто не сум одела почесто искрено. Инаку Трио е онаа по скалите надоле, кај Синлаб.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Дечки каде е Трио?
     
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Дечки кај Зоки само во Мавровка ако ве нанесе пат и имате потреба за принтање или нешто слично. Ефтино, брзо а и услигата е ок. Не се намќори кои те гледаат со коси очи ако треба да принташ само еден лист.
     
    На Feminka22 и злоба им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    Ау не знам као да ти опишам. Поблиску е до стоматолошки, збутана е некако ептен.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Пишав погоре, Трио е кај лабораторијата Синлаб. По скалите надоле. Изгуглај каде е Синлаб и ќе ги забележиш и скалите веднаш надоле што ќе те однесат до Трио. Исто има една пекара, една до друга се со Трио ама не ми текнува на името.

    Едит: Ова е адресата на Синлаб.
    http://www.synlab.mk/mk/doma/za-nas/kontakt/skope-centar/
     
    На злоба и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  17. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    3.427
    Пол:
    Женски
    Еве неколку копирници во Автокоманда:

    - Copy Centar Toni: оваа копирница се наоѓа кај подвозникот кај Општина Гази Баба и најчесто ја користат студентите од ПМФ.
    https://www.facebook.com/copycentertoni1988/


    - Уште една копирница има кај подвозникот само не се сеќавам како се викаше, а спроти Тони е. :lol:
    Како и да е таму поевтино за копирање.

    Напомена:
    Во овие две нема да најдете документи за факултет.

    - Студентски сервис: се наоѓа наспроти Ветринарен и според мене е најопремена. За уписи овде можете да најдете комплет документи за упис. Ги има на уште две локации.
    https://www.facebook.com/studentski.servis.3/

    - Книжарница Траки: се наоѓа во близина на Римини, имаат документи за факултет, ама не препорачувам да принтате тука!
    https://www.facebook.com/traki.trejd

    **Ако некој сака слободно нека ме корегира или нека додаде уште**
     
    На Apocalypse му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    10.911
    Пол:
    Машки
    Значи во Трио, а и во таа спроти рептил ептен скапо наплаќаат! Ако земиш да печатиш некоја поголема книга, 500ден не ти бегаат, па и ако сакаш со спирали, ќе ти треба и банка да ограбиш. Остај тоа, во онаа спроти рептил да ти истечат очите од шо е бледо испринтано оти штедат на тонер. Катастрофа, а страшни профити прават тука од студентите, редици и редици, едвај се стига на ред.

    едит: заборавив да напоменам дека се и мн. безобразни од таа спроти рептил, подметнуваат дупло ископирани страни, ако сте во можност, проверете на лице место.

    Јас во последно принтам исклучиво од една фотокопирница близу студентскиот Пелагонија. Ако е во пдф, им пуштам на мејл и ми го принтаат. За кратко време се готови и наплаќаат по 1 денар од лист, е сега негативно е тоа шо немаат примероци од скрипти.
     
    На MeckaCia, kajl, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.554
    Пол:
    Женски
    Дали знаете како се вика фотокопирницата и случајно да не имате мејл од фотокопирницата карши Градежен факултет, во Буњаковец е во близина на Biana Shoes и Body Line во тесниот пролаз?
     
  20. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.978
    Пол:
    Машки
    За медицински имате нова копирница одма на Водњанска тука кај кафичите Академи и Рандеву подоле од средното медицинско училиште. Тука е кафичот , до него има нешто за кучиња мсм и до тоа за кучиња е копирот а до копирот e сендвичара Шмек.

    Мислам дека ако копирате малку е по 5 денари (црнобело/боја сеедно) но ако копирате многу страни доаѓа евтино па може и во боја некои работи да се копираат. Луѓето се љубезни не прават проблеми и ако згрешат нешто одма ти поправаат а и нема да прават далавери за пари. Принтав годинава материјал за средно медицинско нешто од Микро ми требаше и ми рече дека независно црнобело или во боја цената е иста , и си ископирав во боја за поубаво логично. Е сега не знам дали уште работи ама нова е од годинава е отворена , а исто има копирница и доле од таа спроти Рептил но од трафиката лево по тоа тесното уличе е збутана. Газда бил тој што ја држи и онаа копирница на Битпазар и е многу евтино , кога копирав прашања за државна матура буквално ме фати 200 денари за сите предмети (мк , анг , биологија) и тоа од 5-6 години уназад (јуни и август).

    Е сеа овие немаат скрипти така да само за копирање/принтање се топ.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.