Кордоба е втор по големина град во Андалузија ( после Севилња).Градот брои оклу 300 00 жители и ја има задржано маорската архитектура.Најголеми атракции се мостот и капијата во романски стил и надалеку познатата Mezquita џамија - која била најпозната ( ден денес) џамија во Шпанија.Мислам и дека е главен град на покраината Андалузија , ама сепак не сум во потполност сигурен. Во стариот дел се влегува преку мостот во романски стил кој е над реката Гвадалкивир. Од другата страна на мостот се наоѓа портата Сан Рафаел, а позади нејзе познатата џамија Мезкита ( за жал немав време да ја посетам ). Мезкита однадвор. Друга поважна атракција е улицата на цвекињата. центарот на градот. Исто така познати се градините на Алказар,( Alcazar of the Christian Monarchs) ама пак немав време да ги посетам инаку влезната цена мислам дека е околу 3-5 е. Ама за оние кои имаат време вреди да се види. Кордоба е голем културен центар за Андалузија и вреди да се посети. За жал не можам да споделам со вас повеќе слики од Кордоба. ( Се надевам дека фемина ке ја преуредат програмата за внес на повеке од 10 слики и со поголема резолуција од 5МБ.- затоа што денешниве телефони имаат голема резолуција на фотографирање.) Дали пак ке ја посетам Кордоба. СЕКАКО - доколку имам можности, а за вас - ДА- посетете ја Шпанија. Цените во ресторан се помали од Грција.Цените во дуќаните се исти како и кај нас у Мкд. Единствена разлика е далечината.Ама денес нема пречки за далечини. СЕКОЕ ГОЛЕМО ПАТУВАЊЕ ЗАПОЧНУВА СО МАЛ ЧЕКОР.