Пошто летно време склет ме фаќа од пудришта течни или пак камени,едноставно неможам да си најдам лесна пудра,предложете ми некој коректор што добро прекрива и не е тежок,ми треба бубулички да прекрива,флеки,подочњаци..и да не е поскап од 350 )
Мax factor panstick е единствениот и според мене најдобар коректор за лице..Сум користела разни,додека да го откријам и сега неможам да замислам да користам друг,ми одговара и се покрива.
Дали некој ја има од Авон користено професионалната палета со коректори Jillian Dempsey for Avon и колку сте задоволни?
Овој на Орифлејм на подочниците и за црвенилото ми е супер, не покрива којзнае колку, но сепак не е толку забележливо. Беж бојата ретко ја користам. Од коректоров на Есенс сум презадоволна, совршено покрива мозолчиња и слични недостатоци.
јас ја користев, виолетовата боја за подочњаци беше океј.. ама другите некако врска немаа некако кога ќе ставиш пудра одозгора ко да се лупеше коректоров, се собираше некако ко во грутчиња.. за нигде искрено
Го пробав коректоров на Алверде и искрено многу се разочарав. Како права паштета е прво,од кога ќе го нанесете во наредната секунда ако не почнете да го тапкате/размачкувате се суши одма После па додека го размачкував и тапкав некако се правеа како мали грутки во топчиња наоколу Спојлер Вакво искуство до сега сум немала со ниеден коректор Се изнервирав на крај и излегов, барем му вреди трајноста ако не за друго Го земав околу 185 или 195ден.,тука негде беше мислам.Бидејќи не сум скоро ич задоволна од него си го користам секојдневно за ваму таму и што побрзо да го истрошам. И покривноста е средна,очекував се на се многу повеќе од коректоров и не би го купила повторно. own: Некст ---- Тач ап-ов на гош е прекрасен!! Се што ми требаше во еден течен коректор си го имам во овој. Море како не сум го земала порано ццц :geek: Ќе треба да си набавам уште еден од овој во скоро време брзо ми се троши За ова благодарение на Хипстерката
Ми треба совет за коректор за лице, моментално го употребувам коректорот на bourjois ,healthy mix concealer и задоволна сум ама онака просечно. Имам прилично изразени темни кругови околу очите. Ама коректоров ми ја суши кожата таму и знае грубо да изгледа. Морам да се изнамачам додека убаво го нанесам. Исто го имам и оној три во еден коректорот на Есенс. Тој е солиден онака за црвенила повеќе го употребувам. Порано го употребував и оној на Макс фактор како пенкалце со четкичка нешто беше, не ми текнува на името. И исто и од него не сум најзадоволна.
^ Едно од овие види си ако сакаш,имаат висока покривност Малце се поскапи околу 400 денари ама па вредат,доколку сакаш поефтина варијанта можеш на Гош да го пробаш погоре што го постирав или пак овој на флормар : Овој ти е наефтин од сите тука што ги спомнав,и добро покрива ,но не до тој степен како овие горе Aко повеќе си за течен него крем/стик текстура - би ти го препорачала оној на флормар стварно е прекрасен,лесен за нанесување и не суши Додека па оние со крем текстура се малце потешки и потешко се нанесуваат но повеќе покриваат и подолго стојат .. Така да размисли си и најубаво да одиш да си пробаш тестерче сепак кај секој различно реагира и се приспособува на лицето
коректоров денес го земав, ја имам зелената варијанта(против црвенило на лицето) на коректоров, ќе видиме дали и овој ќе биде добар колку и зелениот
исто,пан стикот е закон за покривање,исто и камуфлажот на арт деко,само во овој период не го ставам дека ми го гипсира лицето,тежок е ептен!
Јас го имав, го користев во комбинација со истата пудра и бев онака, прилично задоволна - повеќе од пудрата него ли од коректоров. Цената не знам точно која му е, зашто јас го добив како подарок од другарка ми, бидејќи ја отеков дека сакам да си купам коректор и ме изненади во една прилика. Инаку, мислам дека цената му се движи 300-500 денари. Се нанесува како рол-онче, убаво го прекрива црвенилото, акните, тука таму по некоја раничка (ако си такво рударче како мене), ама не ми се допадна за подочниците. Моите тогаш беа мнооогу изразени од ненаспиеност, па речиси ништо не ме спасуваше, ама ете на пример, за споредба - кога сменив пудра немав потреба од коректор зашто пудрата сега ми ја врши и таа улога. Инаку, солиден коректор е, ама ако ти е за подочници, подобро земи си Артдеко.
^ Да, за подочници ми треба. Имам многу светол тен и доста ми се изразени. Сакав да земам некој кремаст коректор,зошто имам сува кожа па лушпи ми се прават од оние коректори што се како прав или од кремастите.
Вака вака, мене за подочници, и општо за потемни делови на лицето, коректорот во стик на Авон ми врши перфектно работа... Баш денес си нарачав уште еден, го користам само под очите пред да ставам пудра и околу носот, таму каде што имам потемни делови. Другите дури ми велат дека кога ќе го нанесам немам потреба од пудра, ама не бива да ,,црташ,, ако немаш убава основа, нели. Пробај види си, 199 денари е, имаш лајт и мидиум, јас со темен тен користам мидиум.
Овој е со прилично убава, течна структура, ама искрено не знам дали и колку ќе ти покрие, а Боржуа имаат и супер избор од светлите нијанси. А да си пробаш ако има некаде тестерче од коректоров? Би требало да има, провери си за секој случај. Јас од течните коректори исто задоволна сум од коректорот на Гош. Јас последно го зедов за 200 и некој денар, пред речиси повеќе од шест месеци, имам уште многу малку ама е коректор што стварно си ја врши работата во врска со подочниците, а и мислам дека нема да ти ја лушти кожата. Го препорачувам. Сепак пробај си го тој на Боржуа ако држат тестери, може пак ќе биде баш каков што сакаш.
Коректорот е одлично решение за оние кои не се големи љубители на пудрата - како мене Ретко користам пудра (мноогу ретко) и ако имам некој проблем со лицето, коректорот ми е одлично нешто за да го прикрие тоа проблемче. Не го користам за покривање на подочници затоа што и ги немам. а и да ги имав, секако немаше да се малтретирам и да ги покривам зошто подочници изгледаат привлечно, барем за мене... Си барам нов, па ако има некоја препорака за стик - коректорче?