Катрис го немам пробано. Од мејбилин го имав пред неколку години истиот што ми го кажа. Ми прикриваше подочњаци, но секој пат ко ќе го ставев, многу ме пецкаше под очи. И кај други ли е вака? Или јас имам пренежна кожа? Или не сум навикната на коректор? И од други коректори и пудри ме пецкало, и на цело лице дури.
А да не ти прави реакција кремата под нив? Мене тоа ми се случи и сфатив дека е од неа и ја сменив. Или доколку не ставаш крема да почнеш да користиш под пудра.
Eucerin ph5 ми е убава, ама се префрлив на La roche cicaplast и можам да кажам дека кожата ми се препороди. Ми се намалија флеките од акни, ми го смирува црвенилото и кожата ми е премека.
Можеби ти смета нешто во составот на фит ми затоа имаш пецкање, ако имаш сува кожа не би ти го препорачала камуфлаж. Јас го користам овој од Аура многу ми се допаѓа лесен е, воопшто не влегува во линиите и има убава средна покривна моќ. Ти препорачувам да го пробаш.
Како сте задоволни од Мејбилин, за подочници? Моментално на Лавера имам па сакам да сменам. Добар е ама кога ептен се видливи не покрива баш..
Ако ти треба нешто стварно покривно тогаш L'Oreal Infallible. Е сега, според мене со нијанси кај нас се тапа, односно мене сите ми се темни, ама коректорот сам по себе многу убаво покрива. Maybelline fit me го земав два пати пошто го фалеа и ми го препорачаа, и перфектно ми се погоди во нијанса. Убав е, има средна покривност, ама не ми е прв избор.
Женски да ми предложите добар коректор за темни подочници? Го користам Катрис Камуфлаж и баш ми е топ за флеки, акни, ама на темниве кругови и не дава таква добра покривност.. Ги гледав и овие Under Eye Brightener од Catrice,да не има некоја искуство..
Ја го ставам прво тој на Катрис во розево кутивче, па врз него камуфлаж. До сега како најдобра комбинација ми се покажа.
Фалаа ти За овој мислиш во розово пакување? И така го имам дома Камуфлаж, да ја пробам комбинацијата..
Да, таа комбинација. Имам темни подочњаци и не ми се покриваат само со коректор, а сум пробала доста различни.
Јас во Сефора го купив, ама да некој нека потврди за во Мк. Само да знаеш зезната е многу опаковката, кога ќе го затвораш истекува производ околу отворот. А коректор како коректор е убав.