Каде го има коректоров на Гош? И мене ми треба течен коректор за подочници, сега ставам пудра ама мн ми суши некако и не покрива нешто посебно. Башка и се насобира и не изгледа ич убаво. И дали треба да се стави камена врз коректоров? И уште ова, треба да земам нијанса посветол или иста нијанса како лицето?
Јас обично земам една нијанса посветол, за да ми ги покрие подочниците нели. Прво ставам крем или основа за шминка, па коректор, па течна пудра и на крај руменило и ако има потреба од камена на критичните зони или малку фиксатор. Ако има потреба, на пример ако ми се познава бубуличката и по нанесувањето на коректор и течна пудра, ставам пак и убаво размачкувам, па ставам уште ептен малку течна пудра за да го покријам коректорот, ама минимално значи. Не мораш да ставаш камена врз него, до душа ако сакаш стави, ама ако немаш потреба од камена, не го оптеретувај лицето, поготово ако имаш сува-нормална кожа.
Во сите парфимерии,и во Веро го има дури. Цената му околу 350,ама вреди за парите. Јас имам една нијанса посветла и нијанса како мојата, па ги комбинирам. Под очите добро ми доаѓа посветлата, а на носот ја ставам нијансата која ми одоговара на тенот Бубљици слабо имам,само во ПМС и ги покривам со тој како мојата нијанса. Коректор се става пред течната пудра.
Вчера го барав низ парфимериите, во Космо и Шатци(е) го немаше овој, имаше некој друг во црна тубичка и беше 430. Го најдов во Јуник, ама беа дефинитивно со поминат рок цели беа бљак и тестерот мирисаше ОДВРАТНО! На расипано И беше 375. Уште во Веро да отидам и да се решам. Тестерот во Јуник беше течен како водичка, се надевам дека коректорот е малце погуст.
Имам сува кожа, видливи подочници и црвенило на образите (кое не е многу изразено, ама сепак понекогаш ми се познава).... ќе ми одговара ли PAN STIK - от на MAX FAKTOR или не е тој за сува кожа ? Ајде ве молам кој знае нека ми каже, да не си ги лупнам парите туку-така.... и ако знаете која му е цената (пошто јас знам дека е над 400 денари, е сега колку точно незнам) ? Фалааа
Чим имаш сува кожа не ти го препорачувам,јас го имам,а имам комбинирана кожа,ама понекогаш ми прави како лишаи од сувост,ти земи си некој кремав (течен)коректор.Само не би знаела да ти кажам кој е добро покривен,малку е тешко да најдеш ем течен ем покривен кај нас,иако мислам на гош го фалеа
Значи сепак не ...... фала многу на помошта, ќе го побарам течниот на GOSH тој ми беше втор на листата
Денес го земав коректоров..го користела ли некоја од вас феминки и дали сте задоволни. Јас дури утре ќе ставам од него.. и баш ме интересира дали ќе ми се погоди..Иначе го земав на попуст 50% околу 225,00 денари.
Јас го земав во Еликсир во трговски..и тоа ми го препорача девојчето што работи таму..Искрено се мислев меѓу тој на Гош со четкичка или на Есенсе..ам некако ме прелажаа со пола цена ..225,00 денари а Bourjois е сепак добра козметика..Незнам дали има други коректори на Bourjois треба да одиш да си видиш
Препорачајте ми некој добар коректор кој што прекрива флеки и мали акнички,кој што ќе има прифатлива цена некаде до 300-350 денари?
Jас пи ти го препорала овај на Eсенс во стик,добар е и за акни и за подочници A во Mкд не знам како се движат цените,мислам би требало да е ефтин таму
Добар е коректоров? Читав наназад ама не се имате многу изјаснето Дали покрива убаво и каков да купам, посветол треба од пудрата што ја користам? Не сум многу упатена со коректориве
Mногу е добар Kим,нема да згрешиш ако го видиш некаде,веднаш земај го. Jас пред да го најдам овај ,купив еден на Benefit,џоа добра фирма е,ке покрие се,го земав 25-30 долари и ништо не покрива,мозолчината ми излегуваа пак,а овај на Eсенс покрива одлично,а за цената немам коментар 4 долари го земав,најдобар коректор е A да треба да е посветол од пудрата,знам треба да е посветол една нијанса од твојата кожа,некако така одеше,важно треба да е посветол Jас ја користам најсветлата нијанса,број 1 е,мислам се викаше matt beige
Гледав на јутуб видео и девојката се шминкаше со овој коректор.Многу убаво изгледаше.Дали го имате пробано? И за овој ме интересира м? Двата се Maybelline