Искрено, мене коректоров не ме воодушеви толку многу. Да, добар е, покрива, но кратко ми трае некако, многу брзо се губи. Ќе го нанесам над пудра, стои 1/2 саати максимум, а мене ми треба нешто подолготраејно бидејки треба да ми држи за цел ден на работа. Го купив во алармантна состојба, кога ми се појави бубулица на пат кон состанок и првото што го направив беше купување на не многу скап коректор кој ќе ми ја прикрие огромната бубулица на образот. И најпрво кога го стаив супер беше, ме покри се што треба, ама се тргна одма некако не ми е долготраен. Незнам, не е лош, ама дефинитивно нема да биде мојот втор коректор, со оглед на тоа колку го фалефте оној на MaxFactor, тој ќе биде следниот.
laryla коректорот сам по себе не е многу долготраен, треба да ставиш над него камена да го фиксираш, па така би можел да ти стои повеќе часа. Инаку јас го купив пан стикот од Максфактор поради многуте позитивни критики што ги имаше на форумов. Иако моиве подочници ништо на светов не ги покрива целосно, овој колку толку за разлика од другите солидно покрива. Го користам веќе два месеци, а сосем малку ми е потрошен, така да вреди за парите.
Го користам овој коректор убаво прекрива,доволно густ,траен,но има само две нијанси едната е премногу бела другата премногу темна,кога ќе имам ставено на некоја акна заприметувам дека и ми ја суши.
Доаѓам во темава за да го пофалам коректорот на She, го има во ДМ маркетите. Прекрасно нешто. Јас имам многу сува кожа ,а коректоров е кремаст и не ми прави лушпи и не ми ја суши дополнително кожата. Супер покрива и изненадена сум од тоа колку е долготраен. Го нанесувам наутро ,вечерта околу 7 е уште на мене. Со нијансите не знам како стојат,јас имам многу бледа кожа и тешко си погодувам нијанси.Ама за среќа ми се погоди овој. За жива глава не го менувам.
Јас сум премногу задоволна од овој производ од овој коректор ПРЕЗАДОВОЛНА значи. Премногу покрива камуфлира. Малку се става и ништо не се познава, ни мозолчиња ни темните кругови околу очите... Малецко е но, е премногу добро, може е поскапичко 380 денари е, но, верувајте дека е преубаво. Јас го користам скоро година и само тоа го ставам по малку околу очите. Спојлер
^ Јас го имам користено и воопшто не бев задоволна. Можам да кажам дека ми е најлош коректор до сега што сум го користела. Значи,кратко кажано УЖАС! Прво е толку сув што едвај се размачкува,се суши истата секунда чим го нанесеш на лице. Ако не го размачкаш одма чим го нанесеш подобро избриши го па од ново пак стави Логички би било чим е сув да е за мрсна кожа,ама еве ја имам прилично мрсна кожа па не бива на мојава кожа. Покрива средно.. ама пак ништо посебно не е ни тоа Составот му е толку утка и трагичен што буквално си ги жалам парите што ги дадов за овој коректор ако може така да се нарече. Од толку што се разочарав од коректоров,отидов до ДМ да го пробам на тестер да видам да не е нешто океј со рокот баш со тој коректор што сум го земала,но не. Исто беше и на тестер така да,добива титула на најужасен течен коректор од мене Моја препорака да не го купуваш,но ако сакаш пробај го на тестер може ќе ти се допадне тебе
Essence Stay Natural concealer Воопшто не сум воодушевена од коректоров. Не би го купила повторно. Цена 149 ден. - ја имам најсветлата нијаса која на мојот тен е претемна - трајност минимална да не речам никаква просто исчезнува - ниска до средна покривност - задоволителна убава текстура - лесно се нанесува
Коректорот на Mac е најдобар! Бај да веј :поскап е http://www.google.de/search?hl=de&q...urce=og&sa=N&tab=wi&ei=IM7lUJTmNcWitAbK-oHICw
Јас го користам овој на авон и сум прилично задоволна.Некогаш си го користам и како подлога за сенка и супер изгледа
Jaс прееска од ДМ го купив овој на Аура и искрено од прво ставање добар ми се виде.Убаво ми го покри подочњакот а и ми се допага што има повеке нијанси да си одбере човек.Центата смешна 135ден.