Коректор за лице

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 9 јули 2010.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не, за да го фиксираш коректорот ќе ставиш камена над него, не течна.
     
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    ^ прашање на месецот :D
    Јас знам по тој редослед најпрво коректор па после пудра, башка како што е посветол коректорот ако го ставиш врз пудра ке се познава разлика во нијанси од таа причина го ставам под пудрата, со коректор ги осветлувам потемните делови, а со пудрата само го изедначувам тенот.
    Пологична ми е оваа постапка, иако повеќето го ставаат после пудра :)
     
  3. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    да затоа и ми беше чудно, прашањето беше сосема друго ама отиде во погрешна насока :D Sorry за офф-топик
     
  4. BlueWhite

    BlueWhite Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    2
    Дали ова го има негде кај нас?
     

    Прикачени фајлови:

  5. ZoneraShiloh

    ZoneraShiloh Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Го имам видено во Космо и ДМ :D
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.150
    Допаѓања:
    81.657
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дали е така правилно, ама јас секогаш одам со крем, па подлога,, па коректор и на крај пудра. Ако заприметам дека сум испуштила некоја акна, ставам пак коректор, тапкам и поминувам со камена. :)
     
    На Sw3et.Ang3l и Doozy им се допаѓа ова.
  7. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.156
    Пол:
    Женски
    ^
    Јас пак коректорот на крај го ставам, мислам прво течна пудра, па коректор. Барем така сум видела дека прават на јутуб туторијаливе.:?:
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.150
    Допаѓања:
    81.657
    Пол:
    Женски
    A како на пример ќе покриеш подочници, ако претходно ставиш пудра па потоа коректор?
    За акни до некаде оди вака, ама за ефектот што го дава со подочниците дефинитивно нема споредба. :)
    Никогаш не сум успеала да замаскирам подочњак ако веќе претходно сум нанела течна пудра.
    И не велете дека е до коректорот, зашто не е. :)
    Сакав да кажам - не се раководете секогаш по туторијалите. Одете како вам ви одговара. Јас мислам дека постапката што ја спомнав неколку постови поназад ми е најефективна и секогаш се држам до неа, а дали и колку е правилна - не знам. :D
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlueWhite

    BlueWhite Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    2
    Вчера го купив коректорот на Artdeco Camouflage Cream 2, намерно купив пожолта боја и многу покрива, презадоволна сум, го препорачувам на оние кои сеуште се мислат каков коректор да купат!
     
  10. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Како сте задоволни од коректорот на Аура? Јас го користам на Есенс - Cover stick ама не сум задоволна воопшто, многу ми се сув и не се размачкува добро. Плус и најсветлата нијанса на Есенс мене ми е темна... Се мислам дали да го пробам тој на Аура или Голден роуз :?: Да не знаете како стојат со нијансите? Препораки? :)
     
  11. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Женски ај ако може еден совет да ми дадете :) Досега го користев коректорот на Макс фактор,ама ме удри некоја желба за промена.Читам дека доста го фалите на Артдеко и ако не се лажам Анабела го пофали на Мејбилајн.Ајде вие што сте користеле некој од овие споделете искуство како сте задоволни.Мене ми е за прикривање на подочњаци,со акни и црвенила немам проблем.Сакам да е добро покривен,да дава свеж изглед,зошто понекогаш ставам само врз кремата за лице коректор и да не треба да ставам 2 пати за да го добијам посакуваниот изглед ( како што е случај со коректорот на Есенс).Фала ви однапред :)
     
  12. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Баш последниот пат кога бев во Космо и двата коректора ги купив бидејќи ги фалеа па ајде да ги пробам. :lol: при пари бев, ми се трошеше :P

    Од мое искуство попокривен е на Артдеко, ама е многу погуст и некако потешко се размачкува. За акни е супер искрено, не мрда цел ден од лицето. Пробав да го ставам на подочњаци ама не иде некако.. Покрива да, ама изгледа тестесто некако, незнам тежок е за под очи. :)

    На Мејбилајн е сон за под очи искрено. Плус има некој така свеж изглед коректорот, како да осветлува, супер е :) Со малце камена и не мрда цел ден од местото.

    Мој совет е да го пробаш на Мејбилајн или би можела да го пробаш на Лореал течниот како пенкалце што е.. леле му заборавив име :doh: го имав едно време, тој е таков осветлувачки коректор, и дава свеж изглед баш како за подочњаци :)
     
    На tessi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Фала ти многу,зошто јас некако приоритет му давав на Артдеко,али чим дава потестест изглед ќе го земам најверојатно овој на Мејбилајн.И така ќе одам накај град,па ќе ги споредам и едниот и другиот :)
     
  14. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Пробај си го ти и на Артдеко, може тебе ќе ти биде арен :D мене не ми се свиѓаше бидејќи за под очи јас сакам посвеж изглед, „влажен“ изглед сакам :D артдекото е потежок, погуст.. и некако не ми е за под очи :) :hai:
     
    На tessi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    10.127
    Девојки планирам да го купам коркеторот на Артдеко, имате некое искуство со нијансите? Јас имам проблем со нијансите не сакам розев подтон, а последниот коректор што го користев ми беше многу жолт. Знам дека има тестери и ќе пробам,ама кога пробувам на рака пак ми се случува да згрешам.
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Јас само дојдов на темава да си кажам која катастрофа е коректорот на фреш минералс, онии производи што ги користи Дадар.
    Мајка ми го гледала дека шминка со оваа козметика и се залетала го купила овој [​IMG]

    Не личи воопшто на коректор, не прекрива, го пробав за подочњаци, не дека имам кој знае колкави ама имам навика да ставам коректор под очите и ужас е. :(
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Го земав на Гош зелениот коректор ,тој за прекривање црвенило што е,зошто ми се појавува црвенило околу носот и по некоја раничка имам од што ги чепкам црнките и имам само пофални зборови за него. Одличен е. Прво малку бев скептик кога видов колку јака зелена боја има,ама се тоа се впива и изедначува и се добива феноменален ефект.

    Освен тоа не е тежок и тестест и дава природен изглед. А, за долготрајност има јака 9 од 10. Дефинитивно го препорачувам.

    [​IMG]
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Морам да го пофалам овој коректор на Гош, за подочњаци е супер, осветлува, траен е и лесно се размачкува. :up:

    [​IMG]
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.885
    Допаѓања:
    36.639
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет за добар коректор за подочњаци. Нека е и малку поскап, ама да си ја врши работата. Итно е :)
     
  20. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Колку чини зелениот коректор Gosh ?