И двата, ама ако навистина имаш 15 години, земи си го тробојниот на Есенс. Ќе ти ги покрие недостатоците, а и подобар е за помлада кожа. Со Артдекото има време за „дружби“, тек таму за некоја година плус. Есенс ти е околу 200 денари (мислам дека беше 175) во Шатци.
Јас не употребувам коректор, пошто немам подочњаци па и 48 саати да не сум спиена. Имам еден на Гарние, како рол он што, и го украдив на мајка ми и онака само ставам, а врска немам дали така треба: ставам под очите, околу носот, и евентуално врз акна некоја, ако имам. После тоа фиксирам со камена пудра и толку. Да проценам дали е добар или лош коректоров, незнам, зошто немам некое искуство со коректори. Го препорачувам да го пробате, зошто е практичен, лесно се нанесува, лесно се размачкува и не се познава. Еве овој е тој коректор:
Вчера влегов во Космо со намера да си го купам зелениот коректор од Гош, но девојката таму ми кажа дека веќе не го произведуваат стариот и дека овој што е како пенкалце му е замена . Арно поскапичок е ако му е замена..... го платив 417 денари Спојлер
Си го купив Artdeco Camouflage Cream, бројче 8 и едвај дочекав да дојдам дома да се нашлакам Мислам, го имам пробано и претходно коректоров, ама не на подочници, туку онака, на лице, чисто да видам што текстура има. Сега го пробав, прво ја избришав пудрата што ја имав, па почнав. Да напоменам, обично нанесувам коректор врз течната пудра, особено затоа што тој што го користев досега на Гош е многу лесен и дава свеж изглед под очите. Арно ама, само што го брцнав прстето во Артдеко, видов дека нема да може така и сега, ќе мора под пудрата да го ставам бидејќи е доста густ и кремаст Прво ме плашеше што нијансава што ја земав мава на жолто, па се плашев да не се познава одоздола под пудрата, ама не. Значи, прво ставив коректор, па потоа ББ крем и останав запрепастена Ни „п“ од подочњак немав, се` ми покри коректоров Презадоволна сум, многу ми се допаѓа, а и мило ми е што не земав многу светла нијанса, зошто со пудра/ББ крем одозгора дава природен изглед и најважно, областа под очите не е бела како кога се користи многу светол коректор, па не делува неприродно (ако сте ја виделе Здравкица Билбиловска, знаете за што зборувам ) Додуша, јас се мислев околу нијансите 5 или 8. 5-ката беше прилично светла, а 8-кава е со неутрален тон, не многу светла, ама мава на жолто. Мислам дека не згрешив, со 5-ката ќе бев и јас како Здравкица Да не тупам, премногу ми се допаѓа и препорачувам Само сакав да ве прашам, дали коректоров го нанесувате со четка или со прсти? Јас немам четка за коректор и брцнав со прст, ама не сакам со прсти да брцам Да си купам четка или не? Иако, јас мислам дека со прст подобро се нанесува, впрочем не само коректор, туку и течна пудра, сенки и се` останато, ама штознам
СексиБејби, јас си бев купила и четка за Артдекото, ама верувај дека со прсти многу подобро и попецизно се нанесува. За на акна, флека, може со четка, ама не ми е тоа тоа, барем мене. За под очи - дефинитивно нема подобро од прсти. Влажното марамче пред тебе кога ќе планираш да нанесуваш - бришеш прсти и немаш гајле.
И јас го користам овој коректор и сум презадоволна. Мене во парфимеријата ми препорачаа да го нанесувм со тапкање со прсти. Девојката ми објасни дека кога го загреваш со прсти станува помек и полесно се размачкува и претопува во кожата. И сама ќе приметиш дека ако протриеш со прст во кутичето коректорот омекнува.
Со прст ставам и јас, ја имам нијансата 15, и супер ми се погоди нијансата, природно и не мн бело .. ама значи прв пат кога ќе ставиш реакцијата е дали е можно.. Мислам дека ова word of mouth ептен се шири на формуов.. да им бараме % на парфимерииве
Што мислите за овој тробојниов коректор на Алверде ? Уште се мислам кој да го земам,овој или тој на Есенс ? Овој,прочитав во Јуник дека чини 111 денари,а тој на Есенс ми рековте дека е околу 190... Па,мислење ?
Ги разгледав нијансите на Аура, ама некако на црвено ми маваа Се мислев за тој на Есенс како кармин што е, и уште се мислам Кај и да е ќе земам некој
Го купив фамозниот коректор на Артдеко (да не останам покусо ), нијанса 15 и на прво користење не бев многу задоволна, некако многу сув ми беше и имав чувство дека ми ја собира кожата. Тогаш го имав нанесено со прст. Денес го нанесов со четка за коректор и веднаш осетив разлика, убаво се нанесе и навистина многу добро покрива. Сега за сега сум задоволна.
Баш ја отворив темава за критики да пишам за овие два коректори Ако сеуште немаш купено, читај ме Тој на Есенс во стикче што е го земав (5ка) и полош коректор апсолутно никогаш до сега не сум купила. Не бев при пари, а ми требаше и реков ајде ќе го земам.. Јас воопшто не сум задоволна. Не можев нормално да го нанесам без да ми се познаваат прсти/четки или што и да е. Премногу сув, па после нецел саат ми се насобра под очите. Ај реков да го пробам со крема малку на четката и да земам коректор - не го бидна ни така. Имав некои засушени мозолчиња кога ќе ставев од него, боже мој ко краста ми се правеа тие.. Наместо да се покријат тие уште повеќе од авион поприметливи беа. И го баталив, не го користам, му дадов 4-5 шанси не го бидуваше, џабе фрлена пара. Катастрофа. own: Го земав пред 1 недела тој на Аура (исто 5ка нијанса) и сум многу задоволна. Си ја врши работата солидно, кремаст е, не е како овој на Есенс. Ми ги покрива и подочниците и тие рандом мозолчиња што ми се излезени периодов. :up: Така да мој совет Аура земи си. Го порачав кога излезе првиот пат. И онака океј е. Не е траен, барем мене после 2-3 часа ми го снемува.
Каде можам да најдам коректор Аура? Дали ги им во Космо и ДМ? Сакам да си купам,ама како да немам видено производи од Аура во Космо или грешка сум,незнам. Фала Ви однапред
Дечки да си знаете коректор се нанесува најубаво со прсти, се тапка нежно за најдобар резултат. Не се трошете за четки, лоши се за коректори, зашто остaваaт линии после ставање и плус номалнo поише се троши така од коректорот. Барем кај мене ова поише има резултат, со прсти и нежно тапкање. Туку у Ск, кај го има артедеко коректоров , у Космо има? Јас кога ја прашав таа у тоа на улица македонија(до малиот принц) ме погледна како теле у шарена врата, и ми дае едно у шишенце, ама не е тоа.