Утре сакам да си го купам коректорот на Артдеко, па ме интересира дали добро покрива флекички од акни? Процедура цела сум дури да купам нешто.
Да, Артдеко покрива сè по список, почнувајќи од акни, флеки, црвенила, подочници, дури еднаш покрив модринка на нога за да не шетам по сукњичка со модро колено, ама - don't try this at home, сепак.
Јас почнувам да се прашувам дали коректорот ми е оригинал. Колку многу го фалите, а јас не сум многу задоволна, мене не ми покрива баш како што опишувате . Или не знам да го користам правилно, стварно не знам што е работата . Имам чисто лице и ми излезе една мала акничка деновиве, си реков ајде да видам како ке ја покрие коректорот и колку многу морав да ставам, и на крај мислам дека се познаваше повеќе коректорот од што беше покриена акната и стварно се изнервирав. Пробав со прсти, па со четка еден период, сега пак со прсти, и не се случува никаква магија како што опишувате. Можеби јас премногу очекував...
Претходно го користев овој и сум многу задоволна од него. И од покривност и од трајност Го барав во каталогот на авон ама овој пат го немаше, па си го нарачав овој: Го имате користено? Како сте задоволни? Покривка, трајност.. ?
Мене овие на Авон во стикче ми се пресуви. Сум го имала првиот, а овој доле не знам дали уште го има во вакво пакување зашто пред извесно време им ги сменија опковките на производите од Колор тренд колекцијата. Го имав и тој во новото бело пакување, речиси е ист со овој погоре.
Новиот коректор на Есенс, го има во ДМ во трговски. За тие што прашуваа. Цена не видов, видов само дека го има, уште 2/3 имаше.
А за кој коректор од Артдеко зборите? Течниот, тој во стик што е или за камуфлажот? Тие што се во стик подобро покриваат од течните, но јас користам течен затоа што ми е сува кожата, а коректорот во стик додатно ми ја суши. Моментално го користам овој не дека нешто посебно чуда ми прави на подочњаков ама за разлика од другиве е каде каде подобар. Можеби дека на Клиник го имам користено па сите други ми се бедно покривни во споредба со него...
Да, да тој во бело паковање го нарачав, ама истиот е нели? само опаковката е сменета Не можев да најдам слика со новото пакување затоа оваа ја поставив
Да истиот е, со нова амбалажа. Не е лош за акни и флеки, ама не е за покривање подочници - се суши и собира во линии. Инаку Мимс, зборува(в)ме за камуфлаж крим. Не е како типичните суви коректори во стик, ете на пример не би го споредила со Пан Стикот на Макс Фактор - тој е нешто посув, овој е малку чуден, како пуфкаст.
И јас не сакав да мрчам, си викам ќе си речете,еве ја пак оваа,нешто не и чини...ама се зезнав со коректоров. Не очекував модрило да ми покрие, ама црвенило, акна...да, подочњак... Ма како не. Само ми ја суши кожата на местото на кое сум ставила и нема друг ефект и на слика со блиц ми дава одблесок на местата каде што имам коректор,иако вака изгледа уедначено. Нула за коректоров... и тоа мајка ми ја изгњавив,јас не можев да отидам,ама меракот пусти,нијансата ја погодивме на видено од слика...ама...
Баш си го гледав претходниот пост за коректорот, значи на крајот од постот сум пишала дека покрива очигледно од пуста желба да не му дадам толку ниска оценка, а тоа се погодило да го нанесам тогаш кога сум немала ништо посебно за покривање, па сум си рекла дека сепак е добар. Го купив со толку мерак, а сега не сакам ни да го нанесувам- пробав под пудра, врз пудра, и џабе е, не е тоа тоа. Би сакала да сликам како покрива, само не знам какви ќе ми испаднат сликите, да видите каков ефект дава- сепак очекував барем да може да ми покрие една акна без да се приметува дека имам ставено неколку слоја од него...
Јас го пронајдов совршениот коректор за мојата кожа.Ќе испадне дека правам реклама на Макс Фактор по темиве,ама дефинитивно се една од најдобрите козметички фирми.До пред некое време го користев обичниот коректор и бев задоволна.Потоа го пробав течниот ама некако за брзо време ми се бришеше.Сега го купив Пан стикот и веќе никогаш нема да го сменам.Предобро покрива,од подочњаците ништо не останува.Кога ќе се исфрлам чат пат со некоја акна ставам и на нив и стварно дава предобар ефект.Уште еден плус е тоа што може да се користи и како пудра.Пуста радозналост па го пробав и на тој начин и можам да кажам дека има толку добар ефект како и некоја доста квалитетна пудра.Издржува по 7-8 саати,не се брише и што ми е многу битно дава природен и свеж изглед на лицето
Потврдувам за пан стикот. За сликање ме шминкаа со него и воедно го искористи како пудра на цело лице, преубав е, а јас имам сува кожа и мислев дека нема да ми одговара. Ќе го земам обавезно. Што цена беше?
Го земав пред скоро на Gosh, Touch Up коректорот, измислен е за прикривање на флеки и подочњаци. Презадоволна сум, само едино што ме мачи е нијансата што ја утнав очигледно. Јас сум троа беличка во фацата и ја земав единицата со надеж дека ќе ми одговара, а и на тестерче го пробав - супер ми беше. Кога, стигнувам дома, ставам на мене и бев бела како дух, дури бледа. Пробувам некако со потемна нијанса на пудра да замаскирам, затоа што ептен добро прекрива. Го земав 300 и нешто денари од ДМ, не ми текнува на точната цена ич.