Имам нормална кожа ама на некои делови сува, и сега се мислам дали овој од буржоа што го постирав погоре хелти микс е подобар или камуфлаж од артдеко, поради типот на кожа. Ако може помош од некоја феминка
Дали некој се има исфрлано после употреба на артдеко камуфлаж? Дека читав reviews и кај некои тоа е случај со буржоа коректорот, па да си прашам за посигурно.
Тргнав по Гош, по пат се предомислив за Артдеко, ги немаше и двата и завршив со Менхетн 2 in 1 concealer & fixing powder. Ко бајаги нов бил и нормално мора да се проба Никогаш немав користено коректор до сега па немам и некое искуство, но солидно се покажа овој. Коректорот си е добар, ми ги прекрива подочњаците, тука таму по некоја инаетлива акна, црвенило и сл, а пудрата во прав сето тоа солидно го фиксира. Единствена маана ми е непрактичноста на пудрата, некако многу ми е мало пакувањето и уште му ја немам "фатено" финтата. Друга работа е малиот т.е никаков избор на нијанси, само две. Уствари не знам како е кај коректорите, бидејќи прв пат купувам ама некако слаб избор на нијанси ми се виде + Со огледалце, кое колку-толку служи.
Вчера си купив коректор од Essence,се вика stay natural.Веднаш го пробав и супер покрива,особено моите темни кругови под очите.А и има пристојна цена,накај 200 и нешто денари.
Ај и мене препорачајте ми некој коректор(не тој на Есенс горенаведениов,не ми се одговара мене),да прекрива солидно(не да цементира),и да е до кај 200 денари.....
http://farm8.staticflickr.com/7099/7399 ... 7b37bf.jpg овој го користам и презадоволна сум многу го прекрива црвенилото и подочнаците
јас го имам пробано тој во форма карминче што е, добро покрива вака нешто изгледаше http://avonextremadura.blogspot.com/201 ... barra.html
Aко ти е за подочници, многу е сув, ќе ти се собира околу очите. За акни не е лош, ама за тие пари подобро земи си некој на Есенс - десет пати подобри се. Или пак ако толку сакаш коректор од Авон, барај го оној тенкиот како моливче што е спакуван, само многу е мал на грамажа и не знам дали уште го има, јас го користев пред две години. Мислам дека се викаше Ideal Shade, така некако.
Уште малце имам од залихите од тробојниот на Есенс а пошто на моја голема жалост веќе го нема, во потрага сум по нов. Се двоумам помеѓу оној на Артдеко и Пан стикот на Макс фактор. ?
Мене, Пан Стикот на Макс Фактор многу ми е тортест и тежок. Што ако покрива, кога и најмалку да ставам пак е тортест! Незнам дали е до мојава кожа (сува имам), може на мрсна кожа подобро би се покажал. Ама па од друга страна на него пишува normal/dry . За навечер некако поминува, ама за преку ден, ужас
Не ми е за подоцнаци , немам подочнаци ни пак за акни немам ни акни туку кога треба да ми дојде менструалниот циклус ми излегуваа по некоја брунка затоа прашувам . Значи ми треба за да ми прекрие мали брунки
Според мене ефтин и ПРЕДОБАР ми е MISS SPORTY SO CLEAR COVERSTICK Jaс користам 01 Ке го пробам наскоро и АRTDECO ама овој стварно покрива, го користам многу врееме и ми ги покрива темните подочњаци...
Прекрасно ги прекрива подочниците, има кремаста структура што многу лесно се размачкува и трае долго. многу сум задоволна.. и ова е првиот коректор што сум го користела а да не ми се собира како грутки под очите што навистина изгледа ужасно.. инако за друго не го користам пошто имам чисто лице така да ми треба само за подочници.