Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коректор за лице

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 9 јули 2010.

  1. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    кога ќе ставам коректор околу очите секигаш ми се познаваат црти после. Не знам дали е тоа бидејќи е мног густ коректорот, но не знам како поинаку да ги покријам темните кругови :(
     
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    А како го нанесуваш, пред или откако ќе ставиш пудра?

    Густите коректори треба секогаш да се нанесуваат пред да ставиш пудра, никако потоа. Ако коректорот е течен, тогаш може да помине и врз пудрата, ама густиот никако. Значи прво коректор, па течна пудра, па потоа камена (ако користиш). Течната пудра убаво ќе го размачка, „распореди“ коректорот одозгора и нема да се познаваат линии.
     
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Тешко дека ќе најдам кореткор на Артдеко тука во мојов град но ќе побарам.Нешто друго освен таков,за ако не најдам таков да знам поинаков да барам?
    Изивинете што досаѓам. :$ :$
     
  4. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Фала многу, Sexybaby86, јас го нанесував на крај, бидејќи така гледав на јутуб, али отсега ќе си знам :)
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. val2

    val2 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    3
    Elence само да знаеш дека и покрај распоредот кога го нанесуваш коректорот секогаш ќе се појават мали линии бидејќи нашата кожа е топла и коректорот секогаш ќе си најде “мало домче“ и ќе предизвика линии. Секако се сложувам дека прво треба да се нанесе коректорот па пудрата. Се надевав ти помогнав :D :D :) :)
     
  6. emerald.orchid

    emerald.orchid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    55
    од каде го купи? која цена е :lol: :lol:[/quo
    мислам дека би требало да ги има во зегин и во космо,а за цената нешто отприлика 200-300 денари мислам
     
  7. tumblrlover

    tumblrlover Активен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пудра за лице

    Ми треба коректор некој добар што покрива добро темни кругови под очите, ако може и цената да ми ја кажете :D
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.001
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Мене дефинитивно најдобар во однос на покривањето на ужасните подочници кои периодично ги имам се покажал Артдеко, имаме доста пишувано за него па разлистај ја темава и прочитај некоја плус информација. :)
    Чини 380 денари, некаде се наоѓа и за нешто пониска цена.
    [​IMG]

    Јас во последно време го користам овој на Менхетн и исто задоволна сум и од него, а мислам дека беше околу триста денари, ама не сум баш сигурна зашто купив повеќе работи и не ми остана во глава кое колку чини. :?:
    [​IMG]

    Добар е и touch up concealer-от на Гош, мислам дека и тој беше околу 300 денари, супер покрива секаков тип неправилности, а за подочници е феноменален.
    Не знам дали уште го има во продажба, би сакала пак да си го купам, а одамна немам буричкано низ козметиката на Гош низ парфимерииве. :wasntme:
    [​IMG]
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    ^ Мишелке, мислам дека овој веќе нема да го произведуваат, не сум сигурна, може само амбалажата да е сменета.
    Исто и зелениот е во нова амбалажа, како пенкалце.
    Не сум проверила дали формулата е иста, се надевам не го зезнале.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.001
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Maца, зелениот уште е океј (или мене ми се посреќило), не ми изгледа дека е сменет но некако премало количсество како да има. :|
    Мене ми беше сосема океј оваа амбалажа, а некаде низ парфимериите уште наидувам на зелениот во старото пакување - не знам дали се со поминат рок, не верувам да играат на таа карта. :lol:
    Баш ќе проверам деновиве кога ќе одам по пудра, но некако нешто ми вели да не го купувам. :D
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Јас го земав од Артдеко ама не камуфлажот туку еден во форма на карминче што е,не можам да постирам слика ама морам да кажам се зезнав,продавачката ми го фалеше овај повеќе демек камуфлажот прекривал подочњаци ама истакнувал брчки кои морам да признаам ги имам во мал процент :lol: џабе си дадов 390 ден за ништо не чини ни прекрива ништо :devil: :devil: ќе си се вратам на пан стикот од Макс фактор
     
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ми требаше коректор во стик, за прекривање на повремените ситни неправилности и црвенила, па на тепка го земав на Rimmel London - Hide the blemish concealer (нијанса 103-soft honey).

    [​IMG]

    Не очекував, а и не барав нешто екстра, ама ептен пријатно ме изненади коректоров :clap: Освен за црвенила, и за подочници е. Многу природно делува, прекрива одлично, кремаста текстура има иако е во стик, не се собира под очите, трае цел ден и ептен лесно и глатко се размачкува. Презадоволна сум :rock:

    Артдекото и мојот омилен од Гош и понатаму си ги користам, Артдекото претежно за вечерна шминка, зошто е потежок и погуст. Тој од Гош ми е спас кога не сум наспана, инстантно ме освежува, така што тој секогаш ќе го имам во несесер. Арно ама, Римелот за преку ден ми е супер, нема да го сменам во брзо време сигурно. Откритие на месецот ми е дефинитивно, а нијансата ми е ептен погодена. Не е бел креч, па да прави драстична разлика, туку баш природно делува и се слева со течната пудра. Браво од мене има :up: Цена - 280 и некој денар во Космо :)

    Еве кои нијанси ги има:
    [​IMG]
     
    На anabel-a и didicool им се допаѓа ова.
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Девојки барам полесен коректор за преку ден, немам многу дисколорации на лицето, туку онака за под очите.
    Се мислам да го земам овој на есенс, [​IMG]
    Знае некоја која цена а?
    И го има некоја пробано на Боржуа коректоров?
    [​IMG]
     
  14. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    За жал колку што разбрав јас повеќе нема да го произведуваат коректорот на Артдеко (а мислам и дека како производи повеќе нема да ги произведуваат не знам зошто). :( :tmi: И сега што правам?! :lol: Јас што убаво си се научив со тој коректор преееубав ми беше ми одговараше многу ептен. Па наминав на темава со надеж дека некоја од вас драги мои феминки ќе ми каже некој коректор што на некој начин има сличност со коректорот од Артдеко, или пак во случај подобар од него. PLS дајте предложете ми некој доообар коректор, бидејќи ала Франкенштајн сум во очиве со подочници до уста и темни кругови. :( :$
     
  15. Madlina

    Madlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    301
    Буржоа само што извадија нов коректор - Happy Light кој по текстурата е сличен на Камуфлажот на Артдеко. Најпокривен е од сите коректори на Буржоа а делува многу природно.. Моментално е на промотивна акција -20% т.е. е 330 денари. Изгледа вака:
     

    Прикачени фајлови:

    На Agrona, cooll и koritsaki им се допаѓа ова.
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.690
    Допаѓања:
    11.034
    Пол:
    Женски
    Со нијанси како стои, да не е премногу сув :?:
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.001
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто сув, јас го користам моментално. :)
    Похидратантен е и покремаст од Артдеко камуфлаж, но сепак има и прашкаста, пре би рекла кремасто-прашкаста структура зашто само на рака го чувствувате така мек, а кога ќе го нанесете на кожата си се фиксира но воопшто не изгледа вештачко или гипсирано. :lol:
    Има три нијанси, јас ја имам најсветлата - 21 ivoire и можам да кажам дека воопшто не ми дели од природниот тен.
    Долготраен е, не се собира на подочниците и навистина ви го препорачувам.
     
    На sanja.burgundy, marta.99, A-j-a и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Девојки значи сум разбрала може јас погрешно или пак некоја дезинформација. Денес бев во Космо во ГТЦ и гледам така разгледувам да си најдам некој коректор, се врткам и ОП гледам Артдеко коректор. Ми се ококорија очињата. :dance: :rock: И имаше нели тестери и јас се шљакам со нив секогаш заборавам кој ми беше бројот што го земам, и добро си одбрав значи 18 било бројчето и и' викам на девојката вака и вака имате ли од Артдеко камуфлаж (коректор) или повеќе не ги произведуваат производите на Артдеко?! И девојчево ??? (прашалници), не не грешка сте некоја имаме, се' уште ни стасуваат производите од Артдеко досега не сум чула такво нешто. И јас целата исќевосана супер викам значи ќе се произведува камуфлажот девојчето се смее вика да да. Одлично значи. :clap: :lol: 8) Девојки да си знаете има Артдеко камуфлаж во Космо кои се ЗА нека си купат. Поздрав !
     
  19. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Да кажам збор два и јас за новиот коректор на буржуа... Бев пред 2-3 дена во парфимерија по нов коректор и случајно продавачката ми го препорача овој дека бил нов, најдобро прекривал ова она и го купив за 370 денари(во локална продавница).. Уште го немам пробано бидејќи го чувам луѓе неполни 3 грама коректор за 370 денари :o :o дефинитивно не за секојдневна употреба. Се надевам добро ќе си ја заврши работата.
    а инаку истиот ден на интернет пребарував за овој коректор и го немаше дури ни на официјалната зтрана на буржуа, е тогаш ми се идеше да ја убијам продавачката со помисла дека ме излажала :devil:
     
  20. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Незнаев кај да прашам мислам нема таква тема но...Со што постигнувате хајлајт (незнам како се вика тој израз на нашки) на лицето ? Знаете околу очите, носот, т-зоната.. затоа што мислам дека со коректор не е баш хајлајт?!