Постои шминка баш за тоа, односно хајлајтер нели..али кај нас мислам не се продава такво нешто..имам прашувано поодамна, никаде немаше. Јас го постигнувам ефектот на хајлајтер со бела сенка, речиси ист е резултатот. Али обична бела сенка, без светки и такви работи. Таму каде ќе го нанесеш, посилно се забележува одбивањето на светлината. И дефинитивно дава "блескав" и посвеж изглед. Пред летово почнав за прв пат да го користам ова, и повеќе другарки ми имаа речено Леле ама си свежа некако, ау разубавена си, ја мртва ненаспана, они свежа и одморена Така да дефинитивно е од тоа
Mimi123 јас користам од catherine arley, розево кутивче е, половина мат пудра, половина светкава, баш како хајлајтер. Мат делот го ставам на коректорот околу очите и на челото, а хајлајтерот на образите, преубаво е.
Јас ги имам овие два хајлајтера, изгледот и ефектот е сличен што за мене хајлајтерот на Макс Фактор е подобар и си вреди за секој денар. Max Factor shimmer pan stick Спојлер Го има само во една бело/сребрена нијанса. Има густа, кремаста текстура и многу лесно се нанесува, размачкува. Дава изглед ала холивудска ѕвезда. Мноооогу добро стои спие на фаца, како се прелива и светка со руменилото ептен убаво изгледа. Може постепено да се појачува ефектот од дискретно до ептен гламурозно. Мало е пакувањето но ептен споро се троши, го имам негде од лани декември или јануар буквално трошка е потрошен. Тогаш кошташе 480 денари, сега незнам дали има промена во цената. Maybelline colorama blush Спојлер Исто така доста солиден хајлајтер за многу поприступачна цена од 150 ден. мислам дека толку беше. Мана е само што се прави неред, знае да се рони и да летаат светки на сите страни, за ова со светките не мислам на лице, таму си стои на место кај што треба не мрда.
Женски како сте задоволни од пан стикот на Макс фактор? Или можеби сте користеле некој коректор од Сефора? Инаку имам мрсно лице и незнам каков би ми одговарал? Го користев на Есенс коректорот и ми се потроши ама и не бев задоволна
Го има во Дм продавниците и во Шатци парфимериите. Јас го имам користено и е ок прекрива црвенила и подочници. за некои 80 денари одлично врши работа.
Фала ангел, баш ќе го пробам, само страв ми е да се нафрлам со ситни брунчиња, зашто досега не сум користелa ни коректор ни пудра, иам 15 ипол и што би било подбро коректор или пудра според вас?
Да не сум многу оф топик, баш има кај нас хајлајтери, и тоа од скоро сите козметички фирми. Мене лично не ме бендисаа многу-многу зошто сите нијанси што ги видов во парфимеријата беа на кафено, розево, портокалево, а немаше баш апла кремав хајлајтер..
Не се мисли,слободно купи си го.Го користам веќе некое време и немам намера да го сменам во скоро време.Има супер покривност и стои на лицето додека не го избришеш,дава многу убав свеж изглед на очите.Мене лично многу повеќе ми се свиѓа од другите коректори на Макс Фактор,бидејќи има малку покремава структура,лесно се размачкува и убаво се спојува со секоја пудра.Од коректорот на Есенс е каде каде подобар.Пробај го,мислам дека ќе ти се допадне
Конечно си го најдов коректорот што е супер за мене. Не очекував дека нешто многу покрива, но многу пријатно ме изненади, црвенило многу убаво покрива. А, чини само 80 денари.
Јас стандард веке 1година го користам на Артдеко камуфлаж коректорот и супер е,вчера си го земав второто паковање така да едно големо . ептен покрива презадоволна сум
^ Беше на акција минатиот месец ако не се лажам со уште неколку производи. Сега пак си е по редовна цена и не се мачете да го барате за 85.
кој е поубав, коректорот на артдеко или пан стикот на макс фактор? и ако може цена да кажете, и каде има тестери за бројче да не утнам?
Јас преска го купив wake up concealer коректорот од Manhattan. Искрено, појдов со идеа да го купам оној на Мејбилајн, но продавачката ме убеди дека овој е иста цена -340 ден. во РИМА-, а е количински дупло повеќе. Имам користено стик коректори, и секогаш ми биле некако суви, арт деко камуфлаж на почетокот ми се допаѓаше, но со тек на време некако станав 50-50 кон него, како да го одбегнувам, голден роуз во големиот стик дооолго време го користев, ама освен како коректор, често и како крем пудра, бидејќи доста покрива. До сега најзадоволна сум била од коректорот од орифлејм -студио артист консилер- во тубичка е. Најмногу сакам коректори со четче (како сјај за усни), па затоа и го зедов овој од Менхетен. Ако го има некој користено нека пише искуства, а наскоро веројатно ќе пишам и јас.
Ги имам овие 2 Спојлер и коректорот на КолорТренд иако е поевтин, многу е подобар за разлика од овој другиот.
Essence Stay Natural го купив завчера,покрива колку-толку иако што имам еден друг , врска неам кој е многу повеќе покрива,а овој многу брзо се брише...