Ке може ли предлог за коректор за подочници, но имам многу барања за да задоволи вакво нешто да успее да покрие Спојлер проблем е што ми е многу сува кожата таму и имам троа брчкички совет ако може и за нијанса оти никогаш не ги погодувам...
ја имам убедливо највидливи подочњаци и само овој од орифлејм ми ги покрива го нанесувам прво него а одозгора потоа на целото лице пудра си ставам
Јас имам сосема спротивно искуство од твоето- до сега од сите коректори за подочници што сум ги користела овој најмалку ги покрива. Инаку и јас имам темни подочници, и би ти препорачала од оние коректори што се како лабело, забележително се поефикасни од оние течни кои сум ги користела, или конкретно овој коректор.
TheIdealMe пробај со коректор што е како кармин, бидејќи е погуст и повеќе покрива. Јас бев задоволна со тој на Римел, но како поевтина варијанта, а добар ми е тој на Есенс
Денес бев во Космо со цел да си го купам Артдеко-камуфлаж пошто имам многу темни подочници, и продавачката ме предомисли! Ми вика дека тој не смее да се става нон-стоп пошто многу ја суши кожата под очите. Ми нудеше некој друг коректор од Артдеко-со четкичка (како сјај за усни). Го пробав, не беше лош. Ги прочитав сите 51 страни од темава и гледам дека најмногу ги фалите: Артдеко, Гош и Макс Фактор-Пан Стикот. Стварно не знам кој да го купам - ми треба коректор со најголема покривност за подочници (без разлика на цена), коректор кој ќе можам да го користам нон-стоп и за преку ден и за навечер. Инаку имам комбинирана кожа и не сакам коректорот да ми се згрутчува под очите. Ве молам за совет, однапред ФАЛА!
За сите девојки кои имаат проблем со темни подочници: Вас ви треба коректор кој корегира а не коректор кој покрива...коректорите за корегирање најчесто се жолти/праска/портококалови/розеви...е сега кај нас избор многу голем нема,има еден круг од орифлејм со три бои,имаше и на есенс ама мислам повеќее го нема исто и на алверде...или друга опција е ќе барате обичен коректор дали течен,дали во стик,кој има така портокалов подтон...јас лично имам еден од Голден роуз од тие што се како кармин ама бојата не ми одговара на лицето така потемен е и мава на портокалово...знаев дека не ми одговара на лице,го пробав на подочници и супер ефект...може да ставате првин пудра па коректор па посветол коректор за хајлајт или може да го користите под пудра...мојот совет е тоа..и јас имам големи проблеми со подочници,само ова ме спасува
Спојлер Ви благодарам девојки, ми е страв за артдекото за да не ме исуши уште толку сепак мора да се проба за да се знае, мислам дека ке купам најпрво артдеко па ако не бива ке сменам. Секако искуството ке го дознаете
Купи го оној на буржуа новиот- хепи лајт. Ценаа му е околу 360 денари и е наменет баш за покривање на подочници. Еве го
Артдеко камуфлаж имаш и жолт, значи баш жолт наменет специјално за покривање на подочниците. Значи, ако имате темни подочници кои варираат до нијанси на виолетово се користат жолти тонови за да ја неутрализираат бојата на кожата, затоа што - ајде сега малку предавање по уметност , жолтата боја е контрастна на виолетовата и кога ќе се спојат овие две бои како краен „продукт“ се добива неутрален, земјен тон. Да се надополнам, дека на ваков принцип се „ослободувате“ од сите неправилности и неизедначени области на кожата на лицето, барајќи коректор, основа и сл. во контрастната боја на неправилноста. Значи, без разлика на тоа каков коректор ќе земеш (јас би ти препорачала прашкаст, без разлика на тоа каква кожа имаш, освен ако не е пресува, па тогаш одбери некој течен, мислам Гош имаат жолт коректор во пенкало или тубичка. Пан Стикот за подочници - НЕ. Одлично покрива акни и флеки, но не и подочници - се собира за кратко време.
^ "правилото" е жолто неутрализира виолетово,портокалово неутрализира сино,во зависност од бојата на вашите подочници...јас ги имам и двете пробано, и жолто и портокалово,портокаловото мн подобар ефект има кај мене..затоа пробајте си кое ви одговара повеќе ама генерално со жолта и портокалова се неутрализираат подочници а над тоа може да си користите коректор со неутрална боја
Девојки можете ли да ми препорачате некој коректор што убаво покрива акни. Јас имам акни, црвени и сакам да ги покријам, со пудра само не бива, пак се гледа. За цена не ми е толку битно
Јас го користам Miss Sporty бидејќи ми одговара на кожата, која и така ми е проблематична. Засега сум задоволна и немам некои проблеми. Не се сеќавам добро на цената ама мислам дека беше околу 150 денари.
Нема потреба одозгора да се трупа само коректор, може веднаш над коректорот да се оди со пудра, ова го имам испробано милион пати, зашто многу долго време користам зелен коректор кој ни малку не се познава откако над него ќе ставам течна пудра. Зелен коректор, штом ти е за покривање црвенила. Било каков ќе ти заврши работа, а се наоѓаат асални зелени коректори од речиси сите фирми, само оди и побарај си.
епа баш заради да не се трупаат производи,не користам пудра под очи пошо имам пробано и нема никаков ефект,туку после портокаловиот коректор користам коректор по посветла боја за хајлајтинг ефект секој како му одговара
После толку фалења на Пан стикот на Макс Фактор го земав и не сум баш задоволна... Утрово прв пат го пробав, стриктно за подочњаци ми беше наменет и ставив побајаги, па врз него нанесов течна пудра и немаше некоја драстична разлика. Има фина структура, не е како некои апла сув или течен, има фин мирис, лесно се нанесува, и колку што воочив можам и како пудра да го користам некогаш. Се двоумев помеѓу него и мастертачот исто на Макс Фактор, али употребата како пудра ме одлучи да го земам пан стикот. Сепак, мислам дека резултатите се индивидуална работа, мене не ми се погоди и не ми "легна" на подочњаците, а на сестрами и е одличен. И прави 100% посвеж и поприроден изглед околу очите ( подочњаци и очни капаци), па сега очите нејзини ми личат како крупни црни маслинки Следно ќе го пробам овој на Боржуа што сте пишале дека е специјални за подочњаци.
Денес бев во Шатци и го најдов само овој коректор камуфлажниот. Сакав да прашам дали е овој тој, во Шатци ми рекоа дека е тој друг нема, 380 денари е. Јас оваа нијанса ја одбрав.
Феминки ајде некој кој имал искуство со коректоров нека сподели намален е во космо, а ми треба коректор па ако е добар би го купила https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater
После извесно време користење на Артдеко камуфлаж увидов дека коректоров е за се освен за подочници И јас на почетокот бев леле wow лудило од коректор се додека не почна да ми ја суши кожата под очите и по нанесувањето да изгледам како немиена.Да појаснам имам комбинирана кожа накај сува но далеку од пресува за волку да ми ја суши..Можеби би покривал бубулички,ама како и да не е воопшто нешто да паднеш во несвес.Тетоважи покривал пихх како не. Јас со години користев Макс Фактор пан стик и за мене беше ол тајм фејворит. Сега му се мислам дали да си го земам пак или да го пробам MAYBELLINE Age Rewind Eraser Concealer Спојлер Или пак новиот на Буржоа?Само да не ја суши кожата и тој. Ако ги користел некој нека ми каже збор два,вака според видеа на јутуб одлично изгледаат.