Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коректор за лице

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 9 јули 2010.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.616
    Пол:
    Женски
    Јас многу често користам само коректор, иако немам баш чисто лице. Коректорот ми е многу сличен на мојот тен, па не ми е потребна пудра кога со него успешно го покривам тоа што сакам да го покријам.
    Ама јас ставам коректор на подочњаци, околу носот,, на линијата кај брадата зошто тој дел ми е малку потемен или пак од сенката изгледа така, сеедно, и ако имам некое бубуличе ставам и на него.
    Кога ќе се погледнам после ова мачкање :lol: немам потреба од пудра, а лицето ми изгледа свежо и останатата шминка убаво изгледа. Само избегнувам руменило да ставам без пудра, зошто барем на мојата кожа тоа прави хаос.
     
    На richgirl998 и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  2. vampiregirl5

    vampiregirl5 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    richgirl998 доколку мислиш дека нема потреба, не ја оптоварувај кожата на лицето. И јас кога немам потреба не употребувам пудра, а коректорот ми е идентичен со кожата. Можеби преку ден малку ќе се познава, но со добра техника и начин на изедначување и тој проблем се елиминира. Навечер воопшто не се познава, а и светлината од сијалиците не е иста како онаа од сонцето па тоа доаѓа во прилог :)
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    4.520
    Пол:
    Женски
    maybelline кај нас го нема,а сликата со тој од гарние не ми ја отвара,претпоставувам е Roll-on ама и него одамна го немам сретнато..порано го имаше во сите маркети ама наеднаш како да го снема..ако некој го видел,нека те извести...а цената му беше околу 300 ден
     
  5. vampiregirl5

    vampiregirl5 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    фала ти многу ,иначе да roll-on e
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Девојки го имате ли некоја користено овој коректор на Римел?
    [​IMG]
    Го видов денес во прафмирија па сакав да си го земам,но прво да слушнам критики дали е добар? :D
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Има ли некој асален коректор за подочњаци?
    Ми прават сите линии под очите и ужасно ме нервираат.
     
  8. StylishGirl135

    StylishGirl135 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    16
    Користам коректор за лице ама не ми помага.
     
  9. vanilla.95

    vanilla.95 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Девојки ве молам препорачајте ми некој добар коректор со добра покровност за подочњаци.
     
  10. Blondie14

    Blondie14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Здраво девојки,јас досега немам користено коректор и имам прилично мрсна кожа и сакам некој што повеќе ќе ми покрива . Се мислам помеѓу овој на Авон и на Golden Rose па ако некоја ги има користено,ако може некој совет и слично :$ :*
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    За што ти треба за подочњаци?
    Ако ти е за тоа онда никако од Голден Роуз. Прави линии и изгледа како песок под очи да имаш, јас го имам дома и така ми седи, јас за хајлајт го користев, а за хајлајт се става и под очите, сега користам од алверде коректор. За тој од Авон незнам.
     
  12. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Anna-Banana коректорот на римел е преубав, воопшто не остава линии, нити пак е мрсен. Единствена маана е што брзо се троши.
    Бидејќи ми беше скапичок за секојдневна употреба, а подочњаците ми се темни, си купив од голден роуз, но тој па линии се познаваат и не е тоа тоа. :(
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ја превртев целата тема по вторпат, и се` уште не знам каков коректор да одберам :^) Вчера се моткав низ Космо и ДМ можеби цел час, пробував, споредував, и не знам ни што сакам, ни што ми треба.

    Прво, не можам да се одлучам дали сакам течен коректор, со поцврста структура (како оној на ArtDeco), или во стик. Течниот мислам дека нема доволно да ми покрива, овој што е измеѓу мислам дека ќе ми биде проблематичен за нанесување и нема да се размачкува, а во стик не сакам затоа што мислам дека ќе ми се собира и ќе ми ги нагласува недостатоците.

    Досега немам користено добар коректор, сум имала на Oriflame, Avon, Essence, ама никој не ме натерал да го купам повторно. Сега не ни ставам коректор, имам доста покривна пудра, ама пак сакам и коректор за дополнително да ги покријам подочниците и некое повремено мозолче.

    Вчера отидов во Космо со намера да го земам двојниот на Manhattan што го препорачала Мимс пред неколку страници, ама имаше останато уште 2 и се гледаше дека беа отворани и пробувани, па не ни видов кои бројчиња се. Со ArtDeco имам love-hate relationship, вчера ги гледам, се обидувам да ги пробам, како скаменети беа (можеби такви им се тестерите затоа што стојат отворени), како и да е, не ме бендисаа. Пан стикот на Max Factor ми се виде многу мрсен и сјаен, а и имаше четири нијанси од кои две ми беа пресветли, а две претемни.

    За ќотек сум, нели? :rofl: Но не се откажувам, деновиве продолжувам со мојата потрага! Ќе го побарам овој на Manhattan и во другото Космо или Шатци, некако ми се чини најпривлечен, а има и два дела, што надежно ќе ги задоволат моите испревртени побарувања :lol:
     
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    10.224
    Ќе ти ја цитирам Сексибејби од друга тема. И јас сум комплицирана за коректори, артдекото е стварно покривен, ама сакам малку подруга структура, па нареден на листа ми е овој.

     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    ^ Ја читам Окси и таман се спремам да пишам за коректорот на Мислин, да и' го препорачам, кога подолу Giovanna ме претркала :D

    Јас сеуште го користам овој на Мислин и сеуште стојам на тврдењето дека е убедливо најдобар од сите што ги имам пробано. Ни Артдеко, ни Макс Фактор, ни Буржоа, ниту еден друг не ми се мери со овој. А имам пишано и во другата тема, никогаш не мислев дека ќе користам, и уште повеќе, дека ќе ми се допадне течен коректор, зошто мислев дека не покриваат доволно (што и е случај со останатите течни што ги имам користено).

    Овој Мислин е доста густ, преубава текстура има, НЕ се собира под очите, не е мрсен и одлично прекрива. Има и супер природни нијанси, мојата конкретно е број 10. Го имам веќе два месеци отприлика и имам за приближно уште толку во шишенцето :D Многу малку е доволно за под очи, така што споро се троши, а и цената му е ок, 350 денари е. Топло го препорачувам :)
     
    На ivancekitty, simoncelicius и Oxymoron им се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    И ја ќе прашував за коректор,ама ете се најдоа женскиве над мене. :lol:
    До душа,малку скапо ми се гледа,ама од се што користам шминка,највеќе ставам пудра и коректор,некогаш и само така излегувам од дома,па ќе си се почастам.
    Фала женски :)
     
  17. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    По ваша препорака овде што прочитав си го зедов овој коректор и пре пре презадоволна сум. Претходно користев Артдеко и бев задоволна, но со овој сум уште позадоволна, бидејќи не ми се собира ништо под очи и на капаци како од Артдеко што ми се собираше. Бројчето е 10 што го зедов, а имам блед тен и многу убаво е навистина. Давам 10 + за овој коректор. :inlove:
    [​IMG]
     
    На Sarasweet и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  18. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Од каде го зема и колку пари?
     
  19. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Го зедов од Шатци во ГТЦ 350 денари. ;)
     
    На jb82 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    4.520
    Пол:
    Женски
    ^^ и јас го користам истиов ама мене ми го наплатија 370 ден :devil: :D ...само јас ја зедов најсветлата нијанса за highlighting ама во план ми е да си земам и нијанса за на другиот дел од лицево...презадоволна :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.