овој коректор го пробав од тестер и е многу мек и мазен, доста е кремаст што значи и добро се размачкува.
Jaс прво пудра па коректор ставам. Си гледам стално What not to wear и таму професионалната шминкерка исто така прави, подлога па коректор со кои се регулираат недостатоците.
Освен Панстикот на Макс Фактор, сега го користам и на Bourjois HealthyMix коректорот и тоа одличен ми е за пределот околу очите. Лично коректор отсекогаш сум ставала откога ќе нанесам пудра. Тоа сум го видела на разни туториали од шминкери, а и лично имам испробано, поефикасно ми е и подобар е ефектот.
Јас го земав на авон,евтин беше 169 во овој каталог ама се зафркнав ич не ми се допаѓа.ќе поминам во космо да побарам некој.имам комбинирана кожа,некоја да ми препорача ама да е до 350ден
Коректорот на Max Factor дефинитивно! Цената му е 300 или 350, не сум сигурна, одамна ми е купен и нема шанси да експериментирам со други, и понатаму ќе си го купувам овој. Едноставно презадоволна сум!
oвој коректор на макс фактор мислам дека е веке околу 400 ден барем јас така го видов и да добар е една другарка го користеше наместо пудра и е доста покривен испробај го а и многу време ке ти трае
Сакам да прашам за коректорот од Max Factor дали може да се употребува наместо пудра во летните денови, затоа што јас имам проблематична кожа со флеки и акни.
Јас не сум користела никогаш, немав потреба и бев мнооогу среќна.... Ама сега морам...на сите страни растрчана, уморна, неиспавана.... Па да прашам...коректорот одеше една нијанса посветла од пудрата така??????или????? п.с. Ве молам не ми се смејте...
Коректорот е за подочници за некои недостатоци, за акни, ама да се употребува како пудра комплетна јас лично никогаш не би. Коректорите се доста покривни, тешки се, мат се, а за летно време треба летна пудра, има лесни хидратантни а сепак покривни пудри, а не тежок коректор со кој би се зацементирала. Ај да не ставиш пудра и само на некои места коректор ок е, ама не во голема доза на цело лице. Иначе и јас сум преееееезадоволна од пин стикот, ем далеку поголем од другите коректори, а цената е околу 400. Eнца да посветла. Зашто подочниците се потемни
Јас пак го имав истиот земено и баш ми се погоди, лесно се размачкува и убаво прикрива, ама ми се потроши не знам дали го има пак по каталозите, ако не ќе си барам нов Бај д`уеј, колку е оној на Manhattan, убаво ми изгледа вака на прв поглед Спојлер
на менхетен коректорот ти е 300 денари не ми е користен и јас бев заинтересирана за него ама земав од есенс а и од макс фактор ти е добар тој е околу 400 ден и мислам дека многу време ке го користиш
Прво го користев од Мис Спорти Од кога ми се потроши го земав од Еssence Задоволна сум, добро покрива.
Јас секој ден го користам коректорот од колекцијата Debby и морам да ви кажам дека сум презадоволна! Одлично покрива и останува долго! А иначе го имам еден коректор од орифлејм и не сум задоволна од него! И уште еден од Manhattan кој е во стик и воглавном е добар за покривање на бубулички и акни а не е за подочњаци! Епа сеа барам нов коректор бидејќи овој од Debby скоро ми се потроши, па се мислев дали да купам од Еssence или да побарам нешто друго, затоа што сакам да купам нешто ново да пробам Предлог?