lice/make-up-trikovi-t5951/240.html еве овде имаат пишувано феминки за нив ги фалат , така да порачај си ги а од каде ќе ги порачаш ?
Го имам двојниот коректор ја есенц и сум многу задоволна и он трајноста и има солидна покривност за парите е предобар
Дали коректорот на Мислин е добар за покривање на црвенила и флекички од мозолчиња? За подочњаци прочитав дека е предобар, ама мене ми треба и за околу нос на пример и за некое мозолче ако знае да се појави од време на време.
Ги имам истите и супер се за тие пари покриваат баш доброо и а богами и ќе ти траат доста време. Иначе можете да ги порачате од e-bay,aliexpress итн.
Јас го користам овој ама не сум баш задоволна од покривноста, а имам многу темни подочници. Па сакав да ве прашам за овој Мислин што го фалите, има ли нијанса за потемен тен, бидејќи прочитав мислења дека се повеќе светли нијанси.
Го користев пан стикот од Макс фактор, задоволна бев, не знам што ѓавол ме тераше да го заменам со Артдеко , не сум задоволна ич од артдеко.. претходно користев долго време и еден од Авон солиден беше онака.... сега прашањето ми е дали е добар и покривен коректорот од Гош онај зелениот? го загледав пред некој ден , само се плашам да не е со тешка структура како артдекото м
Предлог за добар коректор за покривање подочници, со солидна покривност и трајност, да не ми се насоберува околу очите..и да е со пристапна цена..до кај 350 ден.. anybody ?
Tи благодарам Sagittarius и јас прочитав позитивни коментари за коректорот на Golden Rose, па ќе одам деновиве да го пробам да видам дали ќе го биде.
Сега скоро почнав да користам коректор,го земав на есенс,овој: Бидејќи сум почетник,не можам да направам споредба со други,но сепак задоволна сум.
дали некој го има користено овој коректор или некој друг од авон и дали се добри ??? http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite ... /concealer
Јас го имам користено од Колор Тренд на Авон. Не сум најзадоволна затоа и не земав од другите. Има воочлива покривност и само две нијанси за избор - темна или светла. Арен е, ама не го препорачувам баш. Како обичните на Голден Роуз е сличен, малку покремаст.
Жени, кој коректор е подобар, течниот на Misslyn или течниот на Seventeen ? И двата убаво ми изгледаат и скоро иста цена имаат. Ми треба исклучиво за под очи и за хајлатинг ресто од лицето.
Долго време го меркав коректорот на Estee Lauder Double wear,но бидејќи моментално немаше попуст, ми го понудија на Mabelline super stay better skin коректорот, го пробав на лице има по густа структура одговара на мрсно лице а дека ја користам пудрата на Estee Lauder не верувам дека лесно би се бришел коректоров наменет е за девојки што немаат некој голем проблем со црни кругови околу очите и акни па ако го имате користено баш ме интересира некој коментар
Коректоров е нешто најдобро што сум користела но за жал веќе го нема одамна кај нас во продажба. Последен пат го најдов едвај пред едно година и пол. После тоа се префрлив на пан стикот кој е сличен по структура на овој. Еве за кој зборам:
Имааш да, баш размислувам и јас да купам некој од нив, немам пробано, но се изначитав позитивни критики, и плус е медицински, нема што да и штети на кожата, не содржи токцични материи, од пудрата сум задоволна, но треба да се земе и ова да се проба. Цената , не знам мислам дека би бил околу 700 до 900ден. ^коритсаки - имам дома еден коректор од мејбилин , така ми стои прашина ми фаќа, многу ми е тежок, а не ми покрива добро, и некако ситните брчки околу очи баш повеќе ми ги нагласува, а анките некои што ќе ми беа подсушени уште толку правеше да се познаваат. Тоа грозно нешто беше.... Додека пак , го имам и на есте лаудер, и ми е прекрасен, од нијанса, од покривност, има онака дискретна, но голема покривност. понекогаш си ставам само крем, од коректоров под очи, и на некои недостатоци, и си терам така цел ден. Така да немој да купуваш никаков на мејбилин, мое мислење. Имаш далеку подобри коректори