Уф, јас веќе го земав како и да е, да фатам попуст обавезно ќе го земам овој од Есте, ти верувам дека е добар, ја имам пудрата и подлогата за шминка од истава линија double wear и веќе за ништо не ги менувам, најпрекрасните производи што постојат
Можеби нелогично но вреди ли да побарам споредба во покривност меѓу Пан стик на Макс Фактор и овој стиков на Г. Роуз ? Ако некој има искуство со двата, ве молам пишете. Но според разликите во цената не се надевам многу. Ако најдам планирам да земам камуфлаж, ама не сум сигурна за нијансата.
^Да ти кажам тука се некаде и со покривност и со трајност. Стуктурата им е различна, овој на Макс Фактор многу убаво се размачкува и можеш да го нанесеш и на цело лице ако имаш по мрсна кожа, додека овој на Голден Роуз е малце по тврд, не дека нешто тешко се размачкува ама така некако е по тежок за размачкување. Голден Роуз исто убаво покрива како Макс Фактор, дури и според структурата ГР може да е по траен, вака не ги имам тестирано ама сум ги имала и двата. Голема разлика имаат во цените околу 300 денари, јас сепак би го одбрала на Макс Фактор поради тоа што полесно се размачкува + можеш на цело лице да го размачкаш
Денес конечно си го земав од ГР. Ипресионирана сум од покривноста, трајноста (го имам од сабајлево на мене не мрднал) и ефектот кој не бара ниту пак изгледа како слоевито нанесување. Значи не се забележува дека си имаш коректор, но сепак успешно ги камуфлира подочниците. Многу препорачувам, плус има добар избор на нијанси.
Кој коректор би ми го препорачале за прекривање на црвенило и бубуљички? Моментално го користам на Есенс двојниот коректор, супер е, ама сакам да сменам малце. Ми треба нешто што ќе ми даде подолго прекривање, не за саат да ми се избрише.
Јас го користам овој од Авон и многу сум задоволна.Ги прикрива мозолчињата, ама црвенилото не до толку.Трае, но за време на жешките денови кога ќе се испотиш и ке се фатиш за лицето се отстранува лесно.Сепак мислам дека подобро би било да земеш некој гел за чистење на лицето исто од Авон од Clearskin, тие помагаат многу.Другарка ми има едно што се прска по телото и брзо и се отстрани црвенилото.Пробај, но можеби ќе ти се појави уште толку црвенило.Не сакам да те заплашувам, бидејќи менувањето на производите влијае и негативно по телото.Штом веќе си се навикнала на овој и ти е добар немора да го менуваш.Како и да е, твој е изборот.
Елена, Ардеко Камуфлаж е еден од најдобрите коректори низ парфимериите, околу 350 денари е и одличен избор на нијанси имаат. Предобро покрива и навистина е траен. Друг од кој што сум јас многу задоволна ми е на Менхетн 2 во 1, одоздола има крем коректор што е многу добар исто, супер покрива, а одозгора имаш коректор во прав кој ќе ти послужи да си го фиксираш крем коректорот. Супер трајност и покривност, а и многу природно изгледаат после местата што си ги покрила, не се познаваат. Со цената мислам дека се тука некаде.
Да ве запознаам со моето идно милениче Etre Belle concealer - 600ден. го набавив од Белград преку пријателка кој им носи од оваа фирма шминки, на професионални шминкери . Кај неа го пробав, беше прекрасен, баш каков што сакав и барав, и реков да ми го нарача, па ќе видиме како ќе се покаже на долги стази
Женски ај предложете ми некој добар коректор за под очи. Огромни темни кругови имам и неможам да ги скријам убаво. Секогаш ги имам, спиела или не. Многу ми сметаат. Читнав во темата Темни кругови околу очите и го фалат рол-онот од Гарниер со кофеин што е, ама пуст бил неможам да го најдам нигде. Помош ве молам
Колку чини отприлика коректорот на Мислин? Го користам на Есенс оној како карминче што е, ама откако ќе ставам пудра после него многу лошо изгледа, не се изедначува, се наталожува пудрата и сето тоа изгледа како да имам лишаи. Инаку, ако немам потреба од пудра, можам да терам и само со него, супер е.
Catrice camouflage cream Jас сум опседната со коректори, па постоjано купувам. Овој коректор е еден од подобрите кои што сум ги користела воопшто во поглед на покривноста. Цената му беше околу 4$, прилично ефтин. Структурата му е приjатна, целосно покрива бубулици, црвенило итн. Единствен минус е што не издржува долго на висока температура, што мене не ми одговара никако. Почнува да се "топи" после некои два саати. На ладно време мислам дека ќе издржи подолго, ама за тоа ќе пишам кога ќе дојде зиме.
^ И јас го имам коректоров на Есенс. Одличен е за парите, убаво покрива и се држи неколку саати на многу топло време.
Го немав користено досега а многу ми го фалеа и затоа го нарачав и задоволна сум, прекрива, но не да речеш нешто ептен да прекрие па ништо да не се познава.Колку пари толку музика
ми треба покривен коректор ептен зашто имам како лузнички по лицето ми кажаа оној на Артдеко камуфлажерот дека е добар, освен него некој друг ? Го има ли во Космо овој на артдеко? и коректор се зимаше една боја посветла така?