Го има во Космо и е 380 денари. Исто и Пан стикот на Макс Фактор е многу покривен, но мислам дека е малку потежок за овој период.
нема никаде светли бројчиња останато ни во Космо ни во Шатци, наводно немало од дистрибутерите, ако случајно некој негде види бројче 15 нека ме извести само тоа ми одговара од пробаните тестери
Имам користено коректор од тој за сушење на бубулици,ми помогна,ама не можам да се сетам како се вика.
Го има сеуште кај нас овој на Гош? Едно време го користев мислам дека од ДМ го земав за некои си 200 денари а одличен беше. Сега брзо не сум го видела некаде. Ако го види некоја нека ме извести каде. Еве за кој коректор станува збор
Пудра за лице Ми тρеба κоρеκтоρ за аκни, неκој што добρо пρиκρива. За тие што κоρистат, κој κоρеκтоρ би ми го пρепоρачале?
Пудра за лице И јас имам акни и го користам овој на авон и задоволна сум мислам дека е околу 140 денари.
Пудра за лице ProudDirectioner69 jaс со години го користам на есенс коверстик и сум презадоволна. Не сум баш задоволна од тој на голден роуз и балеа. Инаку имаш друга тема за коректори.
Пудра за лице Јас би ти го препорачала овој коректор на Лавера. На природна база е, содржи ментол и цинк кој ги суши и лечи акните затоа што акните треба да исчезнат, а не само да се тапкаат со слоеви пудри и коректори. Така само можеш да ја влошиш состојбата и повторно и повеќе да ти се појавуваат. Коректоров солидно покрива, голем плус е што е направен од природни состојки, нема хемикалии, парабени и слично. Цената му е околу 500 денари, го имаш во Космо и во поголемите аптеки на Зегин. Од едната страна си нанесуваш од белата течност, а потоа кога ќе упие покриваш со коректорот.
http://images-its.chemistdirect.co.uk/M ... =SIG1&q=75 Јас овој го користам задоволна сум 100ден го земав
Темните кругови излечи ги со креми и облоги па после нема да имаш потреба за покривање. Имаш креми за околу очи против темни кругови ни дрогерииве и аптекиве, а можеш и дома сама да почнеш со некои облоги. Јас имам читано дека од зелен чај облогите се корисни за оваа работа поради кофеинот што го содржи зелениот чај, се што е на база на кофеин помага. Свари си зелен чај, натопи памукчиња кога ќе се олади убаво и нанеси на очите, нека стои пола саат-саат. Имаше со повеќе работи да се прават вакви облоги ама неможам да се сетам сега. Инаку на форумов доста го фалеа на Балеа серумот против темни кругови, во ДМ го имаш, цена незнам... Подобро излечи ги одколку само да ги покриваш, а да си остануваат.
Го користам овој на Макс фактор и сум презадоволна од покривноста и трајноста, а и ептем бавно се троши околку 300 и нешто ден е. Сакам да пробам течен коректор ми треба за покривање на црвенило некоја препорака?
^ Пробај го обавезно на Мaybelline течниот коректор, јас сум презадоволна од него, покривен е доста. За црвенила е идеален у секој случај. Околу 300 и некој денар е, и имаш солиден избор на нијанси. Коа сме кај течните коректори, ич, ама ич, не сум задоволна од тие на Севентин и Менхетен, два пати по ред ми ги подметнуваат и два пати се зезнувам. Вода, нула, зиро!
Девојки ајде препорачајте ми добар коректор за под очи, да се добие тој убав светол тен само на тој дел, и со добра покривност да е. Ако може и цена да напишете. Сакав да ве прашам дали имате слушнато за Тренди фирмата, јас имам еден кармин од таа фирма и ми е ептен погоден, и баш вчера го гледав и коректорот, па се мислам дали тој да го земам, 200 денари е, или па некој друг.
Јас имам слушнато за Тренди фирмата и доста ја фалат демек била добра фирма Имам другарка што користи пудра од оваа фирма и е ептен задоволна,буквално се покрива Инаку за коректор за под очи мене овај ми го препорача демек бил најдобар за под очи и совршено сокривал дури и темни кругови цената му е некаде околу 350 денари. Ама јас бидејќи неможам да го најдам во градов каде што живеам,сеуште сум по потрага на коректор. Некои ги фалат на Голден Роуз демек биле добри ама од тие новите Сакав да земам јас од тој на Ессенс што во паковањето не како кармин она класичен,туку тој другиот. Ама не ми се бендиса бидејќи многу некако на розово ми удираше,за луѓе што имаат розов подтон мислам дека таман би бил И ајде сега јас да прашам,значи исто препорачајте ми и мене добар коректор само да не е овој на Артдеко оти неможам да го најдам,за прекривање на темни кругови ми е. Доста сум светла,така да би била уште посреќна ако најдам некој таков. Се мислам за некој од Авон или Орифејлм ама што знам? Совет?
Како што кажа Ана- Банана артдеко е одличен коректор, но не е секојдневен. Многу е тежок за било која кожа така да е препорачливо да се користи само за специјални прилики. Исто така можете за секој ден да го користите и тој на Катриц.
Луѓе значи имам подочњаци до под нос ако може некоја да ми предложи добар коректор со што ќе ги прекријам?