И течниот се собира по очите и воопшто не покрива туку едноставно се суши. Сум имала такви милион и исто ти е. Ако сакате прави линии, чаре фотошоп.
Значи дека се уште не си го погодила тој што ќе ти одговара на твојата кожа и твоите потреби. Овој камуфлажот го користам уште од април или мај, дури пишував на темава баш мое мислење за него и не бев нешто многу задоволна со оглед на тоа што ми се собираше под очите, ми се растекуваше на делови од лицето после 2 саати откако ќе го нанесев, но откако прочитав повеќе за разни типови на коректори и кој за што служи, сега камуфлажот не ми се растекува, но под очите користам Artdeco perfect teint concealer и ми дава беспрекорен резултат и одлична покривност. На моето лице трае преку цел ден, додека не ја извадам шминката.
Од течен имав од Фармаси, и се собираше под очите. Убав беше коректорот но, не траеше. Јас прв пат слушам дека ти се растекувал, сигурно имаш мрсна кожа. Јас имам комбинирана со масна т-зона и јас немам проблем со камуфлажните коректори. Јас го имам на артдеко камуфлажниот и немам таков проблем, плус цела вечер да сум со него нема да ми се растече. Во тоа сум сигурна!
Комбинирана кожа, нормална со мрсна т-зона имам. Кај мене проблемот е што живеам во регион каде преку цела година е многу топло, па најверојатно поради тоа и се растекувал. Сега сменив рутина на нанесување на крема, пудра и останато, па мислам дека поради тоа камуфлажот почна да се држи подолго. Како и да е, ако ти треба убав коректор за под очи, а имаш комбинирана кожа, пробај го овој на Artdeco, штом кај мене на топлово држи по цел ден и кај тебе ќе издржи.
Ами чекај кај нас е ладно сега, се смрзнувам. Па можно е. Незнам јас го имав тој само убаво мирисаше, па не го сметав за вечерен коректор. А да не му знаеш цена?
Кај нас го земав за 11 или 12$, ама во Скопје би требало да е поефтин, обчино се` е поефтино. Внатре во кутијата имаш и упатство за употреба, се размачкува со тапкање и исклучиво со прсти, најдобар ефект се добива така. Јас одозгоре со бјути блендер ставам и камена пудра на сите места каде што сум ставила коректор, помага да стои подолго време плус изгледа ептен чисто и средено.
Никаде без камена пудра, иначе ќе изгледаме како свежо вајосани. Ќе видам дали го има и тука, мада јас се наполнив со коректори. Па здравје, друга прилика ќе го пробам и овој.
Не е поефтин, околу 600-700 денари го купив последен пат, ама тоа беше лани. Одличен е и за сува кожа. Мене совршено ми одговараше, убаво што го спомна да си го земам пак. Супер покрива и еден од ретките кои не ми се собираа под очите.
Јас на Цатриц го нанесувам и под очите затоа и го купив, да ми ги прекрие подочњаците, и не се познаваат линии ако го размачкаш убаво.Има ли некој течен коректор со добра покривност некој да ми препорача?
Луѓе, Catrice се чита Кетрис не е ни Катриц, а најмалку Цатриц исто како што Venice е Венис или Candy е Кенди. Ако веќе не знаете користете го името во оригинал. Just sayin'
Доколку тоj на Catrice ти одговара и не ти ги истакнува линиите под очите, не го менуваj, за тие пари е одличен. Ама доколку сакаш да испробаш нов, пробаj го на Artdeco, Perfect taint concealer. Како што можеш да прочиташ погоре, одговара и на мрсна и на сува кожа.
Oниe коректорите на Евелин каде го наоѓате? Мислам на овие: Јас нигде ги немам забележано, ниту пак оние прозводите од Ингрид.
Ги има, ама јас не сум воопшто задоволна од нив. Слаба покривност. Читам голем дел го фалите Кетрис, па во план ми е да го земам деновиве. Каде го има со сигурност за да не шетам многу?